Право на парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа

Право на парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа има лице кое нема приходи и имот од кој може да се издржува, до наполнување на 26 години возраст.

Висината на паричната помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа има лице кое нема приходи и имот од кој може да се издржува, до наполнување на 26 години возраст изнесува  4.000 денари, усогласена со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година.

Висината на паричната помош на лицето кое се наоѓа на редовно школување, изнесува  5.600 денари усогласена со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година.