29.04.2022
Тренчевска по повод 100 дена Влада: Обезбедивме постојан раст на пензиите, креираме мерки за намалување на невработеноста, го унапредуваме стандардот на граѓаните
„Еден од приоритетите на оваа Влада кое го нотиравме и во Програмата за работа 2022 -2024 година беше токму покачувањето на пензиите. Преку социјален дијалог со сите засегнати чинители, дојдовме до заедничко и најодржливо решение, а тоа е воспоставување на нова методологијата за усогласување на пензиите односно усогласување со 50 проценти од порастот на трошоците на живот и 50 проценти од порастот на просечната плата, два пати годишно,“истакна министерската за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на Форумот организиран по повод 100 дена Влада.
Повеќе
29.04.2022
Тренчевска: Заеднички креираме и имплементираме политики кои ќе го унапредат квалитетот на живот на сите лица со попреченост
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари средба со претставниците на Националните инвалидски организации. На средбата се разговараше за барањата кои што инвалидските организации преку Националниот Совет на инвалидски организации ги поднесоа во Министерството за труд и социјална политика.
Повеќе
28.04.2022
Тренчевска: Неопходен е ефикасен социјален дијалог за унапредување на безбедноста и здравјето при работа
Предизвиците поврзани со пандемијата на Ковид-19 покажаа дека постоењето на позитивна култура и силни системи за безбедност и здравје при работа (БЗР) се од суштинско значење за заштитата на работната средина и одржување на здравјето и безбедноста на работниците. За успешно справување со постоечките и со идните предизвици кои влијаат врз здравјето и безбедноста на работните места неопходен е ефикасен социјален дијалог, како и активно учество на сите релевантни страни во областа на БЗР, како на национално, така и на ниво на деловни субјекти.
Повеќе
27.04.2022
Тренчевска: Развојот на социјалното претприемништво има клучно значење во општеството, филмот „Барка-Извор на живот“, ја дава реалната слика за неопходноста од солидарност во заедницата
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера вечер, присуствуваше на премиерата на документарниот филм „Барка – Извор на живот“, во Кино Фросина (МКЦ).
Филмот, снимен во Полска ја раскажува успешната 30 годишна приказна за тоа како социјалното претприемништво и солидарната економија помагаат во заедницата, особено на членовите на маргинализираните групи и нивната реинтеграција и ресоцијализација во општеството.
Повеќе
27.04.2022
МТСП: Во првите 100 дена обезбедивме историски раст на минималната плата и пензиите
Министерството за труд и социјална политика во првите 100 дена од работата на Владата на Република Северна Македонија, реализираше клучни одлуки кои се во насока на унапредување на животниот стандард на сите граѓани.
Повеќе
26.04.2022
Тренчевска: Социјалната реформа дава видливи резултати, обезбедуваме современи и поквалитетни услуги за сите граѓани
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го посети Центарот за поддршка на згрижувачки семејства, Скопје и еден од малите групни домови кои се воспоставија со трансформацијата на Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“.
Повеќе
26.04.2022
МТСП: Во тек етапната исплата на априлските пензии, со дополнителни 1000 денари финансиска поддршка
Министерството за труд и социјална политика известува на ден 26.04.2022 год. (вторник) започнува етапната исплата на априлските пензии.
Повеќе
21.04.2022
Тренчевска: Повисока пензија за околу 1000 денари со исплатата во септември и 3000 денари финансиска поддршка, го унапредуваме статусот на пензионерите
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери, Станка Трајкова и дел од претставниците на сојузот.
Повеќе
21.04.2022
Ширењето на невистини по социјални мрежи нема да им помогне на лицата со попреченост и нивните родители, министерството нуди конкретни решенија за нивните потреби
Министерството за труд и социјална политика останува отворена институција за сите граѓани. Сите политики, стратегии, програми и активности се насочени кон унапредување на условите за живот и обезбедување на можности за еднаквост во општеството. Ставот на министерството е дека заедно – институциите и граѓаните, можеме да ги подготвиме најдобрите решенија кои се во интерес на подобрувањето на пристапот до правата и услугите од социјална и детска заштита, но и пристапот до пазарот на трудот и подобрување на капацитетите за вработување кај лицата со попреченост.
Повеќе
21.04.2022
Средба Тренчевска-Ангелов: Соработката со Бугарија во областа на трудот и социјална заштита продолжува
Министерката за труд и социјална политика денес се сретна со Амбасадорот на Бугарија Ангел Ангелов и неговата сопруга Билјана Ангелова. На средбата се разговараше за сензитивните предизвици кои го засегаат општеството, како што се трудовата миграција, лицата со попречености и нивното вклучување на пазарот на трудот.
Повеќе
21.04.2022
Тренчевска – Маркуш: Продолжува добрата соработка
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со Амбасадорот на Словачка Хенрик Маркуш. На средбата се разговараше за предизвиците во однос на случајот со Центарот за социјална работа во Тетово.
Повеќе
20.04.2022
СОНК ги доведува во заблуда штрајкувачите и ги става личните интереси пред интересите на децата
Министерството за труд и социјална политика, во врска со денешната прес конференција на СОНК, ја информира јавноста дека одлуката за организирање на генерален штрајк од страна на СОНК е донесена заради усогласување на Колективниот договор за јавните установи за деца во дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и во дејноста одмор и рекреација на деца, со порастот на минималната плата, согласно член 8 од Закон за минимална плата.
Повеќе
20.04.2022
Тренчевска: Oтворен нов Центар за поддршка на згрижувачки семејства во рамки на СОС Детско село, кој ќе обезбедува услуги за околу 60 згрижувачки семејства
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на официјалното отворање на новиот Центар за поддршка на згрижувачки семејства на СОС Детско село, кој е трет во државата. Заедно со Центарот за поддршка на згрижувачки семејства во Детскиот дом „11 Октомври„ Скопје и во Домот за доенчиња и мали деца во Битола ја обезбедуваат поддршката на згрижувачките семејства на цела територија на нашата држава.
Повеќе
20.04.2022
Тренчевска: Посветено работиме на обезбедување на сите предуслови за еднаков и квалитетен ран детски развој на децата со попреченост
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на традиционално Велигденско дружење посветено на децата со развојни тешкотии под мотото: СИТЕ СМЕ ИСТИ–СРЕЌА Е ДА СМЕ СИТЕ ЗАЕДНО, во организација на Европскиот Универзитет, Скопје.
Во своето обраќање министерката ја потенцираше заложбата на Владата и министерството во обезбедувањето на поголема инклузија на децата со попреченост и развојни тешкотии во општеството.
Повеќе
20.04.2022
Тренчевска: Со изградбата на новата градинка во Карпош, обезбедуваме место за нови 100 деца, до крајот на годината отвораме 13 нови градинки со опфат од 1360 деца
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ја посети детската градинка „Орце Николов“ во Општина Карпош, и воедно направи увид во градежните работи на новиот објект- доградба на постојната градинка.
„Посетата на градинката „Орце Николов“, покрај дружбата со децата ја искористив и за увид во градежните работи на новиот објект кој се наоѓа во истиот двор, а е поврзан со постоечкиот објект преку топла врска. Со доградбата на градинката обезбедувамe зголемување на опфатот на деца за дополнителни 100 нови места, за деца на возраст од 5-6 години, со што градинката „Орце Николов“, добива капацитет за вкупно 280 деца од предучилишно образование. Предвидени се четири нови занимални, кои ќе бидат опремени со нови дидактички материјали, мебел и опрема соодветна за возраста на децата“, рече Тренчевска.
Повеќе
20.04.2022
Соопштение за јавност
Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека во соработка со другите релевантни министерства и институции, а врз основа на барањата на здруженијата на граѓани на лицата со попреченост и родителите на децата со попреченост, во 2022 година ќе спроведе неколку мерки кои се во интерес на унапредување на правата на децата и лицата со попреченост:
- ослободувањето од партиципација за лицата со попреченост над 26 години корисници на правото за попреченост при специјалистичко – консултативна здравствена заштита, болничко здравствена заштита и за лекови издадени на рецепт на товар на Фондот за здравствено осигурување;
- измена и дополнување на Законот за заштита на детето со кое ќе се овозможи покачување на посебниот додаток за 15% за сите три подвидови на корисници;
- намалување на возрасната граница за остварување на правото за траен надоместок за родител кој се грижел за своето дете со попреченост до неговата 26 годишна возраст;
- измена на Законот за социјална заштита со кое ќе се дополни делот за децата/ лицата кои можат да ја користат услугата за лична асистенција и за децата/лицата со комбинирана попреченост, но каде едната од попреченостите е најтешка телесната попреченост;
- измена и дополнување на Одлуката за цената на социјалните услуги за 2022 година, каде се предвидува цена за час индивидуален и цена за дневен третман за дете/лице со попреченост од стручен работник во лиценцираните Дневни центри за деца со попреченост, односно 858 денари за индивидуален третман и 1.053 денари дневно по корисник.
- воведување на Регистар за лицата со попреченост;
- измена на Правилникот за ортопедски помагала со што ќе се овозможи да се доделуваат ортопедски помагала – чевли на секои 6 месеци за сите возрасни групи;
- подготовка на нова Национална стратегија за лицата со попреченост 2022-2027;
- обезбедување на обуки и понуда на работни места за невработените родители на децата со попреченост во услугите од социјалната заштита и во Дневните центри;
- отворање на Центар за рана интервенција во соработка со Министерството за здравство и со Граѓанските организации;
- отворање на 10 станбени единици за живеење со поддршка за 50 корисници од Специјалниот Завод Демир Капија и ЈУ Завод за рехабилитација Скопје.
Повеќе
19.04.2022
Соопштение за јавност
Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека, Предлог- законот за изменување на Законот за детска заштита поднесен од Левица, е неприфатлив и паушален фокусиран само на финансиската поддршка без да се земат во предвид останатите потреби на децата и лицата со попреченост. Без анализи законските решенија се само популизам и ништо повеќе. Министерството работи на пакет мерки кои ќе значат финансиска поддршка и трајно решение, кои ќе придонесат за вистинско унапредување на лицата со попреченост.
Повеќе
19.04.2022
Тренчевска-Дуев: Меморандумот за соработка е потврда за нашите заложби и продлабочување на меѓусебната соработка
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и деканот на Филозофскиот факултет при УКИМ, проф. Д-р Ратко Дуев, денес потпишаа Анекс кон Меморандум за соработка помеѓу Филозофскиот факултет и Министерството за труд и социјална политика. Потпишувањето на овој документ претставува продолжување на воспоставената соработка и нејзино проширување преку апликација и имплементација на заеднички проекти, подобрување на стандардот за студирање на студенти, особено од маргинализирани групи.
Повеќе
19.04.2022
Ејупи: Инклузивното образование значи обезбедување на еднаков, квалитетен и исполнет ран детски развој на децата со попреченост
Државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика, Ресми Ејупи денеска учествуваше на Тркалезна маса на тема: „Унапредување на квалитетот на инклузивното образование на децата со попреченост“, организирана од страна на Народен правобранител Насер Зибери, на која учество земаа и министерот за образование и наука Јетон Шаќири и претставници на институции и организации.
Повеќе
19.04.2022
Тренчевска за Утрински брифинг: Владата понуди системско решение за постојан раст на платите, кое нема да зависи од моментална власт и штрајкови
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата „Утрински брифинг“ во врска со штрајкот организиран од СОНК, информираше дека од вкупно 75 јавни установи во 29 нема штрајк, вработените се на своите работни места и згрижувачко-воспитниот процес се одвива непречено. Во останатите градинки штрајкуваат дел од вработените, но градинките функционираат.
Повеќе
18.04.2022
Тренчевска: Одбивањето за зголемување на платите од 10% во време на криза од СОНК е потврда дека интересите на децата не се земаат предвид, туку личните интереси
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во текот на денешна работна посета во Општина Струмица, даде изјава за јавноста во врска со штрајкот организиран од СОНК, во која вели дека местото на учениците е во училиште, а на предучилишните деца во градинка, како и дека одбивањето на понуденото решение од Владата за зголемување на платите на наставниците, воспитувачите и негувателите од 10% во време на светска криза е само потврда дека интересите на децата не се земаат во предвид, туку личните интереси на СОНК.
Повеќе
18.04.2022
Тренчевска: Услугата помош и нега во домот достапна и во Општина Струмица, корисници се околу 60 лица со попреченост и стари лица
На околу 60 лица со најтешка попреченост, односно комбинирана попреченост со највисок степен, потполно слепи лица, стари лица со навршени 65 години живот и други лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе, од Струмица отсега ќе им биде достапна услугата помош и нега во домот. Услугата ќе ја обезбедуваат лиценцирани негуватели кои минаа низ серија стручни обуки. Тие секојдневно ќе им помагаат на овие лица, во извршувањето на дневните активности, почнувајќи од лична хигиена, хранење, мобилност во домот, облекување, до поддршка при чистење, перење, готвење, набавки на намирници, помош за медицинска терапија и друго.
Повеќе
17.04.2022
Тренчевска: Ги повикувам воспитувачите и негувателите, интересот на децата да го стават на прво место, низ социјален дијалог ќе дојдеме до заедничко решение
„Ги повикувам воспитувачите и негувателите да го нормализираат воспитно-згрижувачкиот процес и да ги прифаќаат децата во градинките, бидејќи секој изгубен час и ден од наставата оди на директна штета на раниот детски развој, кој е основата за понатамошен развој на секоја индивидуа.
Повеќе
14.04.2022
Тренчевска: Работиме на надминување на предизвиците и овозможување на пријатни услови за живот и остварување правата на бегалците од Украина
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска се сретна со Здружението на Украинци во Македонија. На средбата се разговараше за статусот на бегалците од Украина кои доаѓаат во Северна Македонија, кои се нивните права и можности при престојот тука.
Повеќе
14.04.2022
Тренчевска: Секоја иницијатива за помош на ранливите категории граѓани е добредојдена, „Банка за храна“ е позитивен пример кој треба да се следи
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, заедно со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и дел од претставниците на граѓанската организација „Банка за храна“, доделуваа пакети со основни прехранбени артикли за корисници на гарантирана минимална помош, две згрижувачки семејства и два групни домови на деца со попреченост.
Повеќе
14.04.2022
Тренчевска: Конвенцијата на МОТ за елиминирање на насилството и вознемирувањето во светот на работата, бр.190, има големо значење во обезбедувањето на поголема заштита на работниците
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска учествуваше на работилницата „Усогласеноста на македонското законодавство со Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот за елиминирање на насилството и вознемирувањето во светот на работата, бр.190“, организирана од Меѓународната организација на трудот и Здружението за трудово и социјално право.
Повеќе
13.04.2022
Тренчевска за ТВ Стар: Новиот Закон за работни односи ќе биде донесен преку дијалог со социјалните партнери
„Министерството за труд и социјална политика работи на новиот Закон за работни односи. Во мај е продолжувањето на средбата на работната група со што ќе ја добиеме нацрт верзијата која треба да оди на јавна расправа. Ниедно прашање кое што ги допира работните односи и создава обврска за работодавачите или за работникот не треба да биде донесен надвор од дијалогот со синдикатот и работодавачите,“ рече министерката за труд и социјалана политика, Јованка Тренчевска во гостувањето на ТВ Стар, Штип.
Повеќе
13.04.2022
Тренчевска за ТВ Стар: Раст на плати треба да има, нивното усогласување треба да се утврди преку социјален дијалог, штрајк не е решение
„Оваа Влада е демократска и препознатлива по социјалниот дијалог, без разлика за кое прашање се работи. Економско-социјалниот совет е воспоставен во рамките на Министерството за труд и социјална политика и сите нови политики и стратегии мора да поминат низ социјален дијалог,“ рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во гостувањето на Телевизија Стар – Штип, каде главна тема беше штрајкот организиран од СОНК.
Повеќе
13.04.2022
Средба Тренчевска-Тицињски: Полска продолжува да биде наш верен соработник со која споделуваме искуства за понатамошниот напредок во формирање на политики
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска се сретна со Полскиот Амбасадор Војциех Тицињски. На средбата се разговараше за досегашната соработка помеѓу државите, како и можностите за понатамошното споделување на искуства кое ќе придонесе во креирањето на политики за развојот на државата и нејзината интеграција во Европската Унија.
Повеќе
13.04.2022
Средба Тренчевска-Галовеј: Добрите пријателски односи и поддршка на Обединетото кралство на политиките од социјална и детска заштита, како и родовата еднаквост продолжуваат
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата земја Н.Е. Рејчел Галовеј, на која што се разговараше за досегашните и тековни активности на Министерството и соработката и поддршката од страна на Британската амбасада во нашата држава.
Повеќе
13.04.2022
МТСП: Згрижувањето и воспитанието на децата во градинките е на прво место и во услови на штрајк
Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека од вкупно 75 Јавни установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, во 25 предучилишни установи за деца денес воопшто не се штрајкува. Додека пак, во 50 предучилишни установи штрајкуваат само дел од вработените. Односно, во штрајк се околу 45 проценти од вкупниот број на вработени од установите каде што се штрајкува.
Повеќе
12.04.2022
Тренчевска: Заедно ќе работиме на решение за прашањето за родителско отсуство и боледување на земјоделките и земјоделците
Во Министерството за труд и социјална политика денеска се одржа состанок со работната група во чиј состав се претставници на граѓански организации, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за здравство, УЈП, ПИОМ, Агенција за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој и Националната федерација на фармери, поддржана од Шведската организација за развој Wе Effect.
Повеќе
12.04.2022
МТСП: Згрижувањето и воспитанието на децата во градинките продолжува непречено
Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека од вкупно 75 Јавни установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, во 25 предучилишни установи за деца денес воопшто не се штрајкува. Додека пак, во 50 предучилишни установи штрајкуваат само дел од вработените.
Повеќе
11.04.2022
Тренчевска за ТВ Телма: Социјалниот договор продолжува, воспоставување на систем на плати во јавниот сектор е решение на долг рок
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата „Топ Тема“ на Телевизија Телма истакна дека социјалниот дијалог со синдикатите треба да продолжи се додека не се најде соодветно решение. Таа рече дека две средби се малку за решавање на толку важно прашање.
Повеќе
11.04.2022
Тренчевска: Пензиите ќе продолжат да се исплаќаат предвремено на крајот од месецот, грижата за пензионерите е наш приоритет
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници на Македонската банкарска асоцијација - Скопје, на која разговараа за досегашната и идна соработка меѓу министерството и банкарскиот сектор.
Повеќе
11.04.2022
Тренчевска за ТВ 24: Градинките по закон мора да работат, згрижувачко - воспитната дејност мора да продолжи
„Во делот на заменските воспитувачи и негователи, согласно законското решение донесено 2014 година се обезбедува непречено функционирање на детските градинки. Затоа им беше посочено на Директорите на установите претходно да ги известат Локалните Самоуправи дека неопходно е да обезбедат згрижување на децата и непречено функционирање на градинките,“ рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата Студио 10, на Телевизија 24.
Повеќе
11.04.2022
МТСП: Згрижувачко-воспитната дејност во предучилишните установи непречено се одвива и во време на штрајк
Министерството за труд и социјална политика, ја известува јавноста дека утрово започна најавениот штрајк во јавните предучилишни установи за деца- детски градинки.
Од вкупно 75 Јавни установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, штрајкот на дел од вработените се одвива во 54, а во 21 Јавна установа вработените воопшто не се приклучија кон штрајкот организиран од СОНК.
Повеќе
11.04.2022
Тренчевска за ТВ 24: Од 2017 година досега, вработените во градинките добија за околу 21% повисока плата, социјалниот договор продолжува
„Најголем дел од детските градинки работат и ги згрижуваат децата, мал дел градинки во Гази Баба, во Бутел и една градинка во Карпош не работат. Останатите градинки во државата, ги згрижуваат децата и имаат воспитувачи и негователи, кои не штрајкуваат и ги згрижуваат децата“, рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата Студио 10 на Телевизија 24.
Повеќе
09.04.2022
МТСП: Градинките ќе продолжат со згрижувачката дејност и во време на штрајк
Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста и родителите дека сите предучилишни установи ќе продолжат да ја обавуваат својата дејност згрижување и воспитание на децата и во деновите на најавениот штрајк, како и до сега.
Повеќе
08.04.2022
МТСП организираше сет работилници за „Креирање родови индикатори: предизвици и потешкотии“
Министерството за труд и социјална политика во Ресурсниот центар за креирање на политики и родово одговорно буџетирање од 4 до 8 април 2022 година организираше сет на работилници за „Креирање родови индикатори: предизвици и потешкотии“.
Повеќе
08.04.2022
МТСП: Инспекцискиот надзор констатирал дека нема неправилности во постапувањето и работењето на ЈУ Заводот за рехабилитација за деца и младинци во Топанско поле, Скопје
По објавените содржини на социјалните медиуми од страна на вработена во ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци- Скопје, а кои се однесуваат на неправилности во работењето на установата, како и несоодветна грижа за корисниците на социјални услуги, инспектори од Секторот за инспекциски надзор во областа на социјалната заштита и заштита на децата при Министерство за труд и социјална политика веднаш извршија вонреден инспекциски надзор во институцијата.
Повеќе
07.04.2022
Тренчевска по повод Денот на Ромите: Заедно, продолжуваме да се залагаме за поголема вклученост на ромската заедница во општеството
„Човековите права, еднаквоста и недискриминацијата се високо поставени на агендата на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика. Создаваме едно општество за сите. Општество во кое секој граѓанин во државата ќе ги ужива своите човекови права,“ рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во своето обраќање преку видео порака, на заеднички настан на општина Струмица и РОМАКТЕД Програмата во пресрет на 8 Април -Меѓународниот ден на Ромите.
Повеќе
07.04.2022
Соопштение за јавност
Во согласност со Конвенцијата за правата на детето, одредбите во Уставот на Република Северна Македонија и Законот за заштита на децата на Република Северна Македонија, неприкосновено право на децата е да им биде пружено згрижување и воспитание во предучилишни установи како облик на заштита на децата.
Повеќе
06.04.2022
Тренчевска: Поддршката од УНФПА во подготовката на новата стратегија за демографски политики е од голема важност, градиме политики кои се однесуваат на целото население во државата
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со г-дин Џон Кенеди Мосоти, директор за Северна Македонија, Србија и Косово на Фондот за население на ООН (УНФПА) и Афродита Шаља - Плавјанска шефицата на канцеларијата УНФПА во земјава.
Повеќе
04.04.2022
Тренчевска: Продолжуваме заедно да обезбедуваме пристојни услови за старите лица, домовите да бидат пријатно место за живеење
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со Здружението за социјална заштита на стари лица „Се Грижам“.
На средбата се разговараше за измени и дополнување на Правилникот за нормативите и стандардите за простор, опрема, стручни кадри и средства потребни за основање и започнување со работа на установа за социјална заштита за стари лица.
Повеќе
04.04.2022
Тренчевска: Преку градење на читачки навики и љубов кон книгата, придонесуваме во изградбата на успешна младина која е иднината на државата
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на отворањето на првата детска библиотека во градинката Пчелка 1, при ЈОУДГ„ Буба Мара“, Општина Аеродром.
Библиотеката се отвора во знак на одбележување на Светскиот ден на литературата за деца – „Спознај го светот преку книгата“.
Повеќе
04.04.2022
МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец март 2022 година.
Повеќе
02.04.2022
Тренчевска за ТВ ВИС: Ја менуваме поддршката на граѓаните преку воведување на нови социјални сервиси, ги повикувам општините да аплицираат
„Општините најдобро ги знаат потребите на своите граѓани, а ние како министерство сме тука да ги поддржиме. Во Струмица се прави мапирање на потребите на нивните граѓани и тоа треба да го направи секоја општина, да мапира и аплицира до министерството за поддршка, да развива социјални услуги на локално ниво, од кои директна придобивка имаат оние на кои поддршката им е неопходна“, рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска за ТВ ВИС.
Повеќе
02.04.2022
Тренчевска за ТВ ВИС: Социјалната реформа донесе за 300% повисока Гарантирана минимална помош, зголемени социјални надоместоци и поширок опфат на корисници
Во однос на финансиската поддршка на ранливите категории, министерката во емисијата на ТВ ВИС, се осврна на социјалната реформа со која се воведе Гарантирана минимална помош (ГМП) која е за 300% повисока од претходната социјална помош.
Повеќе
02.04.2022
Тренчевска за ТВ ВИС: Градиме солидарно и праведно општество, ги унапредуваме правата и ја зголемуваме инклузијата на лицата со попреченост
„Концептот едно општество за сите е концепт зад кој цврсто стои Владата на РСМ и Министерството за труд и социјална политика и тоа е наша реалност. Насочени сме кон еднаквост и недискриминација и овозможување на еднакви шанси за сите граѓани и еднакви можности до ресурси за сите во општеството“, рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во интервју за ТВ ВИС, Струмица.
Повеќе
01.04.2022
Тренчевска: Соработката со граѓанските организации продолжува, заедно креираме политики и мерки од кои придобивка имаат граѓаните
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска одржа средба со Акција Здруженска- платформата за родова еднаквост, на која се разговараше за развојот на политиките за родовата еднаквост, буџетското распоредување во однос на сервисите на услуги и нивната одржливост и политиките за вработување и заштита од дискриминација особено во руралните средини.
Повеќе
01.04.2022
Тренчевска: Грижата за лицата со попреченост е наша одговорност и приоритет, заедно продолжуваме да ги носиме најдобрите решенија за унапредување на нивните права
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со родителите на децата со попреченост кој најавуваат протести за да ги слушне нивните барања, а со цел да се разгледаат реалните можности за нивно реализирање. Министерката се осврна на социјалната реформа со која правата и услугите за лицата со попреченост видливо се подобрени.
Повеќе