Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци-скратена постапка
Министерството за труд и социјална политика подготви Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднaтите борци.
Во подготовката на Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднaтите борци консултирани се: Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за финансии и Секретаријатот за законодавство.
Министерството за труд и социјална политика ги известува сите засегнати страни (бизнис-заедницата, невладини организации, здруженија и фондации, физички и правни лица кои на каков било начин можат да бидат засегнати од имплементацијата на предлог-законот што се изготвува) дека можат да ја преземат електронската верзија на Предлог-законот и обрасците за Процена на влијанието на регулативата (ПВР) на следниве локации:
Истовремено, Ве известуваме дека Вашите коментари, мислења и сугестии можете да ги доставите на следниот ОБРАЗЕЦ најдоцна до 9.7. 2013 година на следнава адреса:
Министерство за труд и социјална политика,
ул. Даме Груев бр.14,
1000 Скопје.
Одговорни лица со кои што можете да контактирате во врска со Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднaтите борци се: Директорот на Управата за прашања на борците и воените инвалиди, Бранко Јаневски: mailto:upbvi@mtsp.gov.mk и Виолета Спировска, соработник за боречко инвалидска заштита: VSpirovska@mtsp.gov.mk, односно на тел: 02/ 3114 660 и 02/ 3113 696.