Проект за самовработување со кредитирање


Цел на Проектот е на заинтересираните невработени лица, активни баратели на работа коишто сакаат да започнат сопствен бизнис да им се овозможи поволен кредит со што ќе се отворат нови работни места и ќе се самовработат во областа на земјоделството, трговијата, преработувачката индустрија, градежништвото, услужните дејности итн.

Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните:

  • За дејности од помал обем за секое ново отворено работно место предвидено е по 3.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 3 работни места, односно до 9.000 евра,
  • За дејности од поголем обем за кредитобарателот се одобруваат по 5.000 евра, а за секое ново отворено работно место по 3.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места, односно до 17.000 евра,
  • Дополнителни стимулативни средства до 1.000 евра во форма на кредит се одобруваат за лица кои се невработени по основ на технолошки вишок, стечај или ликвидација што имаат користено паричен надоместок најмалку 6 месеци и се невработени повеќе од 3 години,
  • Рок на враќање на средствата е 3 години со вклучен грејс период од 1 година за кредит до 9.000 евра, односно 5 години со вклучен грејс период од 1 година за кредит над 9.000 евра,
  • Каматна стапка од 1% на годишно ниво,
  • Сопствено учество од корисникот на кредитот од најмалку 25% од износот на бараниот кредит (во вид на опрема, предмети и/или пари) 
  • Гаранција за поврат на средствата со хипотека во однос 1:1 со одобрениот кредит, или сопствена меница авалирана од најмалку еден авалист за кој правата и обврските по однос на истата се уредени со менична изјава дадена во форма на нотарски акт и со извршна клаузула или рачен залог во однос 1:2 во износ на одобрениот кредит.

 

Проект за самовработување со кредитирање за млади лица до 29 години

 

Цел на Проектот е на заинтересираните невработени лица до 29 години, активни братели на работа, коишто сакаат да да започнат сопствен бизнис, да им се овозможи поволен кредит со што ќе се отворат нови работни места и ќе се самовработат во областа на земјоделството, трговијата, преработувачката индустрија, градежништвото, услужните дејности итн.

Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните:

  • за кредитобарателот по 7.000 евра, а за секое новоотворено работно место дополнителни 1.000 евра на основниот износ од 3.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места, односно до 23.000 евра,
  • Рок на враќање на средствата е 7 години (84 месеци) односно период  на отплата 66 месеци (5,5 години) и  грејс период од 18 месеци (1,5 години),
  • Каматна стапка од 1% на годишно ниво,
  • Сопствено учество од корисникот на кредитот од најмалку 25% од износот на   бараниот кредит (во вид на опрема, предмети и/или пари) и
  • Гаранција за поврат на средствата со хипотека во однос 1:1 со одобрениот кредит, или сопствена меница авалирана од најмалку еден авалист за кој правата и обврските по однос на истата се уредени со менична изјава дадена во форма на нотарски акт и со извршна клаузула  или рачен залог во однос 1:2 во износ на одобрениот кредит.