31.01.2023
Тренчевска: Раст на плати и пензии, поддршка за најранливите и оддржливи социјални услуги и сервиси ја обележаа 2022 година
Во рамки на дводневната конференција организирана од страна на Владата на Република Северна Македонија, „Година на нови можности“ се оддржа и панел сесијата „Социјални и здравствени политики во време на криза“ на која се дебатирише за ефектите од антикризните мерки, воведувањето на новите методологии за раст на минимална плата и пензиите, воспоставување на социјалните услуги и сервиси и обезбедување на нивна одржливост.
Повеќе
30.01.2023
МТСП: Во тек е етапната исплата на јануарските пензии
Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 30.01.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец јануари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.
Повеќе
27.01.2023
Тренчевска: Секоја критика е добредојдена затоа што критиката значи унапредување на текстот за ЗРО
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со претставници од работната група од Законот за работни односи, државниот советник за трудово право, Миле Стојановски, Кабинетската советничка, Ленче Коцевска, Раководителката на секторот за политики од областа на трудовото право и политики за вработување, Маја Папатолевска и Директорката на државниот инспекторат за труд, Весна Томовска присуствуваа на четвртата јавна расправа за Законот за работни односи во Битола.
Повеќе
25.01.2023
Тренчевска за Слободен печат: Унапредувањето на правата на работниците е на прво место
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше дел од утринската програма на Слободен печат. Како тема на разговор беше нацрт верзијата на Законот за работни односи.
Повеќе
24.1.2023
Тренчевска на брифинг со новинари за антикризните мерки и актуелни прашања од социјалната и детската заштита, насилството и работните односи
Во Клубот на пратеници денеска се одржа Брифинг за новинари, на кој беа отворени повеќе актуелни теми кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика: aнтикризните мерки за најранливите категории на граѓани, зголемувањето на правата од социјална и детска заштита преку усогласувањето со трошоците за живот, развивање на социјалните услуги на локално ниво и обезбедување на нивна одржливост, состојбата со семејното насилство во нашата држава и новините во нацрт законот за работни односи за кој во тек се јавни расправи.
Повеќе
24.01.2023
Тренчевска: Креираме мерки и закони кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани
"Јавните расправи за Законот за работни односи се во тек. Го менуваме досегашното породилно отсуство во три нови институти–мајчинство, татковство и родителство. Со ваквата измена овозможуваме еднакви можности на мајката и на таткото. Ги вклучуваме и мајката и таткото во грижата за децата“, информираше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во нејзиното гостување на емисијата „Што мисли народот“ на ТВ Стар–Штип.
Повеќе
23.01.2023
Тренчевска: Заедничката соработка ќе даде свој придонес за појаснување на одредени нејаснотии и дилеми
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренческа присуствуваше и на третата јавна расправа за Законот за работни односи која се одржа во Штип. На оваа расправа голем дел од учеството зедоа претставници на работодавачите вклучувајќи ги и претставниците на Организацијата на работодавачи на Македонија.
Повеќе
23.01.2023
Тренчевска: Преку издржани и аргументирани решенија до нов закон во кој приоритет се правата на работниците
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на втората јавна расправа за Законот за работни односи која се одржа во Струмица. На расправата присуствуваа претставници од синдикатите, меѓународните организации и работодавачите. Од страна на работната група која работеше на Законот за работни односи беа презентирани пред присутните новитетите кои треба да придонесат кон поголеми права на работниците.
Повеќе
23.01.2023
Тренчевска: Се залагаме и социјалната компонента да се одвива непречено за секое дете
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и Директорката на државен санитарен и здравствен инспекторат, Рената Младеновска го отворија инклузивното игралиште во клон 3 од Јавната детска установа „Детска Радост“ во Струмица.
Повеќе
19.01.2023
Тренчевска: Носиме системски решенија, обезбедуваме постојан раст на минималната плата, креираме мерки за активирање на невработените лица
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата Економски магазин на Алсат ТВ, зборуваше за растот на минималната плата, програмите и мерките насочени за спречување на одливот на работници во странство, капиталните инвестиции и вработувањата во детските градинки.
Повеќе
17.01.2023
Тренчевска: Како Влада го одбираме патот на инклузија, на социјална правда и еднаквост
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на Регионална Конференција „Модели за инклузија на малцинствата и ранливите групи во Западен Балкан - Споделување на добри практики и препораки за подобрено креирање на политики“, организирана како дел од проектот „Унапредување на моделите за инклузија на малцинствата и зајакнување на испораката на услугите во општинските структури во Западен Балкан“.
Повеќе
16.01.2023
Тренчевска на Топ Тема: Договори на определено време до две години, воведување на мајчинско, родителско и татковско отсуство, дел од новиот ЗРО
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата „Топ Тема“, на ТВ Телма, зборуваше за Нацрт законот за работни односи и за новиот систем на плати, кои како што рече таа станува збор за системски решенија кои ги унапредуваат работничките права.
Повеќе
13.01.2023
Тренчевска: Задоволство е заедно со највозрасните и најискусните да ја започнеме годината
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ги посети пензионерите во Здружението на пензионери во Кавадарци. Во знак на празникот Василица меѓу присутните традиционално беше поделено лепче со паричка и беше одржана лотарија на која беа доделени 30 награди.
Повеќе
12.01.2023
Тренчевска: Со прифаќање на различностите на секој од нас можеме да бидеме посилни како општество
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на конференцијата „Различностите, благослов или проклетство“ во организација на Цивил со поддршката од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург. Целта на оваа конференција е да даде придонес кон општествениот дијалог и креирањето политики и практики за поддршка и унапредување на мултикултурализмот во македонското општество.
Повеќе
12.01.2023
МТСП: Започна исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани
Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е исплатата на паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза.
Повеќе
11.01.2023
Тренчевска: Преку соработка со граѓанскиот сектор до соодветни социјални услуги за граѓаните
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го посети долгогодишнте партнери на министертвото во борбата против трговијата со луѓе Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена Порта“ Скопје.
Повеќе
11.01.2023
Тренчевска за ТВ 24: Во март минималната плата ќе биде над 20 илјади денари, што е за 12 илјади повеќе од минималната плата во 2017 година
„Методологијата за пресметка на минимална плата, донесена во март 2022 година, е системско решение кое предвидува постојан раст на минималната плата. Решение кое нема да зависи од политичка волја, туку се усогласува со порастот на трошоците за живот и порастот на просечната плата. Во март секоја година, согласно оваа методологија ќе се усогласува минималната плата,“ рече Тренчевска во гостувањето на ТВ 24.
Повеќе
05.01.2023
Министерката Тренчевска и децата од групните домови „25мај“ и корисниците на Заводот за рехабилитација -Топанско поле, подготвуваа бадникова трпеза
Во пресрет на големиот христијански празник Бадник, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ги посети децата од групните домови при ЈУ „25 мај“ и корисниците од ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци - Топанско поле.
Повеќе
05.01.2023
Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика
Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните, дека согласно Законот за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на веб страната на Министерството.
Повеќе
04.01.2023
МТСП: Склучени договорите за финансирање на социјалните услуги со лиценцираните даватели на услуги
Развојот и подобрувањето на квалитетот на социјалните услуги во локалните заедници, согласно потребите на граѓаните и зголемување на пристапноста и достапноста на социјалните услуги наменети за ранливите групи на граѓани, постарите лица, децата и лицата со попреченост, децата во ризик и децата без родителска грижа, жртви на семејно и родово базирано насилство и жртви на трговија со луѓе и други деца и лица се врвен приоритет на Министерството за труд и социјална политика.
Повеќе
04.01.2023
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец декември 2022 година.
Повеќе
04.01.2023
Исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани ќе се изврши на 12 јануари
Министерството за труд и социјална политика, ги известува граѓаните дека паричните средства за корисници на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 12.01.2023 година.
Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе се објави на 5-ти јануари 2023 година и тоа:
- На веб страната на Министерството за труд и социјална политика (корисници на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош)
- На веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување)
- На веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (невработени лица - корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок).
Повеќе
01.01.2023
Министрите Тренчевска и Сали го посетија првото родено бебе во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и министерот за здравство Беким Сали, денеска го посетија првото родено бебе во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Скопје.
Повеќе