Проект “Поддршка на институциите кои имплементираат политики релевантни за заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија–ИПА ТАИБ компонента–НП 2010”

 

Во периодот 2015  – 2016 година ќе се спроведува проектот “Поддршка на институциите кои имплементираат политики релевантни за заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија– ИПА ТАИБ компонента–НП 2010” чија што цел е обезбедување на техничка помош на главните институции кои имплементираат политики за едниците кои не претставуваат мнозинство во Македонија.

Проектот содржи две компоненти:

Компонента 1: Поддршка на капацитетите и координација на институциите надлежни за немнозинските заедници:

  • Активност 1: Поддршка на Секретаријатот за имплементација Охридскиот рамковен договор;
  • Активност 2: Поддршка за имплементација на Стратегијата за Роми;
  • Активност 3: Поддршка на Агенцијата за заштита на малцинствата кои се претставени помалку од 20% од населението;
  • Активност 4: Воспоставување ефикасна координација и механизми за соработка помеѓу државните тела одговорни за подобрување во однос на немнозинските етнички заедници;.
Компонента 2: Поддршка на мерките за антидискриминација на база на етничка основа.

Буџетот за овој проект изнесува 1.800.000 ЕУР.