29.9.2017

Почна имплементацијата на Програмата ,,Општинско – корисна работа”

Министерката  за труд и социјална политика Мила Царовска, директорката на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Билјана Јовановска и постојаната претставничка на УНДП, Луиза Винтон се обратија на одбележувањето на почетокот на имплементацијата на Програмата ,,Општинско – корисна работа”, која е дел од ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година.

Повеќе

25.9.2017

Средба на министерката Мила Царовска со Дејвид Атебери

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска оствари средба со новиот постојан претставник на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) во Република Македонија, Дејвид Атебери.

Повеќе

25.9.2017

Работна средба за потребите на лицата со ретки болести

На иницијатива на Министерството за труд и социјална политика, денеска се одржа работна средба со претставници на здруженијата на лица со ретки болести, на која се разговараше за бројните предизвици со кои тие се соочуваат.

Повеќе

23.9.2017

Царовска на министерска конференција за стареење во Лисабон 

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска учествуваше на Четвртата министерска конференција за стареење, која се одржа во Лисабон, Португалија, во организација на  Економската комисија за Европа на Обединетите нации (UNECE).

Повеќе

21.9.2017

Советувалиште за психо-социјална помош и поддршка

Во рамки на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје работи советувалиште за психо-социјална помош и поддршка за одделна група  на корисници

Повеќе

19.9.2017

Манчевски и Царовска: нема повеќе радиодифузна такса, усвоени закон за минимална плата и финансиска поддршка за стечајците

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска објавувајќи го усвоениот закон за минимална плата рече дека од следниот месец минималната плaта во Македонија ќе изнесува 12.000 денари. За спроведување на оваа мерка, како што беше предвидено, како придобивка од ребалансот на буџетот, компаниите ќе бидат финансиски поддржани од државата за да ја исплаќаат повисоката минимална плата.

Повеќе

18.9.2017

МТСП: Прекината шестгодишната неправда врз најранливите категории-извршени две исплати на социјална парична помош и туѓа нега во септември  

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ја информираше јавноста дека во насока на остварување на заложбите за одговорно работење и враќање на парите кај граѓаните од септември 2017 година е воспоставена редовна динамика на исплата на правата за социјална парична помош и паричниот надоместок за помош и нега од друго лице, популарно наречената-туѓа нега.

Повеќе

15.9.2017

Царовска на конференција на сиромашни и социјално исклучени лица ,,Работа, колку да не е без ич’’

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се обрати на шестата национална конференција на сиромашни и социјално исклучени лица во организација на Македонската платформа против сиромаштија. Настанот со наслов: ,,Работа, колку да не е без ич’’ беше посветен на лицата кои се вработени, но сиромашни.

Повеќе

14.9.2017

Претставен ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година

Министерката  за труд и социјална политика Мила Царовска, директорката на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Билјана Јовановска и постојаната претставничка на УНДП, Луиза Винтон на конференција за медиумите информираа за усвоените измени на ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година. 

Повеќе
8.9.2017

МТСП: Исплата на права за борци и воени инвалиди

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека на 7 септември 2017 година изврши исплата на правата за борци и воени инвалиди за месец август 2017 година.

Повеќе

7.9.2017

38-ма Седница на ЕСС

Економско-социјалниот совет ја одржа 38-та седница на која се разгледуваше и дискутираше Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход. Претставници од Управата за јавни приходи ги информираа членовите на Советот за значењето и целта на измените и дополнувањата на Законот за персоналниот данок на доход.

Повеќе

6.9.2017

Царовска: “Ќе продолжам да работам на тоа Македонија да стане социјална држава, а министерството вистински граѓански сервис”

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска по повод 100 Влада ја информираше јавноста за законите, мерките и решенија на коишто се посвети во изминатиот период, а кои беа со цел да донесат реален бенефит и финансиска поддршка за повеќе категории граѓани. 

Повеќе

МТСП: Исплата на права од социјална заштита


Министерството за труд и социјална политика информира дека на 1 септември 2017 година изврши исплатата на социјалната парична помош, паричниот надоместок за помош и нега од друго лице и субвенциите за електрична енергија за месец јули 2017 година.

MPPS: Është kryer pagesa e të drejtës nga mbrojtja sociale

Ministria e Punës dhe Politikës Sociale informon se më shtator 2017 është kryer pagesa e asistencës sociale në të holla, kompensimi në të holla për ndihmë dhe përkujdesje nga person tjetër dhe subvencionet për energjinë elektrike për muajin korrik 2017.