МТСП: Исплата на паричната помош од социјална и детска заштита од вторник, во три групи
Паричните права од социјална и детска заштита за месец мај ќе бидат предвреме исплатени. Министерството за труд и социјална политика ги известува корисниците на права на парична помош од социјална и детска заштита дека почнувајќи од вторник (02 јуни) ќе се врши етапна исплата на гарантирана минимална помош, надоместок заради попреченост, надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок на плата за скратено работно време, додаток за домување и на траен надоместок.
Исплатата ќе се спроведе во 3 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
- 2 јуни (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
- 3 јуни (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
- 4 јуни (четврток) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Етапната исплата на паричните права од социјална и детска заштита се прави со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на овие права во услови на опасност од вирусот КОВИД-19.Министерството за труд и социјална политика укажува дека корисниците кои имаат платежни картички поврзани со трансакциската сметка на која се исплаќаат правата од социјална и детска заштита, ќе можат паричните средства да ги подигнат на банкоматите на банките, да ги користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од 2 јуни, вторник.
Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење лична заштита заради спречување на ширење на коронавирусот. Сите кои ќе подигнуваат пари од банкомати или од филијалите и експозитурите на банките, се должни да носат каква било форма на заштита којашто ги покрива носот и устата и да одржуваат физичко растојание од два метра.