Проект за унапредување на социјалниот дијалог


Основна цел на проектот е зајакнување на социјалниот дијалог, со цел постигнување на економски раст и социјален развој. Социјалниот дијалог ќе биде разгледуван од три аспекти и ќе се работи на постигнување на неколку специфични цели, и тоа:

  • Зголемен институционален капацитет на социјалните партнери, вклучени во трипартитниот и бипартитниот социјален дијалог, и обезбедување одржливост, ефикасност и функционалност на истиот,
  • Зајакнување на социјалните партнери на национално, гранково и локално ниво, вклучувајќи и ефективен механизам за колективно договарање,
  • Воспоставување на оперативни механизми како и обучени арбитри и помирувачи за  мирно решавање на работни спорови. 

Преку имплементација на активностите на проектот ќе се постигне: подобрување на капацитетот на институциите и унапредување на законодавството, како и зајакнување на капацитетите на трипартитните актери на пазарот на трудот, за ефективно вклучување во социјален дијалог.

Проектот има сеопфатен пристап и се состои од три меѓусебно поврзани компоненти, кои треба да одговорат на предизвиците со кои, во моментот, се соочуваат националните трипартитни актери, на кохерентен и комплементарен начин. Трите компоненти се: 

  • Зајакнување на социјалниот дијалог на национално и локално ниво,
  • Поттикнување на колективното договарање и воспоставување инфраструктура за колективно договарање на ниво на сектор, 
  • Воспоставување на механизам за мирно решавање на работни спорови.