МТСП: Над 320 илјади пензионери ќе ја добијат јунската пензија предвреме, етапната исплата почнува од утре
Утре, 26 јуни, почнува исплатата на јунските пензии. Со цел да овозможиме поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19, и оваа исплата на пензии ќе се одвива етапно.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките, за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
-
Во петок, 26 јуни исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
-
Во понеделник, 29 јуни, исплата на пензии со висина од 11.001 до 14.000 денари;
-
Во вторник, 30 јуни, исплата на пензии со висина од 14.001 до 18.000 денари и
-
Во среда, 01 јули, исплата на пензии со висина над 18.001 денари.
Пензионерите кои користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од петок, 26 јуни. Тие можат да ја подигнат јунската пензијата на банкомат или да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа.
Над 320 илјади пензионери и оваа пензија ќе ја добијат предвреме. Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.
Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на мерките за ограничување на изложеноста на граѓаните со цел спречување и ширење на коронавирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.
Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.
Потсетуваме на обврската за носење маска којашто ги покрива носот и устата како и држење растојание од најмалку два метра при чекање ред пред и внатре во банките.
MPPS: Mbi 320 mijë pensionistë do të marrin pensionit e qershorit para kohe, pagesa në etapa fillon prej nesër
Nesër, më 26 qershor, fillon pagesa e pensioneve të qershorit. Me qëllim që të mundësohet mbrojtje më e madhe e pensionistëve në kushte të rrezikut nga koronavirusi COVID-19, edhe kjo pagesë e pensioneve do të zhvillohet në etapa.
Tërheqja e pensioneve përmes filialeve dhe ekspoziturave të bankave, për pensionistët që nuk përdorin kartela, do të realizohet në katër grupe, sipas lartësisë së pensionit.
Ditën e premte, 26 qershor – pagesa e pensioneve në lartësi deri 11.000 denarë;
Ditën e hënë, 29 qershor, pagesa e pensioneve në lartësi prej 11.001 deri 14.000 denarë;
Ditën e martë, 30 qershor, pagesa e pensioneve me lartësi prej 14.001 den deri 18.000 denarë dhe
Ditën e mërkurë, 1 korrik, pagesa e pensioneve në lartësi mbi 18.001.