28.02.2022
Тренчевска се сретна со семејствата Анастасови и Зејнелови од Штип: Се уверив дека социјалната заштита се обезбедува онаму каде е најпотребна
Грижата за нашите граѓани кои се наоѓаат во социјален ризик е наш приоритет. Системот на социјална заштита во државата има капацитет да го згрижи секое семејство, секое лице, кое ќе се најде во социјален ризик, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, по средбата со семејствата Анастасови и Зејнелови од Штип.
Повеќе
28.02.2022
Тренчевска – Здружение на слепи лица од Штип: Здруженијата и невладините организации се наши клучни партнери во спроведувањето на социјалните мерки
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во Штип го посети Здружението на слепи лица. На средбата претставниците на Здружението информираа за тековните предизвици со кои се соочуваат, за социјалните права кои ги користат и можностите како истите да се унапредат, за почитување на законите за правата на слепите лица и нивно подобрување. Тие укажаа дека социјалните мерки помагаат во подигнувањето на животниот стандард на оваа група на граѓани.
Повеќе
25.02.2022
Тренчевска: Нема да застанеме се додека не воспоставиме целосен баланс во родовата еднаквост
Министерката за труд и социјална политика денеска оствари средба со претставницчките на UN Women – Скопје. На средбата се разговараше заразличните форми на насилтво врз жените, за соработка и за промоција на родово одговорните политики и буџетирање, како и за новиот Закон за родова еднаквост и за воспоставуањето на првиот Ресурсен центар за креирање политики.
Повеќе
25.02.2022
Тренчевска: Преку успешен дијалог до подобрување на работничките права и развој
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници на Бизнис Конфедерацијата на Македонија. На средбата се разговараше за успешниот дијалог во Економско социјалниот совет во контекст на покачувањето на минималната плата на 18.000 денари. Претседателот на Бизнис Конфедерацијата Миле Бошков ја информираше министерката Тренечевска за потребата од измени на Законот за работни односи, во делот на флексибилно работно време, што ќе биде и првиот чекор кон воведување на колективно договарање. Министерката посочи дека новото законско решение со кој се уредуваат работните односи меѓу работниците и работодавачите е резултат на дијалог со сите засегнати страни.
Повеќе
25.02.2022
Тренчевска: Социјалната реформа ги дава резултатите, живеењето со поддршка нуди подобри услови и можности за лицата со попреченост
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со дел од тимот кој работи на проектот „Заедно за повеќе можности и поддршка“ - ТИМОР финансиран од ЕУ, како поддршка на процесот на деинституционализација на лицата со попреченост.
Повеќе
25.02.2022
Министерството за труд и социјална политика посветено работи на подготовка на нов Закон за вработувањето на лица со попреченост, презентиран Извештајот „Анализа на регулативата, пристапите и методите при вработување на лица со попреченост“
Извештајот за состојбата со вработување на лицата со попреченост во Република Северна Македонија насловен како „Анализа на регулативата, пристапите и методите при вработување на лица со попреченост“, кој е дел од проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализација на социјалните услуги“, беше презентиран на денешната тркалезна маса „Премостување на јазот - Вработување на лица со попреченост“. За потребите на Министерството за труд и социјална политика проектот го спроведува Ептиса, со финансиска помош од Европската унија.
Повеќе
25.02.2022
Тренчевска: Преку зајакнувањето на дијалогот со сите чинители и капацитетите за програмирање и користење на ИПА фондовите, до поголеми придобивки за граѓаните
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на првиот министерски координативен состанок, воден од вицепремиерот за европски прашања и Национален ИПА координатор Бојан Маричиќ, на кој се разговараше за важноста на секторските работни групи, формирани за потребите на ИПА и нивното прераснување во форум кој треба да обезбеди оддржливо и долгорочно планирање на националните приоритети во координација со сите чинители.
Повеќе
24.02.2022
Тренчевска: Целосна инклузија на Ромите во општеството е обврска на која заедно работиме
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го отвори дводневниот работен состанок за социјално вклучување на Ромите во Република Северна Македонија, на кој присуствуваа претставници на Владата, Парламентот, меѓународни и граѓански организации.
Повеќе
24.02.2022
Тренчевска: Вработувањето на лицата со попреченост останува во фокусот на нашето работење
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари средба со Заедницата на заштитни друштва ЗАПОВИМ. На средбата се разговараше за нацрт верзијата на Предлог законот за вработување на инвалидни лица. Министерката Тренчевска посочи дека текстот на законот не е конечен и дека во неговата подготовка ќе бидат вклучени и релевантни организации, партнери на МТСП, а ќе биде организирана и јавна расправа.
Повеќе
23.02.2022
Тренчевска: Општество со повисоко ниво на толеранција и поддршка на ранливите категории е наша стратешка цел
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставничките на Мисијата на Меѓународната организација за миграции во Република Северна Македонија, на која се разговараше за досегашната соработка и идните планови и проекти во областите во надлежност на министерството.
Повеќе
23.02.2022
Тренчевска: Го продолжуваме долгогодишното партнерство со Советот на Европа
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска се сретна со претставници на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје. На состанокот се разговараше за досегашната и идна соработка меѓу Министерството и проектите на Совет на Европа за Промоција на еднаквоста и различноста, спречување и борба против трговија со луѓе, РОМАКТЕД Програмата-фаза 2, промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво. Министерката посочи дека Министерството за труд и социјална политика има одлична соработка со Советот на Европа за која очекува да продолжи и во иднина.
Повеќе
23.02.2022
Тренчевска: Пред нас е предизвикот за мобилизирање на што поголем број на згрижувачки семејства
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска оствари средба со претставници на СОС Детско село на која се разговараше за активностите кои се имплементираат во сферата на социјалната реформа, грижата за децата без родители и родителска грижа, за згрижувачките семејства, за поддршката на младите над 18 години. Таа посочи дека грижата за овие деца треба да биде континуирана и стручна за да можат тие да излезат од системот на социјален ризик. Тренчевска информираше дека наскоро Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ ќе започнат кампања за промовирање на моделот на згрижувачко семејство.
Повеќе
23.02.2022
Тренчевска: Родовата перспектива и инклузијата на маргинализираните групи граѓани во општествените текови е наш приоритет
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со директорот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Северна Македонија, Анди Аранитаси, на која разговараа за досегашната соработка и можностите за работа на проекти кои се во областа и надлежностите на министерството.
На средбата беше потенцирано значењето од поголема вклученост на ранливите категории на граѓани во сите сегменти од општеството. При што посебен акцент беше ставен на жените и маргинализираните групи на граѓани.
Повеќе
23.02.2022
Тренчевска: Обезбедивме минимална плата од 18.000 денари, работниците и вреднувањето на нивниот труд остануваат наш приоритет
Собранието денеска во второ читање ги усвои измените на Законот за минимална плата со кои се дефинираат условите за минималната плата од 18.000 денари. Тие треба да почнат да се применуваат со мартовската плата што ќе се исплати во месец април. Законот за минимална плата беше изгласан со 90 гласа ЗА, без против и воздржани. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска рече дека со дефинирањето на минималната плата на висина од 18.000 денари, има двојно зголемување од 2016 година, со што станавме предводници во Европа со висината на уделот на минималната во просечната плата.
Повеќе
23.02.2022
МТСП: Утре започнува етапната исплата на февруарските пензии
Министерството за труд и социјална политика известува дека од утре 24.02.2022 год. (четврток) започнува етапната исплата на февруарските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од КОВИД-19.
Повеќе
18.02.2022
Започна дијалогот за континуиран раст на пензиите
Денеска, во Владата на Република Северна Македонија се одржа првиот отворен дијалог за новата методологија која ќе понуди одржлив и континуиран раст на пензиите во иднина. Воедно, се очекува методологијата да ја одржи постигнатата стабилност на Пензискиот фонд.
Повеќе
18.02.2022
Тренчевска - Која: Поддршката од Мисијата на ОБСЕ важна за реализирање на започнатите и на новите проекти
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари средба со Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која на која се разговараше за родовата еднаквост, недискриминацијата, инклузијата на ромската заедница, за капацитетот на администрацијата. Министерката Тренчевска посочи дека соработката со ОБСЕ е многу значајна во имплементацијата на проектите и дека очекува таа да продолжи.
Повеќе
18.02.2022
МТСП: Грижата за децата и семејствата во социјален ризик е наш приоритет
Министерството за труд и социјална политика информира дека на ден, 15 февруари 2022 година, во Министерството се одржа средба меѓу министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и Илија Јовановиќ од здружението „Градиме Иднина“.
Повеќе
18.02.2022
МТСП: Во тек е исплатата на образовниот додаток за вториот мерен период
Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплатата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната година 2021/2022 година со која се опфатени вкупно 27 430 корисници на ниво на држава.
Повеќе
18.02.2022
Тренчевска: Ромската заедница останува дел од приоритетите во програмата на Владата 2020-2024 и Министерството за труд и социјална политика
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со директорот на НВО Челим од Италија, регионалниот претставник на проектот и со Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје, како имплементатори на проектот „Обезбедување на пристојни услови за домување на ромската заедница“, како дел од ИПА II Акциска програма 2017, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика.
Повеќе
17.02.2022
Тренчевска: Го реализираме даденото ветување за покачување на минималната плата на 18.000 денари
Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, кој се носи по скратена постапка, ja помина процедурата на денешната собраниска Комисија за труд и социјална политика. Членовите на Комисијата и од власта и од опозицијата го поддржаа законското решение со кое минималната плата ќе изнесува 18.000 денари нето износ, односно 26,422 денари во бруто износ.
Повеќе
17.02.2022
МТСП - Светска банка: Воспоставената соработка ќе продолжи и во наредниот период
Имплементацијата на „Проектот за итен одговор на состојбата со Ковид-19“ во Северна Македонија, беше тема на вториот дел од денешната зум конференција. Целта на проектот кој го имплементираат министерствата за труд и социјална политика и за здравство е спречување, откривање и давање на соодветни одговори на заканата од здравствената пандемија и зајакнување на националните системи за подготвеност за заштита на јавното здравје.
Повеќе
16.02.2022
Тренчевска: Градиме општество со еднакви можности за сите и инклузијата треба да почне токму од нас
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска се сретна со претставниците на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, составен од седум здруженија организирани според типот на попреченост.
Повеќе
16.02.2022
Со зголемена минимална плата од 18.000 денари и со повисоки пензии го поттикнуваме растот на животниот стандард
„Целта на оваа Влада е животниот стандард на граѓаните да расте. Затоа, создаваме услови за одржлив раст како на минималната, така и на просечната нето плата, а воедно се подготвуваме да отвориме дијалог за раст на пензиите“, истакна премиерот Димитар Ковачевски во изјавата за медиумите по повод посетата на текстилната компанија „Текспорт“, која повеќе од 20 години работи во земјава.
Повеќе
16.02.2022
Тренчевска - Улман Марти: Пријателството, соработката и поддршката што ја дава Швајцарија ќе продолжи со уште поголем интензитет
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман Марти и заменик амбасадорот на Швајцарија Луциен Аегертер. На средбата се разговараше за тековните и идни проекти финансирани од швајцарски фондови и приоритетите на Министерството во областа на трудот и социјалните политики за идниот период. Министерката Тренчевска рече дека швајцарската поддршка се реализира преку креирање можности за вработување на ранливите групи и дека очекува проширување на добрата соработка за прашања поврзани со социјалната реформа.
Повеќе
15.02.2022
Тренчевска: Преку ИПА проектите за предучилишно образование и сузбивање на неформалната економија го унапредуваме животот на граѓаните
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со експертите ангажирани на два ИПА проекти, од кои едниот е во областа на предучилишно образование, а другиот неформалната економија од областа на трудот.
Повеќе
14.02.2022
Тренчевска се сретна со претставници на Занаетчиската комора
Министеркатa за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници на Занаетчиската комора. На средбата, информираа за предизвиците со кои се соочуваат со новото законско решение недела неработен ден и потребата од работа во недела на фризерите, козметичарите, и одредени пекарски и слаткарски производители. Според нив со работа во недела на одредени занаетчиски дејности, ќе се овозможи да се заштитат и интересите на занаетчиите и на државата од сивата економија. Министерката Тренчевска посочи дека министерството ќе го разгледа предлогот на Занаетчиската комора.
Повеќе
14.02.2022
Тренчевска- Паолучи: Светска банка е наш партнер и голем поддржувач особено во време на Ковид -19, во областа на социјалната и детска заштита
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со директорот на Светска Банка за Северна Македонија, Масимилијано Паолучи.
Повеќе
13.02.2022
Тренчевска: Мартовска плата од 18.000 денари за 80.000 наши сограѓани и финансиска поддршка за работодавачите
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ја посети модната конфекција „Милано“, во Штип, семеен бизнис започнат во 1996 година, кој денес го води втората генерација од ова семејство.
Повеќе
12.02.2022
Тренчевска: Реализираме политики кои се одговор на потребите на самохраните родители, социјалната реформа дава реални резултати
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска посети две еднородителски семејства во Штип, со кои разговараше за потребите и предизвиците со кои се соочуваат, како и ефектите од социјалната реформа со која се промени целосно пристапот кон ранливите категории на граѓани.
Повеќе
11.02.2022
Тренчевска: Посветени сме граѓаните од ранливите групи целосно да ги остварат правата на социјалните услуги
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници на невладината организација на жени Ромки од Шуто Оризари. Тие на средбата ги изнесоа потребите и предизвиците со кои се соочуваат жените Ромки во делот на остварувањето на социјалните права, правото на лични документи на лицата без државјанство, за недостаток од матичен гинеколог, вработување по етички клуч и за носењето на новата Национална стратегија за Роми 2022-2030. Министерката Тренечевска посочи дека системот на социјална заштита е подготвен да ги апсорбира сите семејства во социјален ризик.
Повеќе
11.02.2022
Тренчевска: Социјалниот ментор е неопходна алка во системот на социјална заштита
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставничка на Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој - ПАБЛИК и претставничката на ГИЗ, како поддржувачи на Проектот за социјални права за ранливи категории – СОРИ.
Повеќе
11.02.2022
Тренчевска оствари средба со претставници на Синдикатот на Рудникот Бучим
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници на Синдикатот од Рудникот Бучим. Тие информираа дека бараат утврдување на нови работни места со бенифициран стаж.
Повеќе
10.02.2022
Тренчевска: Со политики и стратегии продолжуваме да градиме инклузивно општество во кое лицата со попреченост имаат еднакви права и пристап за напредок и развој
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска се сретна со координаторот на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост при Владата на Република Северна Македонија, Спасе Додевски.
Повеќе
10.02.2022
Пратениците ја изгласаа потребата од носењето на Предлог – законот за минималната плата
Со 101 глас ЗА, ниту еден против и без воздржани пратениците ја изгласаа потребата од носењето на Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за минимaлна плата во Република Северна Македонија. Со предлог законот кој се носи по скратена постапка минималната плата ќе изнесува 18.000 денари.
Повеќе
10.02.2022
Тренчевска: Германија е наш пријател и поддржувач во политиките насочени кон унапредување на работничките права, социјалната заштита и родовата еднаквост
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, денеска оствари средба со германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн и заменик амбасадорот и раководител на економскиот сектор во германската амбасада, Ото Граф.
Повеќе
09.02.2022
Тренчевска: Деинституционализацијата продолжува, отворен првиот мал групен дом за лица со попреченост во Велес
Деинституционализацијата продолжува, порача министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, од Велес каде денеска ја промовираше првата единица за живеење со поддршка, во која се сместени пет поранешни корисници на Специјалниот завод Демир Капија. Согласно индивидуалните потреби на корисниците, 24 часа се грижи тим од негуватели и стручни соработници, од „Здружението на лица со церебрална парализа и други попреченост – Велес“.
Повеќе
09.02.2022
Повисока плата за околу 45 евра за поголем домашен буџет
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, денеска ја посетија текстилната компанија „Текстил Солушн“ во Скопје.
Повеќе
09.02.2022
Тренчевска - Кристин Бенгтсон: Унапредувањето на родовата еднаквост во општеството е наш заеднички приоритет, соработката продолжува
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари средба со шведската амбасадорка во нашата земја, Кристин Форсгрен Бенгтсон, на која беа потврдени добрите меѓудржавни односи, поддршката која Шведска и ја дава на нашата држава и соработката на повеќе полиња значајни за градење на современо општество.
Повеќе
08.02.2022
Тренчевска: Преку проширување на капацитетот, градинката „Детска Радост“ сега може да згрижи 157 деца
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, денеска ја посетија детската градинка „Детска Радост“, од оваа општина, која што го прошири капацитетот за дополнителни 57 деца, со доизградба на нов дел поврзан со постојниот објект.
Повеќе
07.02.2022
Тренчевска: Во интерес на сите пензионери ќе го промениме системот на усогласување на пензиите
Mинистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во денешното интервју на ТВ 24 рече дека подобрувањето на квалитетот на живот на пензионерите е врвен приоритет и затоа зголемувањето на пензиите е дел од новата владина програма 2022-2024.
Повеќе
07.02.2022
Тренчевска за ТВ 24: Состојбата со пандемијата во градинките е стабилна, годинава отвораме уште 10 нови објекти
„Состојбата со пандемијата во детските градинки е стабилна, за тоа потврдуваат и податоците кои ги добиваме на дневно ниво, како и пресекот на неделна основа. Во последната недела евидентирани се 75 вработени лица и 24 деца позитивни на Ковид-19, на ниво на држава,“ информираше министерската Тренчевска во интервјуто за ТВ 24.
Повеќе
07.02.2022
Тренчевска за ТВ 24: Оптимист сум дека ќе го најдеме најдоброто решение за зголемување на минималната плата
Верувам дека на денешното продолжување на социјалниот дијалог на Економско - социјалниот совет ќе го донесеме најсоодветното решение, кое ќе биде прифатено од сите социјални партнери. За нас како Влада подобрувањето на економскиот статус на работниците е врвен приоритет и минималната плата ќе биде зголемена, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во денешното интервју на ТВ 24. Министерката посочи дека е оптимист и оти ќе се изнајде најдоброто решение за работниците, работодавачите и на Владата како партнери.
Повеќе
04.02.2022
Социјалниот дијалог продолжува
Економско-социјалниот совет денеска ја продолжи дискусијата за утврдување на минималната плата во државата.
Повеќе
04.02.2022
Тренчевска: Дијалогот со социјалните партнери е важен
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претседателот на СОНК Јаким Неделков. На иницијатива на претставниците на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура се отвори прашањето, заедно со утврдувањето на минималната плата, да се направи и зголемување на платите на вработените во установите во предучилишното образование. Министерката Тренчевска посочи дека унапредувањето на работничките права е приоритет и на Mинистерството за труд и социјална политика и на Владата.
Повеќе
04.02.2022
Тренчевска: Со социјалното претприемништво креираме нови работни места
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и тим лидерката на проектот на „Поттикнување на социјалното претприемништво“, Барбара Садовска, финансиран од ЕУ, на денешната средба констатираа дека заштитата и помошта од институциите е клучна во поддршката на социјалното претприемништво преку кое ранливите групи добиваат шанса да се вклучат во заедницата.
Повеќе
03.02.2022
Тренчевска: Инклузијата им дава шанса на децата со попреченост во иднина да придонесуваат во општеството
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, денеска се сретнаа со родителите на Ембла А. од Гостивар. Случајот кој во јавноста побуди голем интерес и реакции.
Повеќе
03.02.2022
Тренчевска-Сандри: Се продлабочува партнерската соработка со УНХЦР
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и Претставничката на УНХЦР, Агенцијата за бегалци при Обединетите нации, Моника Сандри денеска одржаа протоколарна средба. Министерката Тренчевска рече дека во годината што претстои очекува Министерството и УНХЦР да ја продолжат соработката во јакнењето на институциите кои се справуваат со бегалците и мигрантите. На средбата се отвори и темата за дополнително продлабочување на успешната соработка на полето на меѓународната заштита и искоренувањето на бездржавјанството.
Повеќе
03.02.2022
Тренчевска-Григоријан: Продолжуваме со реализација на проектите за социјалните реформи
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан на денешната средба разговараа за проектите кои треба да бидат реализирани во текот на оваа година. Министерката Тренчевска потенцираше дека УНДП е еден од најзначајните партнери бидејќи со години наназад дава поддршка за реализација на социјалната реформа во државата која овозможува поголема заштита на ранливите групи на граѓани. Таа информираше и за новите мерки од Оперативниот план за 2022 година.
Повеќе
03.02.2022
Тренчевска: УНИЦЕФ е наш голем поддржувач и партнер во политиките од детска и социјална заштита, соработката продолжува
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со Артур Ајвазов, заменик-претставник на УНИЦЕФ, во земјава, на која се разговараше за тековните и идни проекти и соработката помеѓу двете институции.
Повеќе
03.02.2022
МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јануари 2022 година.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 3 февруари 2022 година.
Повеќе
02.02.2022
Го отворивме социјалниот дијалог, тој е единствениот пат за постигнување на консензус, зголемување на минимална плата ќе има, преговорите продолжуваат во петок
Дијалогот меѓу социјалните партнери за раст на минималната плата во државата започна на денешната седница на Економско-социјалниот совет.
Повеќе
02.02.2022
Тренчевска – Митовски: Во Крива Паланка ќе се отвори детска градинка со капацитет за 102 деца
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. На средбата стана збор за проектите кои Министерството и општината заедно ги спроведуваат. Министерката Тренчевска, го информираше Митовски дека и во наредниот период очекува активно да се спроведува Проектот за подобрување на социјалните услуги и сеопфатната социјалната реформа која ја спроведуваат Владата и Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светската банка.
Повеќе
02.02.2022
Тренчевска – Саити: Ќе ја продлабочиме соработка во интерес на граѓаните
Во интерес на граѓаните Министерството за труд и социјална политика во наредниот период ќе ја продлабочи соработката со Црвениот крст, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната средба со претседателот на Црвениот крст Саит Саити. На работниот состанокот беа разгледани досегашните и идни заеднички проекти, како што се едукација на возрасни за лична асистенција на лица со попреченост и за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.
Повеќе
02.02.2022
Tренчевска: Рекорден буџет од 28 милиони евра за реализација на мерките од Оперативниот план за 2022 година
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, заедно со премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Агенцијата за вработување, Беким Мурати денеска ја посетија ИТ компанијата „Маџикс“. При средбата со младата претприемачка Катерина Здравева и вработените, министерката рече дека стартап компанијата е вистински пример дека владините мерки за самовработување се успешни, бидејќи за двеипол години таа бележи значителни резултати, не само на домашниот туку и на странскиот пазар. Поради големиот интерес за дигиталните вештини Тренчевска најави дека и со новиот Оперативен план за оваа година Владата и Министерството за труд и социјална политика креираат мерки за вработување во областа на ИТ секторот.
Повеќе