Програма за условен паричен надоместок за средно образование

Програмата "Условен паричен надоместок за средно образование" има за цел да го подобри пристапот и квалитетот на образованието, да го зголеми бројот на ученици запишани во средното образование од домаќинства корисници на социјална парична помош, како и да го поттикне реализирањето на задолжителното средно образование во Република Македонија. На долгорочно ниво, програмата има за цел да ја зголеми вработеноста и да ја намaли сиромаштијата, како и да создаде поквалитетна работна сила.

Оваа програма ја спроведуваат Министерството за труд и социјална политика, Центрите за социјална работа, Министерството за образование и наука, средните училишта и Министерството за финансии, согласно со Прирачникот за администрирање на Програмата за условен паричен надоместок за средно образование.

Потенцијалните корисници на правото за условен паричен надоместок за средно образование се:

  •  Домаќинства корисници на социјална парична помош
  • Домаќинства корисници на социјална парична помош чие право на помош е во мирување поради ангажирање во јавна работа

а кои домаќинства

  • Не се корисници на детски додаток и
  • Имаат деца запишани во средно образование
  • Кои доколку биле корисници на програмата за условен паричен надоместок во претходната учебна година не ја повторувале учебната година. 

ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРОГРАМАТА

Процесот за аплицирање почнува на 1-ви септември и трае заклучно до 30-ти септември во тековната учебна година со назнака дека корисникот го остварува своето право на надоместок за присуство почнувајќи од  1-ви септември во тековната учебна година.

Процесот на аплицирање се врши во центрите за социјална работа.

Апликантот во соработка со социјалниот работник во центарот за социјална работа ќе го пополни формуларот за аплицирање.

Апликантот треба да ги обезбеди следниве придружни документи:

  • потврда дека ученикот е запишан во средно училиште 
  • копија од трансакциона сметка од банка издадена на име на примателот на условениот паричен надоместок

ИСПОЛНУВАЊЕ НА УСЛОВЕНОСТИТЕ

Корисникот мора да присуствува на 85% или повеќе од вкупниот број на реализирани училишни часови во следниве дефинирани периоди:

Периоди


Следењето на исполнувањето на условеностите важи за секој период независно дали корисникот го исполнил условот во претходниот период. 

Вкупниот износ на условениот паричен надоместокот по ученик корисник во текот на една училишна година изнесува 12.000,00 денари врз основа на исполнување на условеноста по периоди.

Исплатата на условениот паричен надоместок за средно образование ќе се врши во следните месеци: 
 

Периоди

 

Прв период

 
 

1 септември – 31 октомври

Втор период

1 ноември – 31 декември

Трет период

почеток на второто полугодие односно 20 јануари - 31 март

Четврт период

1 април – 30 мај за матуранти и 10 јуни за сите останати

 

Периоди

Исплата

Прв период

месец декември

Втор период

месец февруари

Трет период

месец мај

Четврт период

месец јули