Проект за зголемување на бројот на згрижувачките семејства во Република Македонија
Министерството за труд и социјална политика во насока на подигнување на бројот на згрижувачките семејства со особен приоритет на тоа дека секое дете треба да ги ужива сите права согласно со потпишаните меѓународни конвенции и постоечката законска регулатива, како и тоа дека потребно е на сите деца без исклучок да им се обезбеди средина најблиска до семејната, започна со спроведување на Проектот за зголемување на бројот на згрижувачките семејства во Република Македонија, во чии што рамки се спроведува и кампањата ,,На секое дете му е потребно семејство,,.
Актуелна состојба во Република Македонија
Во Република Македонија регистрирани се вкупно 180 згрижувачки семејства во кои се сместени 288 деца без родители и родителска грижа што укажува на фактот дека сеуште не е доволно развиена оваа вонинституционална форма на заштита на деца.
Каде да се обратите?
-на телефонскиот број 15 505
-лично во Центрите за социјална работа и
-на е-маил: zgrizuvanje@mtsp.gov.mk