Право на парична помош на мајка која родила четврто дете

 
Право на парична помош има мајка која родила четврто живородено дете од 1 јануари 2009 година.

Правото го остварува мајка, која се грижела за децата до нивната 18 годишна возраст, која е невработена и не користи право на пензија, по наполнување на 62 години живот. Правото не може да се оствари доколку на мајката и било одземено родителското право над едно од децата.

Висината на паричната помош изнесува 8.000 денари, усогласена со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година.