За Проектот „Од  дете за дете“

Проектот „Од  дете за дете“ е хуманитарен проект на Министерството за труд и социјална политика, јавните установи за  деца-детските градинки и центрите за социјална работа, кој е во насока на обезбедување на облека, играчки и друга детска и бебешка опрема која ќе биде наменета за дечињата сместени во установите низ Републиката, децата од ранливите категории и децата без родители и родителска грижа.


Сакате да донирате

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да донираат  може да се јават на бесплатниот телефонски број 15505, бесплатната email адреса за донација oddetezadete@mtsp.gov.mk или да се обратат до најблискиот Центар за социјална работа во нивната Општина.