Акцијата “Се грижиме за топол дом” започна и во Општина Радовиш
И во Oпштина Радовиш почнаа првите донации од приватните компании и бизнис секторот за акцијата на Министертвото за труд и социјална политика “Се грижиме за топол дом” кој веќе се спроведува во Република Македонија.
Во соработка и подршка од општина Радовиш денеска беше дистрибуиран донираниот мебел од салоните за мебел Современ дом и Симпл М од Радовиш, а донациите се наменети за едно семејство од д. Липовиќ и едно семејство од Радовиш.
|