З 

  • Задолжителен контролен преглед - се спроведува по остварено право на времена инвалидска пензија. Задолжителниот контролен преглед се врши во рок не пократок од една година од денот на утврдената инвалидност. Контролниот преглед може да се врши најмногу два пати до навршување на 65 години живот на корисникот на пензија. На задолжителен контролен преглед не подлежи корисник на пензија за одделни заболувања утврдени со актот за организација, составот и начинот на работа на Комисијата за оцена на  работната способност.
  • Задолжителен пензиски фонд -  е фонд основан и управуван од друштво за управување со задолжителни пензиски фондови или друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови, согласно со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и согласно со овој закон;
  • Задолжително капитално финансирано пензиско осигурување е вториот пензиски столб и ја претставува задолжителната капитално финансирана компонента од тростолбниот систем. Вториот столб се состои од индивидуална сметка на секој вработен на која се уплаќаат дел од придонесите на вработениот. Придонесите, се инвестираат на пазарите на капитал и остваруваат принос. Така при пензионирањето, работникот кој е дел од првиот и вториот столб, ќе прима пензија посебна пензија и од првиот и од вториот столб.
  • Задолжително пензиско и инвалидско осигурување  -  генерациска солидарност или прв столб. Првиот столб е PAYG (тековно финасирана) компонента од системот со три столба. Прв столб е заснован на PAYG компонента, односно сегашните осигуреници ги обезбедуваат исплатата на пензијата за сегашниоте пензисонери. Во Република Македонија “прв столб“ е Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија.
  • Заменската стапка-претставува процент од кој се определува висината на пензијата од пензиската основица ( види пензиска основица).