Вршење инспекциски надзор над спроведувањето и примената на законите и другите прописи во областа на социјалната заштита и заштитата на децата, над установите за социјална заштита и другите правни и физички лица кои вршат одредени работи од социјална заштита како професионална дејност и јавни и приватни установи за деца, детски градинки, детски одморалишта и другите правни и физички лица кои вршат одредени работи од областа за заштита на децата заштита како професионална дејност

Вид на услуга/право

Законска основа за остварување на услугата/правото

Закон за инспекциски надзор, Закон за социјалната заштита, Закон за семејството, Закон за социјална сигурност за старите лица, Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, Закон за правда за децата, Закон за заштита на децата

Потребни документи за остварување на правото/услугата

•Доколку се работи за пријава во однос на неправилности во работењето на одреден правен субјект кој делува во сферата на заштитата на децата, тогаш потребна е само пријава, односно иницијатива за вонреден инспекциски надзор.

•Доколку се работи за лична пријава, тогаш покрај пријава, потребна е и соодветна документациона поддршка на наводите изнесени во истата.

Обрасци 

/

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Министерство за труд и социјална политика, ул. Даме Груев бр.14, Скопје

Законски рок за постапување

Според годишна план за работа на секторот

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Државна комисија за одлучување во втор стапен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка-250 ден. административна такса 

Право на тужба до Управниот суд во рок од 30 дена од приемот на второстепеното решение.

Одговорен 

Секторот за инспекциски надзор од областа на социјалната заштита и заштита на децата

Такса која се наплатува

250 ден административна такса 

Повеќе информации на следниот линк

https://mtsp.gov.mk/inspekciski-nadzor.nspx

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }