Проект “Правна помош за ромската заедница”

Проектот “Правна помош за ромската заедница” Министерството за труд и социјална политика и набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје го спроведуват од 2011 година со цел да даваат бесплатна правна помош, совети и упатувања на лицата од ромската заедница во Република Македонија.

Во рамките на проектот отворени се мобилни правни канцеларии коишто функционираат и се сместени во невладини ромски организации во Скопје, Штип, Делчево, Кочани, Виница, Тетово и Гостивар. Во Градот Скопје канцелариите се отворени  во населбите со поголема концентрација на ромско население: Шуто Оризари, Топанско Поле и Злокуќани.

Со поддршка од ОБСЕ, ангажирани се тројца правни советници, коишто даваат бесплатна правна помош за заедницата преку мобилните канцеларии. Во рамките на проектот, ангажирани се и 4 асистенти – волонтери  поддржани од министерството,  двајца за Скопје и двајца за Гостивар и Тетово. Од Буџетот на министерството на годишно ниво за овој проект се издвојуваат 212.200 МКД.

Досега  во правните канцеларии за правна помош, совети и упатувања се имаат обратено околу 600 лица Роми.