Постапка и услови за згрижувачко семејство 


Правото на сместување во згрижувачко семејство, се остварува за лица кои немаат услови за живот во своето семејство или од други причини им е потребно сместување во згрижувачко семејство. Обликот на заштита на деца без родители и родителска грижа преку сместување во згрижувачки семејства е најсоодветен облик на заштита на децата  бидејќи се овозможува нивен правилен психо-социјален  развој во услови најблиски на семејното опкружување.

Согласно со одредбите на Законот за социјална заштита право на сместување во згрижувачко семејство се обезбедува на:
  • дете без родители и дете без родителска грижа до оспособувањето за самостоен живот и работа, а најдоцна до завршување на средно образование, односно шест месеци по завршување на средното образование, ако не постојат можности згрижувањето и воспитанието да се обезбеди на друг начин; 
  • дете со воспитно-социјални проблеми (злоставувано, занемарено и социјално необезбедено дете) и дете жртва на семејно насилство; 
  • малолетен сторител  на кривично дело или прекршок и 
  • лице со умерени и тешки пречки во менталниот развој,  лице со длабоки пречки во менталниот развој и лице со трајна телесна попреченост на кое му е потребно трајно згрижување и нега.

Центарот за социјална работа е орган за старателство и орган со јавни овластувања кој е единствено надлежен за вршење на работите од областа на старателство. Центарот за социјална работа одлучува дали и кога одредено дете ќе се стави под старателство, одлучува за назначување на старателот и кој облик на заштита ќе се примени, поаѓајќи од најдобриот интерес на детето, заради обезбедување на неговата благосостојба. 

При изборот на згрижувачко семејство, центарот за социјална работа, се раководи од индивидуалните потреби на детето и неговата возраст, здравствените и моралните подобности на семејството, степенот на образованието, материјалните и станбените услови на семејството, како и од можностите на семејството за згрижување на деца. 

Законот за социјална заштита дава право на надоместок на трошоците за сместување на детето и надоместок за згрижување.                                                                                                                  
Центарот за социјална работа склучува договор со еден член на згрижувачкото семејството, со кој се уредува:
  • начинот и условите за сместување и престанок на сместување на детето во семејството;
  • видот и обемот на социјалната заштита која му се обезбедува на детето што се сместува во згрижувачкото семејство;
  • висината на надоместокот за сместеното дете, која ги опфаќа трошоците на сместување и надоместок за згрижување;
  • времетраењето на договорот со можност за негово продолжување;
  • услови за раскинување на договорот;
  • отказниот рок за раскинување на договорот, кој за згрижувачкото семејство не може да биде пократок од три месеци;
  • случаите при кои престанува да важи договорот и
  • други права, обврски и одговорности. 

Центарот може еднострано да го раскине договорот и пред истекот на рокот утврден во договорот,  секогаш кога тоа го бараат интересите на детето кое се сместува во згрижувачкото семејство. Згрижувачкото семејство е должно да постапува по дадените насоки од центарот за социјална работа за згрижување на сместеното дете и навреме да го известува центарот за сите промени и за потребите на згриженото дете.  Центарот може да смести во едно згрижувачко семејство најмногу пет деца, имајќи ги предвид условите и можностите за сместување на семејството. 
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }