Инклузија

Неодамнешните иницијативи означуваат промена од традиционалниот пасивен во активен пристап на инклузивната социјална заштита. Двојната стратегија во моментот се воведува во Министертвото за труд и социјална политика, со цел да ги комбинира традиционалните гаранции за финансиска помош со мерките на активација за да се намали зависноста од социјалната заштита и да се зголеми вработеноста. Движењата за социјална работа се промовираат со новиот Закон за социјална заштита преку скратување на рокот за пријавување и намалување на сумата по 48 месеци.

Од друга страна, развојот на активните политики уште повеќе се нагласува преку следниве приоритети на политиките:

  • Учество на социјално ранливи лица во општествениот и економскиот живот;
  • Градење чове~ки цапитал и зголемување на потенцијалот за вработување преку програми за обука на сиромашните категории;
  • Слабо поврзување со минималната социјална заштита преку финансиски одржливи примања и подобра оценка на социјалната ранливост и спречување измами.


Цели на политиките за социјална инклузија:

  • Интегрирање во целокупен, стабилен и долгорочен систем на социјална заштита,
  • Унапредување на квалитетот на социјална заштита и помагање на социјално исклучените лица,
  • Социјално и функционално вклучување во заедницата - демаргинализација и дестигматизација на социјално исклучените лица,

Активно учество во креирање на законодавството и промените кои се однесуваат на популацијата социјално исклучени лица:

  • Активно учество и влијание во одлучувањето во мултисекторски комисии,
  • Формирање на експертски тим од вработените во Заводот за социјални дејности, Центрите за социјална работа и професионалци од соодветни области од други институции,
  • Формирање на експертски тим од вработените во Министерството за труд и социјална политика, Центрите за социјална работа, Заводот за социјални дејности и соодветните академски институции,
  • Систем на информирање и дисеменација на информации.
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }