Надлежности на Советот за социјална сигурност

Согласно став (2) на член 117-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на РМ“ бр. 160/14), Советот за социјална сигурност ги има следниве надлежности:

1) ги следи, проучува и оценува влијанието на мерките на економската и социјалната политика врз социјалната положба на корисниците на пензија;

2) ги разгледува ефектите од имплементација на законите и проектите за пензионерите и предлага мерки и активности за подобрување на стандардот на корисниците на пензија до Владата на Република Македонија;

3) дава мислења по предлози на закони од областа на социјалното осигурување и социјалната заштита и

4) дава мислења и предлози на министерот за труд и социјална политика во врска со прашања утврдени со овој закон.

Главна цел за основање на Советот за социјална сигурност е заштита и промоција на социјалните права и интереси на корисниците на пензија и преземање на мерки за унапредување на социјалната положба и интеграција и подобрување на животниот стандард на корисниците на пензија се основа Совет за социјална сигурност.

Членови на Советот за социјална сигурност
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на РМ“ бр. 160/14), а со цел заштита и промоција на социјалните права и интереси на корисниците на пензија и преземање на мерки за унапредување на социјалната положба и интеграција и подобрување на животниот стандард на корисниците на пензија се основа Совет за социјална сигурност.

Согласно став (1) на член 117-б од горенавдениот закон, членовите на Советот за социјална сигурност ги именува министерот за труд и социјална политика за време од четири години, и тоа три члена на предлог од Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија и по еден член на предлог од останатите институции. 

Во согласност со наведената одредба, за членови на Советот на социјална сигурност се именувани следните лица:

 

  • Стојанче Стефановски–Сојуз на здруженија на пензионери на Република Македонија; 
  • Станка Трајкова-Сојуз на здруженија на пензионери на Република Македонија; 
  • Бесник Поцеста-Сојуз на здруженија на пензионери на Република Македонија;
  • Ирена Ристеска–Министерство за труд и социјална политика;
  • Виктор Лазароски–Министерство за финансии;
  • Билјана Мицковска–Министерство за економија;
  • Јован Грповски–Министерство за здравство; 
  • Трајко Премчески–Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија;
  • Даниела Јовческа Ѓуровска–Фонд за здравствено осигурување на Македонија;
  • Љупка Петковска–Црвен крст на Република Македонија;
  • Елизабета Видовиќ-Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување;
  • Давор Вукадиновиќ-Акционерско друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови НЛБ Нов пензиски фонд – Скопје;
  • Јанко Тренкоски-КБ прво друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови АД Скопје и
  • Татјана Вељковиќ-Кабинет на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, М-р Владимир Пешевски.

 

Согласно став (2) на член 6 од Деловникот за работа на Советот за социјална сигурност, претседателот на Советот и заменик претседателот се избираат со мнозинство гласови од членовите на Советот за време од една година. Имено, за претседател на Советот за социјална сигурност е избран членот Ирена Ристеска, раководител на секторот за пензиско и инвалидско осигурување во Министерството за труд и социјална политика, а за заменик претседател членот Станка Трајкова, секретар на Извршниот одбор на Сојузот на здруженија на пензионери на Република Македонија.

Документи

Деловник за работа на Советот за социјална сигурност