Поволности за згрижувачките семејства  

Згрижувачкото семејство добива месечен надоместок за трошоците за сместеното дете и надоместок за згрижување.

Надоместокот за трошоците за сместеното дете изнесува 5.000 денари, а надоместокот за згрижување изнесува 1.500 денари.

Надоместокот за трошоците за сместување  на дете без родители и родителска грижа и дете со воспитно-социјални проблеми на училишна возраст се зголемува за 500 денари. За истиот износ се зголемува и надоместокот за згрижување.  

Надоместок  за трошоците за сместување на  дете со нарушено општествено поведение, лице со умерени и тешки пречки во менталниот развој и лице упатено на оспособување за работно-производна активност, лице со најтешки пречки во менталниот развој, лице со трајна телесна попреченост, старо лице,  возрасно лице со телесна попреченост, како и возрасно лице со пречки во менталниот развој, се зголемува за 1.000  денари. За истиот износ се зголемува и  надоместокот за згрижување.   

Законот за социјална заштита дава можност за  интервентно сместување на дете во згрижувачко семејство. За вакво сместување Центарот склучува договор со определено згрижувачко семејство. Интервентното сместување трае се додека стручниот тим во центарот не донесе одлука за обликот на заштита на детето, но не подолго од 30 дена. Ова згрижувачкото семејство добива месечен паушал во висина од 2.000  денари, а надоместокот за трошоците за сместеното дете и надоместокот за згрижување, се пресметува во зависност од времетраењето на сместувањето. 

Право на парична помош за згрижувач има згрижувач, кој згрижувал лице во своето семејство најмалку пет години, по наполнување на 62 годишна возраст, кој е невработен и не користи право на пензија по било која основа. Висината на паричната помош за згрижувачот изнесува 8.000 денари, усогласена со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }