Право на социјално домување

Правото на парична помош за социјално домување, се обезбедува на социјално загрозени  лица - станбено необезбедени.

Социјално загрозени лица се:

  • корисници на постојана парична помош и
  • лице кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и без родителска грижа, односно и по престанување на старателството, а најмногу до 26-годишна возраст.

Начинот на остварување на правото на парична помош за социјално домување за лицата корисници на постојана парична помош со акт ги определува советот на општината, на Градот Скопје и на општините во градот Скопје, а за лицата кои до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и без родителска грижа, односно и по престанување на старателството, а најмногу до 26-годишна возраст, со опш акт ги определува министерот.

Средствата за остварување на правото на парична помош за социјално домување, се обезбедуваат од буџетот на општината, на Градот Скопје и на општините во градот Скопје, односно од Буџетот на Република Македонија.

 Средствата за остварување на правото на парична помош за социјално домување може да се обезбедат и преку донации, фондации, кредити и друго.