30.9.2014

Со новите законски решенија неколку кратни мерки во сузбивање на семејното насилство

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов се обрати на  регионалната работилница” „Патот за подобрена заштита на жртвите и посилен прогон на родово базираното насилство и семејно насилство”, во организација на  UNWOMEN и UNDPP.

Повеќе

29.9.2014

Зајакнување на соработката помеѓу Македонија и Австрија во делот на трудот и социјалната политика

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денеска (29 септември 2014 година), престојува во работна посета на Виена, Република Австрија. Во рамките на посетата министерот Спасов оствари средби со министерот на Сојузното министерство за труд, социјални прашања и заштита на потрошувачи  на Република Австрија  Рудолф Xундсторфер.

Повеќе

26.9.2014

Министерот Спасов во посета на Центарот за социјална работа Велес


Министерт за труд и социјална политика Диме Спасов денеска го посети Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа во Велес.

Спасов нагласи дека Министерство за труд и социјална политика, е посветено на најразлични проекти, во кој е вклучен и Велес, дел преку Агенцијата за вработување, а дел преку Центарот за социјални работи, преку Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Повеќе

25.9.2014

Промовирани 40 наслови на аудио книги за слепите лица

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, директорот на НУБ Св.Климент Охридски-Скопје, Иван Заров, директорот на Македонското радио, Ајтен Мехмети, претседателот на Градската организација на Националниот сојуз на слепи лица-Скопје, Зоран Костадиновски денес ги промовираа првите 40 наслови на аудио книги од проектот  “Зголемување на фондот на аудио книги во Одделението за слепи и слабовидни лица при НУБ "Климент Охридски.

Повеќе

20.9.2014 

“ДЕН ЗА ВАС” поголема транспарентост и информираност за правата од пензиско и инвалидско осигурување

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, ВД директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (ФПИОМ), Амет Даути и претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Булент Дервиши  го  посетија пунктот од каде што започнува новиот циклус на активности во рамките на Проектот „Ден за Вас“.

 

Повеќе

17.9.2014

Исклучително голем одѕивот на граѓаните за отпис на долговите

Заменикот на претседателот на Владата и министер за финансии, Зоран Ставрески и министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов информираа за одзивот на граѓаните за отпис на долговите. 

Повеќе

17.9.2014

Поддршка на кампањата “Почитувај ги правилата, почитувај го животот” и во детските градинки со програмата “Да ги заштитиме децата во сообраќајот”

 

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес присуствуваше на настанот организиран од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во градинката “Весели Цветови”, општина Кисела Вода во рамки на кампањата “Да ги заштитиме децата во сообраќајот”.

Преку овој проект се врши едукација на децата во градинките за основните правила во сообраќајот.

Повеќе

15.9.2014

Заменик министерот Ибрахими учествува на Регионални министерски консултации

На 15 и 16 септември 2014 година, во Женева, заменик министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими учествува на Регионалните министерски консултации на тема „Следење и одговорност за Развојната агенда за по 2015 година–регионална димензија“.

Повеќе

14.9.2014

Зголемување на интересот за згрижување деца        


Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска го посети домот на Есма Реџепова која со своето хуманитарно здружение е дел од заедничкиот проект „На секое дете му е потребно семејство“.

Повеќе

13.9.2014

Нов дом за семејството Воиновски

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, заедно со  градоначалникот на општина Зелениково, Веле Груевски и сопственикот на градежната компанија Трансмед го посетија семејството Воиновски од с. Ново Село, чија што куќа настрада од дождот.

Повеќе

12.9.2014 

Средба на министерот за труд и социјална политика и директорот на Мировен корпус 

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов оствари средба со директорот на Мировниот корпус во Македонија, Кејтлин Кори при што разговараа за продлабочување на соработката во повеќе полиња. 

Повеќе

11.9.2014

Нов проект за едукација на децата без родители и родителска грижа   

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес ги посети штитениците во Домот за деца без родители “11 Октомври”.

Повеќе

6.9.2014

Интензивна поддршка за подобар живот на пензионерите

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денеска се обрати на 19-те Републички спортски пензионерски игри во организација на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.

Повеќе

5.9.2014

Парична помош за средношколците од семејствата приматели на социјална парична помош  


Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов на конференција за медиумите информираше за продолжувањето на Програмата за условен паричен надоместок за средно образование.

Повеќе

3.9.2014 

Поддршка на Агенцијата за вработување во реализирање на мерки и услуги активни на пазарот на труд

             
Mинистерот за труд и социјална политика, Диме Спасов,  амбасадорот на Германија, Кристине Алтхаузер, раководителот на одделот за соработка-Делегацијата на Европската унија, Мартин Клауке и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски го најавија отпочнувањето на проектот „Поддршка на Агенцијата за вработување во реализирање на мерки и услуги активни на пазарот на труд“.  

Повеќе

2.9.2014

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Република Македонија и Република Естонија

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и министерот за социјална заштита на Естонија, Хелмен Кит и министерот за здравство и труд на Естонија, Урмас Крусе потпишаа Меморандум за  соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија и Министерството за социјални прашања на Република Естонија во областите на трудот, вработувањето и социјалната политика.

Повеќе

1.9.2014

Министерот Спасов во работна посета на Талин

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денеска и утре (1 и 2 септември 2014 година), престојува во работна посета на Талин, Естонија.

Повеќе