Здравствена заштита

Право на здравствена заштита имаат корисниците на:

  • постојана парична помош;
  • лица сместени во згрижувачко семејство;
  • лица сместени во установа за социјална заштита, (за институционална и вонинституционална заштита);
  • корисници на паричен надоместок за помош и нега од друго лице,
  • лице кое до 18 - годишна возраст имало статус на дете без родители и без родителска грижа,  најмногу до 26 години, а користи  социјална парична помош,
  • лице-жртва на семејно насилство за кое се превзема мерка на заштита согласно законот за семејство и
  • лице опфатено со организирано самостојно живеење со поддршка.

   Корисниците остваруваат право на здравствена заштита, ако не можат да се осигураат по друга основа.