"Подари книга"

„ПОДАРИ КНИГА“ е проект наменет за граѓаните во социјален ризик и за лица со ниски примања. Основната идеја на проектот е секој оној којшто  има можност да подари книга, истата да ја достави во некоја од филијалите на  Македонска пошта, Центрите за социјална работа или во детските градинки. Книгите коишто ќе ги донираат граѓаните, фирмите и институциите ќе бидат ставени на располагање и  во корист на децата без родители и родителска грижа, на згрижувачките семејства, на  сите членови од семејствата во социјален ризик, на материјално необезбедените граѓани и сите оние кои не можат да си дозволат нова книга.

Целосен список на донираните книгите кој редовно ќе се ажурира,  ќе се објави на веб страната на Министерството за труд и социјална политика. Тој список ќе биде достапен на сите заинтересирани граѓани кои се евидентирани во системот на социјална и детска заштита, а коишто имаат потреба од одреден наслов. Овие лица ќе можат да се пријават како баратели на книги во триесетте Центри за социјална работа. Задолжени лица во министерството по претходно добиени податоци од Центрите ќе вршат  поврзување на донацијата со барателот кој има потреба од неа. Потоа, Македонска пошта ќе врши бесплатна достава на  книгата до барателот. Оваа услуга ќе се врши по принципот “КОЈ ПРВ ЌЕ СЕ ЈАВИ, ТОЈ ПРВ ЌЕ БИДЕ УСЛУЖЕН”.

Донирани книги

Книги за деца

Книги за возрасни

"Подари книга" во медиумите


Македонските писатели ќе подаруваат книги за социјално загрозените семејства 

Донирајте стара и купете нова книга со попуст- Матица се приклучи кон проектот на МТСП

Во рамки на „Подари книга“ во охридскиот Центар за социјална работа донирани 100 книги

Клуб на читатели „Матица“ и „Просветно дело“ ја поддржаа акцијата на МТСП „Подари книга“

Друштвото на писателите на Македонија донираше книги за социјално ранливите категории

Подари книга: Донација книги за децата од домот „11 Октомври“

Акција „Подари книга“: Министерството за труд и социјална политика донираше книги во Домот за стари лица во Сопиште

МТСП ја продолжува силната грижа за дечињата без родители

Акцијата „Подари книга“ продолжува- МТСП донираше во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }