Плурализација

Плурализација во давањето услуги од социјална заштита {то ќе значи дека покрај државата која е основен носител на социјалната заштита, во социјалната заштита да се вклучат и други носители: приватни правни лица, физички лица и здруженија на граѓани, односно невладиниот сектор.

 Со новата законска регулативе се врши нормирање, здружениета на граѓани и физичките лица да можат да вршат одредени работи од социјална заштита, пропишани се услови, начин и постапка за нивно вклучување, додека за вклучување на приватните правни лица се подобруваат постојните законски решенија. За постојните правни лица кои вршат дејност од социјална заштита згрижување на стари лица, им се дава можност во рок од 6 месеци да ги усогласат своите акти, организација и работење согласно со одредбите на законот, а во спротивно министерот за труд и социјална политика ќе донесе решение за престанок со работа на овие правни лица.

Вклучувањето на овие носители во давањето на услуги од социјална заштита ќе значи:

  • развој на вонистутиционалните облици на социјалната заштита - односно проширување на видот на услугите;
  • подобра социјална заштита за сите категории на социјално исклучени лица, особено за оние за кои државата не успеала да обезбеди соодветна заштита;
  • поголема достапност до сите социјално загрозени поединци, семејства и групи на население;
  • приближување на социјалните услуги до граѓаните и вклучување на семејната и граѓанската подршка во социјалната заштита;
  • воведување на конкурентност и подобрување на квалитетот на услугите;


За да може да се имплементира плурализацијата во социјалната заштита, центрите за социјална работа од своја страна треба да остварат соработка со здруженијата на граѓани и со физичките лица во реализацијата на доверените работи од социјалната заштита и при тоа со решение, Центарот може да ги упати граѓаните да користат некои од формите на вонинституционална заштита кои ќе бидат извршувани од страна на здруженијата на граѓани и физичките лица.


Новата законска рамка е клучна при обезбедувањето на легитимно дејствување на приватните социјални установи во стабилна и организирана околина, како и со цел да се заштитат интересите на корисниците и да се почитуваат стандардите во квалитетот и еднаквоста на пристапот. Оваа рамка ќе служи како институционална основа за воведувањето на механизмите за контрола и за процена на воспоставување стандарди во квалитетот, на регистрационите процедури и типологијата за оперативни правила итн.

 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }