Прашања во врска со работничките права

1.Колку дена во годината законски ми следува платен годишен одмор?

Платениот годишен одмор изнесува најмалку 20 работни дена. Но, во зависност од должината на работното искуство, сложеноста на работните задачи, здравствената состојба на вработеното лице, условите за работа, годините на работникот, како и неговиот стаж, бројот на слободни денови во зависност од колективниот договор може и да се зголеми.

2. Дали може платениот одмор да го користам во повеќе делови?

Вработеното лице има можност годишниот одмор да го користи во повеќе делови во договор со работодавачот, но еден дел од годишниот одмор мора да трае најмалку две непрекинати работни недели. Работодавачот има законска обврска да му обезбеди на вработеното лице искористување 12 работни дена годишен одмор до крајот на календарската година, а другите неискористени денови да може да се користат до 30 јуни наредната година.

Повеќе информации за најчесто поставувани прашања во врска со работничките права на следниот линк: 

https://mojtrudmoiprava.mk/ncpp/

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }