Партиципација 

Во зависност од материјалната состојба на семејството се обезбедува партиципација во трошоците за згрижување и воспитание и одмор и рекреација на деца во јавна установа за деца.

Правото на партиципација во трошоците за згрижување и воспитание и одмор и рекреација на деца во јавна установа за деца се остварува за дете на кое материјалната состојба на семејството е нарушена  поради  претрпена природна непогода (пожар, поплава, земјотрес и друго), која партиципација се обезбедува во цената на услугата по дете што ја плаќа родителот, и се обезбедува од Буџетот на Република Северна Македонија. 

Партиципацијата e ослободување на дел од  цената што паѓа на товар на родителот во трошоците за згрижување, воспитание, одмор и рекреација на децата во јавните установи за деца. 

1. Правото на партиципација се остварува за дете на кое материјалната состојба на семејството е нарушена  поради  претрпена природна непогода (пожар, поплава, земјотрес и друго).

Висината на партиципацијата се утврдува за секој случај наведен и не може да  изнесува помалку од 30%  но не повеќе од 100% од цената што паѓа на товар на родителот по дете, за трошоците за згрижување, воспитание, одмор и рекреација на децата во јавните установи за деца. 

Висината на партиципацијата се утврдува  во зависност од настанатата состојба.

Подносителот на барање – родител/старател за остварување на правото на партиципација од точката 1.,  приложува:

  •  
    • лична карта на подносителот на барањето  на увид,
    • препис од извод на матична книга на родени на детето;
    • потврда од Центарот за социјална работа дека настапиле случаите на претрпена природна непогода (пожар, поплава, земјотрес и друго)  поради кои е нарушена материјалната состојба на семејството .

Правото на партиципација за дете кое е згрижено во јавна установа за деца не може да се остварува подолго од шест месеци.

По престанување на условите, поради кои е остварено правото, од страна на Центарот за социјална работа се известува јавната установа за деца  дека престанале причините за остварување на правото.

Правото на партиципација престанува наредниот месец од месецот во кој престанале причините, а по санирање на последиците од  претрпена природна непогода (поради која е остварено), правото може да престане и пред истекот на утврдениот период.

2.Правото на партиципација во трошоците за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст  се обезбедува  за самохрани родители кои се корисници на гарантирана минимална помош чии деца се згрижени во јавна установа за деца – детска градинка.

Родителот на детето за кое се остварува правото на партиципација во трошоците за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст  треба да е државјанин на Република Северна Македонија со постојано место на живеење од најмалку 12 месеци непрекинато на територија на Република Северна Македонија, до денот на поднесување на барањето.

 Висината на правото на патиципација  во трошоците за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст  е еднаква на цената на услугата во јавната установа за деца  што ја плаќа родителот.

Партиципацијата во трошоците за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст  се обезбедува од Буџетот на општината и општината на градот Скопје на чие подрачје е седиштето на установата.

Барањето за остварување на правото на  партиципација во трошоците за згрижување на дете во јавна установа за деца се поднесува  до јавната установа во која детето  престојува, односно во која детето е згрижено (со назнака за Комисија за прием на деца).

Од страна на јавната установа за деца –детската градинка, најдоцна 30 дена од денот на поднесување на барањето со потребната документација, се донесува решение за остварување на  право на  партиципација.