Право на додаток за слепило

Правото на додаток за слепило се обезбедува за потполно слепо лице односно лице кај кое што постои оштетување на видот од 98% до 100%, со навршени 26 години.

Месечниот износ на додатокот изнесува 7.000 денари, усогласен со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година.

Повеќе

Право на додаток за мобилност  

Правото на додаток за мобилност се обезбедува за лице со 100% телесен инвалидитет кое самостојно користи инвалидска количка со навршени 26 години и лице со квадриплегија или со умерени, тешки и длабоки пречки во менталниот развој кое користи инвалидска количка со придружник, поради создавање на услови за изедначување на нивните можности за вклучување во секојдневниот живот во заедницата на овие лица.

Повеќе

Право на додаток за глувост

Правото на додаток за глувост се обезбедува за тотално глуво лице со навршени 26 години коешто има потполно згасната слушна перцепција и истото не може да ги задоволи своите животни потреби без толкувач на знаковен јазик. 

Правото на додаток за глувост се остварува врз основа на конзилијарно мислење и наод од најмалку тројца лекари специјалисти од соодветните специјалности од терцијарна здравствена установа (Универзитетски клиники во Скопје).

Повеќе

Право на парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа

Право на парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа има лице кое нема приходи и имот од кој може да се издржува, до наполнување на 26 години возраст.

Висината на паричната помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа има лице кое нема приходи и имот од кој може да се издржува, до наполнување на 26 години возраст изнесува 4.000 денари, усогласена со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година.

Повеќе

Право на социјално домување

Правото на парична помош за социјално домување, се обезбедува на социјално загрозени лица - станбено необезбедени.

Повеќе

Право на парична помош на мајка која родила четврто дете

Право на парична помош има мајка која родила четврто живородено дете од 1 јануари 2009 година. Правото го остварува мајка, која се грижела за децата до нивната 18 годишна возраст, која е невработена и не користи право на пензија, по наполнување на 62 години живот. Правото не може да се оствари доколку на мајката и било одземено родителското право над едно од децата.

Повеќе

Еднократна парична помош или помош во натура

Еднократна парична помош или помош во натура се доделува на лице или семејство кое се нашле во положба на социјален ризик, како и на лице и семејство заради претрпена природна непогода или епидемија и подолго лекување во здравствена установа.

Повеќе

Надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со телесни или ментални пречки во развојот


Правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со телесни или ментални пречки во развојот и со најтешки облици на хронични заболувања, утврдено со Законот за работните односи, се остварува во центарот за социјални работи. 

Повеќе

Здравствена заштита

Право на здравствена заштита имаат корисниците на:

  • постојана парична помош;
  • лица сместени во згрижувачко семејство;
  • лица сместени во установа за социјална заштита, (за институционална и вонинституционална заштита)...
Повеќе

Паричен надоместок за помош и нега

Право на паричен надоместок за помош и нега од друго лице има лице над 26-годишна возраст, со умерени, тешки и длабоки пречки во менталниот развој,  лице со потешка и најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице, како и лице со трајни промени во здравствената состојба, на кое му е неопходна помош и нега од друго лице заради тоа што не може само да ги задоволува основните животни потреби, доколку ова право не може да го оствари врз основа на други прописи.

Повеќе
Социјална парична помош


Право на социјална парична помош има лице способно за работа и домаќинство (заедница на членови на семејството и други роднини меѓу кои не постои законска обврска за меѓусебно издржување, кои заеднички придонесуваат, стопанисуваат и трошат), Подносител, односно носител на правото на социјална парична помош е невработено лице, кое активно бара работа согласно со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, материјално необезбедено и кое според други прописи не може да обезбеди средства за егзистенција. За материјално необезбедено се смета лице и домаќинство кое остварува приходи по сите основи пониски од износот на социјалната парична помош, утврден со овој закон и кое не поседува имот и имотни права од кои може да се издржува. 


Повеќе

Право на постојана парична помош

Право на постојана парична помош има лице неспособно за работа и материјално необезбедено, кое не може да обезбеди средства за својата егзистенција врз основа на други прописи.

Повеќе

Право на парична помош за студирање  

Право на парична помош за студирање остваруваат лица кои до 18 годишна возраст имале статус на дете без родители и родителска грижа

Повеќе

Право на парична помош за згрижувач

Право на парична помош за згрижувач има згрижувач кој згрижувал лице во своето семејство најмалку 5 година, по наполнување на 62 годишна старост, кој е невработен и некористи право на пензија по која и да било основа. 

Повеќе

Згрижувачки семејства


Сместување во друго семејство е една од формите на вонинституционална заштита на деца и возрасни лица, која се реализира во рамките на системот на социјалната заштита. Оваа форма на заштита ја применуваат центрите за социјална работа низ целата Република.      

Право на сместување во згрижувачко семејство, има лице кое нема услови за живеење во своето семејство или од други причини му е потребно сместување во згрижувачко семејство.

Повеќе