Згрижени семејствата од Кичево чиишто домови беа поплавени 


Министерството за труд и социјална политика, Центарот за социјална работа Кичево и Црвениот крст на Република Македонија денеска заедно се на терен и во обиколка на поплавените населени места во Кичево. 

Поплавени се куќи во т.н Прилепска населба во Кичево. Во моментов ЦСР Кичево прави увид на сите поплавени куќи и иако првичната бројка беше дека станува збор за 70-тина куќи, од увидот се констатира дека бројката ќе биде над 100-тина поплавени куќи. По завршениот увид ЦСР Кичево ќе излезе со конечна и официјална бројка на поплавени.  
50-тина семејства се сместени во спортската сала Ивандол каде што ќе им се обезбеди се што им потребно. До сега се доделени 75 пакети храна,  75 хигиенски пакети, 100 душеци, 500 ќебиња и 100 пара обувки.

МТСП, ЦСР Кичево и Црвениот крст на Република Македонија ќе ја следат состојбата и ќе ја даваат потребната помош и поддршка на граѓаните.