Настани/најави/соопштенија
30.05.2025
Во тек е исплата на образовниот додаток за третиот мерен период за учебната година 2024/2025 година
Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за третиот мерен период за учебната 2024/2025 година.
Повеќе
27.05.2025
Околу 12 илјади граѓани нема повеќе да чекаат потврда за ослободување од партиципација преку поврзување на системите на социјална и здравствена заштита
Министерството за социјална политика, демографија и млади ја известува јавноста дека граѓаните-корисници на права од системот на социјална заштита кои се ослободени од партиципација за користење на здравствена заштита, можат непречено да ги остваруваат своите права без притоа тоа да го докажуваат со потврда од центарот за социјална работа.
Повеќе
26.05.2025
Означен почетокот на проектот „Поддршка на системот за обезбедување квалитет на социјалните услуги во Република Северна Македонија
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Михалис Рокас, денеска со воведни обраќања го означија почетокот на проектот „Поддршка на системот за обезбедување квалитет на социјалните услуги во Република Северна Македонија“.
Повеќе
22.05.2025
Министерот Лимани оствари средба со Амбасадорот на Државата Катар, Н.Е Рашид Бин Саид Ал-Хајарин
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска оствари средба со в.д. амбасадорот на Државата Катар во Република Северна Македонија, Н.Е Рашид Бин Саид Ал-Хајарин.
Повеќе
16.05.2025
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу министерствата за здравство, образование и социјална политика за рана интервенција во детството
Министерството за здравство, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Министерството за образование и наука денеска потпишаа Меморандум за соработка за пилотирање и подготовка за имплементација на семејно-ориентиран систем за рана интервенција во детството (РИД).
Повеќе
15.05.2025
Државниот секретар Сабриу присуствуваше на отворање на Дневниот центар ГНЕЗДО – Центар за деца и родители во социјален ризик
Државниот секретар на министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу присуствуваше на официјалното отворање на Дневниот центар ГНЕЗДО – Центар за деца и родители во социјален ризик.
Повеќе
15.05.2025
Лимани: Нашата визија е општество во кое секое дете има можност да расте во сигурна, грижлива и поттикнувачка средина
По повод 15 Мај Меѓународниот ден на семејството, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со амбасадорот на Република Турција во Република Северна Македонија Н.Е Фатих Улусој, испратија силни пораки до јавноста.
Повеќе
14.05.2025
Регионалната конференција „Empowered“ во Скопје ги обедини актерите од Западен Балкан за поголема инклузија на лицата со попреченост
Денес во Скопје се одржа регионалната конференција „Empowered – Предизвици и можности за работна и социјална инклузија на лицата со попреченост во регионот на Западен Балкан“, на која присуствуваа над 100 учесници од целиот регион, меѓу кои претставници на министерства, меѓународни организации, здруженија на лица со попреченост, локални власти и експерти.
Повеќе
14.05.2025
Лимани: Приоритет на новиот Национален акциски план е намалувањето на детската сиромаштија и воведување на Европската детска гаранција
На настан посветен на справување со детската сиромаштија и социјалната исклученост, Министерството за социјална политика, демографија и млади, со поддршка од УНИЦЕФ, ги претстави резултатите од анализата и препораките за политики за сеопфатен пакет на услуги кои треба да се разгледаат во рамки на Европската гаранција за децата во Северна Македонија.
Повеќе
12.05.2025
Општина Прилеп добива нова, современа градинка
Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески ја отворија градинката „Бајка“ во населбата Точила, објект во состав на јавната установа за деца „Наша иднина“ Прилеп.
Повеќе
11.05.2025
Новата градинка во населба Инџиково, се гради со средства од државниот буџет, преку проект од првиот владин повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти
Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заменик министерот Ѓоко Велковски, градоначалникот на Општина Гази Баба, Боби Стефковски, денеска извршија увид на градежните активности на новата детска градинка во населба Инџиково, Општина Гази Баба.
Повеќе
08.05.2025
Одржана втората седница на Националното координативно тело за следење на состојбите со недискриминација и реализацијата на законите, подзаконските акти и стратешки документи во оваа област
Националното координативно тело за следење на состојбите со недискриминација и реализацијата на законите, подзаконските акти и стратешки документи во оваа област, чиј координатор е министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денеска ја одржа втората седница.
Повеќе
07.05.2025
Доделени 24 ортопедски помагала на лица со телесен инвалидитет
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани заедно со претседателот на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Северна Македонија–Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски доделија 24 ортопедски помагала на лица со телесен инвалидитет. Средствата за набавка на помагалата се обезбедуваат на годишно ниво од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Повеќе
05.05.2025
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец Април 2025 година.
Повеќе
30.04.2025
Сабриу: Секое дете со аутизам е различно, но секое заслужува исто-љубов, поддршка и место во општеството
Државниот секретар на Mинистерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу го посети Здружението на родители на деца со аутизам „Blue Puzzle“(Блу Пазл)-давател на услугата дневен престој за лица со попреченост.
Повеќе
30.04.2025
Лимани: Независно од предизвиците со кои се соочува нашата земја, со заедничка и координирана работа, да создадеме услови сите луѓе да го остварат својот потенцијал
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани учествуваше на шеснаесеттиот пленарен состанок на Секторската работна група во областите образование, вработување и социјална политика во Владата на Република Северна Македонија.
Повеќе
24.04.2025
Сабриу: Родовата еднаквост не е само идеал – таа е неопходност, затоа што сите луѓе заслужуваат еднаква шанса
Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу учествуваше на завршниот настан на Проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово инклузивни политики“, кој го спроведува ХЕРА со поддршка од Британска амбасада Скопје.
Повеќе
24.04.2025
Заменик министерот Велковски на средба со комесарот за човекови права на Советот на Европа О'Флаерти: Инклузијата на Ромите во фокусот
Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, оствари средба со Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О’Флаерти, на која се разговараше за спроведувањето на Националната стратегија за инклузија на Ромите 2022-2030.
Повеќе
23.04.2025
Сабриу: „Гаранција за млади“ не е само проект или политика – тоа е ветување дека ниту еден млад човек нема да остане сам, заборавен или без поддршка
Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу денеска ја отвори дводневната работилница која има за цел - преглед на Планот за спроведување на Гаранцијата за млади за периодот 2023-2026г., со посебен акцент на унапредување на системот за следење, подобрување на мапирањето на NEETs (млади кои не се вклучени во процес на образование или обука, ниту се вработени).
Повеќе