28.02.2023

Тренчевска: Наша заедничка одговорност е да создадеме услови за квалитетно живеење на сите наши граѓани

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, народниот правобранител, Насер Зибери, претседателот на Комисијата за спречување и дискриминација, Исмаил Камбери, Амбасадорот на Обединетото Кралство во РСМ, Метју Лосон и извршната директорка на ЦУП, Неда Малеска Сачмароска се обратија на конференцијата „Дали Република Северна Македонија е фер земја? – Како институциите заеднички да ја унапредат борбата против дискриминацијата“.

Повеќе

28.02.2023

Хусејин: Дизајнираме мерки за поддршка на граѓаните за справување со енергетската криза

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин заедно со претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани учествуваа на презентацијата на студијата Ефектите на кризата со храна и енергија врз децата и семејствата во Северна Македонија” изработена од Finance Think во соработка со канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

Повеќе

27.02.2023

Тренчевска: Задоволните детски лица се доказ на успешната работа на центарот за сензорна терапија „Во мојот свет“

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше во посета на Центарот за сензорна терапија „Во мојот свет“ во Скопје со кој што раководи Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „ВО МОЈОТ СВЕТ“. Центарот повеќе од 6 години работи на стимулација на раниот детски развој. Моментално опслужува над 60 деца, овозможувајќи детекција, развојно следење и третман на овие дечиња.

Повеќе

27.02.2023

„Втора шанса“ овозможува  дооформување на средното стручно образование на ранливите групи за полесна активација на пазарот на труд

Во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ кој го спроведува Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, денеска беше промовирана пилот мерката  „Втора шанса“, која се реализира со финансиска поддршка на Европска Унија.

Повеќе

27.02.2023

Потпишани договори со Јавните општински установи за инклузија на деца Роми

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со претставничката на УНИЦЕФ во државата, Патриција Ди Џовани и советникот за инклузија на Ромите во Владата на Република Северна Македонија, Елвис Мемети присуствуваа на потпишувањето на договори за инклузија на деца Роми во јавните општински установи во РСМ. 

Повеќе

27.02.2023

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец февруари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.  

Повеќе

25.02.2023

Тренчевска: Преку постојан раст на пензиите и воведување на социјални услуги го унапредуваме квалитетот на живот на граѓаните

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата Трето доба на Македонската телевизија зборуваше за политиките и мерките кои Владата и Министерството за труд и социјална политика ги креираат и реализираат за подобрување на квалитетот на живот на ранливите категории на граѓани, вклучително и повозрасните граѓани.

Повеќе

25.02.2023

МТСП: Минималната плата од месец март ќе биде 20.175 денари, над 2000 денари повисока за една година

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од месец март ќе изнесува 20.175 денари. Ова значи дека граѓаните добиваат повисоки плати за над 2000 денари.

Повеќе

24.02.2023

Тренчевска: Финансиската поддршка е добредојдена во семејствата на ранливите категории граѓани, грижата за сите е наша обврска

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Струмица посети две семејства корисници на финансиска поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза. Едното лице како корисник на правото на социјална сигурност за стари лица преку кое што право добива 7200 денари редовна исплата секој месец, добива и надомест за енергенси од 1000 денари и плус парична поддршка од 3000 денари месечно во период од четири месеци или 12.000 денари за четири месеци. Тоа се околу 11.200 денари обезбедени од државата месечно во рок од 4 месеци.

Повеќе

24.02.2023

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната година 2022/2023 година

Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за вториот мерен период за учебната 2022/2023 година.

Повеќе

23.02.2023

Средба Тренчевска- Гви Јеоп Сон: Поддршката и соработката на ОН агенциите во земјава продолжува и се зајакнува на патот кон Европската Унија

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари средба со регионалната директорка на Обединетите Нации за Европа и Централна Азија, Гви Јеоп Сон и постојаната координаторка на ОН во земјава Росана Дуџиак.

Повеќе

22.02.2023

Тренчевска: Средбите со младите секогаш водат до плодни дискусии и прогресивни идеи

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со претставници од Швајцарска Амбасада, УНФПА, бизнис секторот и Академијата се сретнаа со студенти од Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Студентите кој што беа присутни беа од различни профили на студии и на средбата се разговараше за важноста на менталното здравје како и за идните нивни планови и аспирации.

Повеќе

22.02.2023

Тренчевска: Современите студиски практики гаранција за флуидност на пазарот на труд

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со Проекторатот на Меѓународен Балкански Универзитет Професор д-р. Мевлудин Ибиш. На средбата се разговараше за можностите кои што ги нуди универзитетот како на студентите во Република Северна Македонија така и од другите држави.

Повеќе

22.02.2023

Прикажани на платно придобивките на социјалните претпријатија

Одржана промоцијата на документарниот филм „Посеана надеж“ кој што е изработен преку проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ на Министерството за труд и социјална политика, имплементиран од Ептиса со поддршката на Европската Унија.

Повеќе

22.02.2023

Тренчевска: Северна Македонија е позитивен пример во регионот за успешна реализација на Гаранција за млади

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска учествуваше на регионална конференција посветена на Гаранција за млади, во Скопје. На настанот учествуваа и амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, директорот на Агенцијата за вработување на РСМ, Беким Мурати и националниот координатор на МОТ, Емил Крстаноски.

Повеќе

20.02.2023

Гаранција за млади, новитетите во Оперативниот план 2023 и поедноставно работно ангажирање на сезонските работници на денешната седница на Економско социјалниот совет

Економско социјалниот совет денеска ја одржа петтата седница со која претседаваше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, а покрај претставници на институциите  беа присутни претставници на работодавачите, репрезентативните и нерепрезентативни претставници на синдикатите.

Повеќе

20.02.2023

Тренчевска по повод Меѓународниот ден на социјална правда: Социјална правда имаме кога се отстранети бариерите со кои се соочуваме врз основа на пол, возраст, етничка припадност и попреченост

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска по повод Меѓународниот ден на социјална правда имаше отворен ден за посета на граѓани од ранливи категории.

По тој повод таа истакна дека, социјална правда имаме кога се отстранети бариерите со кои се соочуваме врз основа на пол, возраст, етничка припадност и попреченост.

Повеќе

20.02.2023

Хусејин: Целите за одржлив развој претставуваат план за креирање подобра иднина за сите

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин учествуваше на 3-от Состанок на заедничкиот управувачки комитет за Рамката за соработка за одржлив развој помеѓу Северна Македонија и ООН 2021-2025.

Повеќе

17.02.2023

Отворен Центар за ран детски развој во населеното место Бучин  

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски го отворија Центарот за ран детски развој “РАЗВИГОИРЧЕ“ во населеното место Бучин кој ќе биде во состав на ЈОУДГ “Гонча Туфа“- Крушево. Адаптацијата на просторот и опремувањето со соодветен мебел и материјал за работа е во целост извршено од страна на Министерството за труд и социјална политика во соработка со УНИЦЕФ. Во центарот за ран детски развој се предвидува да бидат згрижени околу 48 деца од три до шест годишна возраст, односно до поаѓање во основно училиште, оргнизирани во три хетерогени групи, со скратени програми од 2-3 часа дневно, без обезбедена храна за време на престојот. 

Повеќе

16.02.2023

Жителите на населбата Волково за првпат добиваат градинка за 150 дечиња, инвестираме во грижата за децата

Децата до шест години од Волково, Општина Ѓорче Петров, добиваат пристап до квалитетна социјална услуга за ран детски развој во нова градинка која за првпат е изградена во нивното населено место. Градинката „Сонце“ беше официјално отворена денеска, а веќе од 20-ти февруари ќе им посака добредојде на првите дечиња.

Повеќе

14.02.2023

За прв пат се остварува правото на користење на надоместок за мајчинство за жените земјоделки, усвоена Програмата за обезбедување на социјална сигурност   

Владата на Република Северна Македонија на редовната седница одржана на 7.02.2023 година ја усвои Предлог Програмата за поддршка за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност за 2023 година.

Со оваа програма, за прв пат се остварува правото на користење на надоместок за мајчинство за жените земјоделки, за време на спреченост на вршење на земјоделската дејност поради раѓање, кое право не е опфатено со прописите за платено породилно отсуство од областа на работните односи на вршителките на земјоделска дејност.

Повеќе

13.02.2023

Одржан состанок на националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на совет на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во улога на претседавач присуствуваше на состанокот на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на совет на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство каде беше презентиран Моделот на интегрирано прибирање и анализа на податоци за родово базирано насилство од страна на Јонела Хорга, интернационален консултант и Наташа Бошкова, национален консултант ангажирани со поддршката на УНФПА и Британската амбасада во Скопје.

Повеќе

13.02.2023

МТСП: Започна исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани 

Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е исплатата на паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза.  

Повеќе

09.02.2023

Тренчевска: За да можеме да зборуваме за еднакви можности на мажите и жените потребно е креирање на соодветни родово одговорни политики

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со претседателката на Комисијата за еднакви можности, Гордана Сиљановска – Давкова и претседателката на Клуб на пратенички Лолита Ристова ја отворија деветтата по ред јавна расправа за новиот предлог Закон за родова еднаквост. На расправата присуствуваа пратенички од Собранието на Република Северна Македонија, претставници од Министерството за труд и социјална политика и претставници од Мисијата на ОБСЕ во државата.

Повеќе

08.02.2023

Осмата јавна расправа за Законот за работни односи одржана во Општина Кавадарци

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше присутна на осмата јавна расправа која се одржа во Општина Кавадарци. Пред присутните кои беа дел од работодавачи, синдикати и останатите релевантни чинители беше презентирана нацрт верзијата на Законот за работни односи. Целта на јавните расправи е да се дојде до конструктивни коментари и критики кои треба позитивно да влијаат при подобрување на текстот на документот.

Повеќе

08.02.2023

Тренчевска: Заедно можеме да овозможиме потешко вработливите лица да бидат поконкурентни на пазарот на труд

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со претставниците Петрица Дулгеру, извршен директор на мрежата РЕДИ, Кристина Маријан, директорка за партнерства во РЕДИ, Асиб Зекир, директор на РЕДИ за рециклирање и зелени иницијативи и независниот експерт, Мила Царовска. 

Повеќе

07.02.2023

МТСП и АВМУ со заеднички заложби за унапредување на родовите прашања 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги д-р Зоран Трајчевски, денеска одржаа заедничка прес-конференција посветена на прашањата за родовите, родово базираното насилство и начинот на известување на медиумите.  

Повеќе

06.02.2023

Средба Тренчевска- Сандри: Соработката со УНХЦР продолжува, особено со предизвиците со кои се соочуваат лицата без лични документи

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со претставничката на УНХЦР, Моника Сандри, на која што стана збор за имплементацијата на Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени, преку кој лицата без лични документи можат да се стекнат со одредени права од социјална и здравствена заштита, образование и вработување со задолжително социјално осигурување.

Повеќе

06.02.2023

Тренчевска: Задоволните работници ја создаваат успешната приказна на врвните компании

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со директорката на управа за јавни приходи, Сања Лукаревска ја посетија компанијата „Вивакс“. Целта на посетата е согледување на реалната слика на терен во однос на задоволството на работниците.

Повеќе

06.02.2023

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јануари 2023 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 6 февруари 2023 година.

Повеќе

05.01.2023

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика
 
Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните, дека согласно Законот за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на веб страната на Министерството.

Повеќе

03.02.2023

Исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани ќе се изврши на 13 февруари, а списоците на корисниците ќе бидат објавени на 6 февруари 

Министерството за труд и социјална политика, ги известува граѓаните дека паричните средства за корисници на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 13.02.2023 година. 

Повеќе

01.02.2023

Тренчевска: Целта е да креираме законско решение кое ќе содржи точни и прецизни одредби и нема да остави простор за исти прашања да има различни толкувања

Во Клубот на пратеници денеска се одржа јавна расправа за новиот Предлог закон за работни односи на која од страна на претставниците на Министерството за труд и социјална политика беа презентирани клучните новини во новото предлог законско решение, пред претставниците на адвокатската комора, адвокати, судии, јавни обвинители, професори и експерти по трудово право, претставници на здружение на млади правници и здружение на трудово и социјално право, како и претставници на Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување на Северна Македонија.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }