Проект “Регионална поддршка за подобрување на капацитетите за постигнување на реален напредок во вклучување на Ромите во општеството”

Проектот “Регионална поддршка за подобрување на капацитетите за постигнување на реален напредок во вклучување на Ромите во општеството” финансиски е поддржан од Швајцарската aгенција за развој и соработка (СДЦ) којашто обезбеди 350 000 УСД и  20 000 УСД се обезбедени од УНДП. Предвидено е подобрување на социо-економската инклузија на Ромите во Македонија и детектирање на некои од клучните причини за социјалната исклученост на Ромите. Ќе се бараат и најефикасни мерки за подобрување на нивната состојба со цел зголемување на нивното вработување и вклучување во општеството.

Со проектот, во кој покрај Македонија се вклучени и уште шест земји од регионот, треба да се изврши ревизија на постоечките програми за вработување, да се најдат нови модели на активни мерки за вработување на Ромите и да се направи анализа на постигнатиот прогрес во спроведувањето на националната стратегија за интеграција на Ромите.