Дозвола за престој и работа на странец 

Со последните измени на Законот за странци кој влезе во сила во 2015, година како и соодветните измени на Законот за вработување и работа на странци (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 217/15), се воведе единствена дозвола за престој и работа на странец. Согласно измените во овие два закона, постапката за дозвола за престој и работа, започнува во надлежните служби на Министерството за внатрешни работи. 

Привремен престој заради работа, според намената, ќе се одобри за:


1) вработување на странец;

2) сезонско вработување на странец;

3) упатени работници.

По исклучок, странец може да престојува и работи во Република Македонија и врз основа на потврда за регистрација за работа, која е издадена во согласност со Законот за вработување и работа на странци, доколку работата што ја врши странецот е до 60 дена. Привремен престој заради вработување и сезонско вработување ќе се  одобри на странец кој ги исполнува условите согласно Законот за странци и за кој е добиено позитивно мислење од страна на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.  

Доколку странецот поседува: 

1) дозвола за привремен престој заради работа врз основа на семејно обединување,

2) дозвола за привремен престој заради работа на член на потесното семејство на државјанин на Република Македонија,

3) дозвола за привремен престој заради работа поради хуманитарни причини - жртва на трговија со луѓе,  лична карта за признаен бегалец, лична карта за лице под хуманитарна заштита и идентификациона исправа согласно со Законот за меѓународна и привремена заштита.

Истиот може да се обрати до Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија со цел стекнување на работна дозвола, со која му се овозможува пристап до пазарот на труд во Република Северна Македонија.

Законски акти

Корисни линкови

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }