ПРОГРЕС: Модернизација на политиките за вработување и социјалните политики

Потпрограмата Прогрес со која директно управува Европската комисија е главниот инструмент за унапредување на реформите во политиките за вработување и социјалните политики. Целта на оваа програма е да придонесе кон спроведување на стратегијата Европа 2020, вклучувајќи ги нејзините главни цели, интегрирани насоки и клучните иницијативи. Програмата ќе продолжи да ги поддржува политиките на ЕУ на три подрачја: поттикнување на висок квалитет и одржливост на вработувањето; гарантирање на соодветна и пристојна социјална заштита и борба против социјалното исклучување и сиромаштијата; подобрување на условите за работа. Средствата се распределени на следниов начин:

  •      вработување, посебно борба против невработеноста на младите: мин. 20%;
  •      социјална заштита, социјално вклучување и намалување и спречување на сиромаштијата: мин. 50%;
  •      услови за работа: мин. 10%

Конкретни цели

Во периодот 2014 – 2020, по однос на вработувањето, социјалната заштита и условите за работа, Прогрес и понатаму ќе развива и десиминира компаративни анализи во ЕУ; ќе поддржува споделување на информации, меѓусебно учење и дијалог; финансиски ќе им помага на земјите учеснички во ЕаСи во развојот на политиките и спроведување на законите на ЕУ. Новата програма, исто така ќе дава финансиска поддршка на невладините организации, пред сѐ за унапредување на социјалното вклучување и намалување на сиромаштијата.

Повеќе за конкретните цели тука.

Активности што се финансираат преку Прогрес

Аналитички

Фактите прибрани преку Прогрес ги користи Европската комисија и помагаат да се поттикне дијалогот во сите фази на креирањето на политики.

На пример:

Прогрес  ѝ помага на Европската комисија да обезбеди точна и ефикасна примена на правото на Унијата во земјите членки преку редовно следење. Прогрес го поддржува развојот и измените на легислативата, посебно во однос на безбедноста и здравјето при работа.

Взаемно учење, подигање на свеста и дисеминација

  •     Прогрес поддржува партнерска проверка на политиките на социјална заштита и социјално вклучување во разни држави членки на ЕУ за да се овозможи взаемно учење, пренесување на политиките и заедничко разбирање на целите на политиките на ЕУ во овие подрачја
  •     Размена на добри пракси и искуства

Други активности

Прогрес обезбедува поддршка на 30 мрежи на НВО во ЕУ, активни на полето на недискриминација, рамноправност на половите и социјално вклучување/социјална заштита. Тие се извор на информации за носителите на политики во ЕУ и на национално ниво. Со финансиска поддршка на поголемите мрежи, Прогрес даде придонес во комуникацијата на клучните идеи и стратегии, пр. Европската година за активно стареење, Платформата за борба против сиромаштијата и социјалната исклученост.

Поддршката на слични активности ќе продолжи и во наредниот период.

 

Експериментирање во социјалната политика

Потпрограмата Прогрес ќе ја зголеми финансиската поддршка за тестирање на социјалните иновации и иновациите на подрачјето на политиките на пазарот на трудот, како и за експериментирања на пазарот на трудот. За таа цел се издвојуваат од 10 до 14 мил. евра годишно.

Програмата обезбедува поддршка во прибирањето на докази за изводливоста на иновативните решенија, кои нудат одговори на социјалните потреби, пред тие решенија да најдат широка примена во земјите учеснички, ако резултатите се покажат убедливи.

Успешните идеи може да се финансираат со средства од Европскиот Социјален Фонд и други извори (пр. ИПА). На пример, во 2012 со оваа програма се финансираа 17 пилот проекти во 11 држави членки на ЕУ. Еден од тие проекти (HOPE in Stations) доведе до воведување на „помек пристап“ од институциите спрема бездомниците на железничките станици во 7 европски градови.

Во 2015 година, општината Шуто Оризари спроведува проект за поддршка на социјалното претприемништво помеѓу Ромите што се занимаваат со рециклирање на пластика. Македонското искуство ќе биде споделено во други земји (Словенија, Бугарија, Чешка и Хрватска). Исто така, ќе се воспостави мрежа на т.н. „Зелени инкубатори“ во наведените земји, за да се поддржат заинтересираните претприемачи кои сакаат да започнат бизниси кои придонесуваат кон заштита на животната средина, а истовремено овозможуваат социјална интеграција на ранливите групи на граѓани.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }