Проект со МТМ (Making the most of EU funds for Roma)

Во рамките на овој проект кој се одвиваше од април 2013 до март 2014 година со донација од МТМ во висина од 61.116 УСД се направи подготовка на Оперативни планови за Ромската декада од сите приоритетни области за 2013 година, ревизија и редизајнирање на стратегијата за Роми согласно со насоките на ЕУ 2020, реструктуирање на Националното координативно тело и фомирање на оперативни групи во рамки на ресорните министерства.

Исто така, се работеше на градење на капацитетите на Одделението за имплементација на Стратегијата и Декадата на Ромите, како и градење на капацитетите на Националното координативно тело и оперативните групи во рамки на министерствата за подготовка на проектни фишеа.