31.07.2023

МТСП: Во тек е исплатата на пензиите за месец јули

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 31.07.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец јули. 

Повеќе

27.07.2023

Тренчевска: Градиме заеднички спомени со децата од дневните центри

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска утринава со децата од Центарот за бездомни лица од Чичино Село и Дневните центри за деца на улица од Кисела Вода и Шуто Оризари го посетија Археолошкиот музеј во Скопје. Децата заедно со двете министерки неколку часа поминаа во катчето за деца каде читаа сликовници поврзани со археологијата.

Повеќе

27.07.2023

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за четврти мерен период за учебната година 2022/2023 година

Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за учебната 2022/2023 година. Со oваа исплата се опфатени 30.999 корисници на образовен додаток на ниво на држава.

Повеќе

26.07.2023

Тренчевска: Обезбедуваме подобри услови за работа на стручниот кадар и поквалитетни услуги за граѓаните 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи- Скопје, Изеир Мемеди денес ги промовираа  новите канцеларии на подрачните центри за социјална работа на општините Аеродром и Центар. Граѓаните од овие општини сега ќе можат да ги остваруваат правата и услугите од системот на социјална заштита.

Повеќе

26.07.2023

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Фондациите Барка и Сизигија

Центарот за социјални претпријатија во Скопје, кој се отвори преку проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ финансиран од Европската Унија и со поддршка на Министерството за труд и социјална политика продолжува со работа.

Повеќе

26.07.2023

Со цел појаснување и единствена примена на препораките на Владата на Република Северна Македонија, поврзани со работењето за време на топлотниот бран, Министерството за труд и социјална  политика во соработка со Државниот инспекторат за труд го дава следното соопштение 

Повеќе

25.07.2023

МТСП: Продолжуваат да важат мерките и препораките за заштита на граѓаните од високите температури

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението.

Повеќе

24.07.2023

Тренчевска: Здравјето на работниците пред се!

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со директорката на државниот инспекторат за труд, Весна Томовска и тим од инспектори, излегоа на терен за време на забрана за работа на отворено како активност преку која треба да се увиди почитувањето на мерките од портокалова фаза.

Повеќе

21.07.2023

Тренчевска на тема на денот: Задоволен работник е продуктивен работник

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вечерва беше гостинка во Тема на денот на дневникот на Сител Телевизија. Главен фокус на разговорот на нејзиното гостување беше општиот колективен договор и придобивките кои вработените во јавниот сектор ги имаат.

Повеќе

21.07.2023

Тренчевска за Канал 5: Потпишавме историски договор со поволности за цел јавен сектор 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија, истакна дека Општиот колективен договор е историски договор кој се потпишува после 15 години и содржи  поволности за цел јавен сектор односно 130.000 лица.

Повеќе

21.07.2023

Тренчевска во посета на градинката „Земунски бисер“ со цел унапредување на детската заштита преку добри примери

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со делегацијата од Република Северна Македонија во склоп на претставници од Министерството за труд и социјална политика и претставници од проектот за подобрување на социјалните услуги при министерството ја посетија Детската градинка „Земунски бисер“. Објектот е во склоп на јавната детска установа „Д-р Сима Милошевиќ“ во Белград, Република Србија.

Повеќе

20.07.2023

Средба Тренчевска- Селаковиќ: Преку размена на искуства ги унапредуваме системите за социјална заштита, вработување и можности за сите граѓани

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска официјалната посета на Република Србија ја започна со билатерална средба со министерот за труд, вработување, боречки и социјални прашања, Никола Селаковиќ.

По средбата министерката Тренчевска во изјава за медиуми ја потврди заложбата на двете земји за унапредување на системите за социјална заштита како клучни кои обезбедуваат заштита и поддршка на граѓаните во двете земји.

Повеќе

19.07.2023

Министерката Тренчевска отпатува на работна посета во Република Србија

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на покана на министерот за труд, вработување, боречки и социјални прашања на Република Србија, Никола Селаковиќ од денес до петок ќе престојува во работна посета на Република Србија.

Повеќе

19.07.2023

Тренчевска: Чекориме по патот на решението на деценискиот предизвик на лицата неевидентирани во Матичната книга

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со шефот на мисијата на ОБСЕ, Килијан Вал, Министерот за правда, Кренар Лога и претставничката на УНЦХР во Република Северна Македонија, Кристина Бунеа се обратија на отворањето на регионалните работилници за имплементација на изменетиот Закон за матичната евиденција. Работилниците се организирани од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и УНХЦР.

Повеќе

18.07.2023

Консултативна средба за нацрт-верзијата на Стратегијата за демографски политики 2024 – 2044 година

Консултативна средба за нацрт-верзијата на Стратегијата за демографски политики 2024 – 2044 година денеска се одржа во Клубот на пратенички на Собрание на Република Северна Македонија со цел информирање и запознавање со процесот за развој на новата Стратегија во присуство на пратеничките.

Повеќе

17.07.2023

Преку заедничка работа до заштита и превенција од родово базирано насилство

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓорѓиевска, заменик-амбасадорката на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Џулија Смит и Шефицата на канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија, Афродита Шаља го отворија настанот „Има помош за живот без насилство – Инвестирање во родовата еднаквост денес е инвестиција во заедничката иднина„. Настанот беше организиран од страна на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во Скопје, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на Британската Амбасада во Скопје. Целта на настанот е споделување на достигнувањата на заедничката работа во областа на заштитата и превенцијата од родово базирано и семејно насилство како дел од проектот „Превенција и заштита од родово базирано насилство во Северна Македонија“.

Повеќе

17.07.2023

Тренчевска: Започна дистрибуцијата на свежо домашно овошје до сите градинки преку проектот „Здрав оброк за секое дете“

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со министерот за  земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и градоначалникот на Општина Центар, го означија почетокот на дистрибуција на свежо овошје во градинките како дел од Програмата за поттикнување на потрошувачка на свежо овошје за 2023 година на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, која ги вклучува сите градинки во државата и предвидува свежо сезонско овошје секој ден, за секое дете.

Повеќе

16.07.2023

МТСП: Од утре до 25 јули продолжува портокаловата фаза во цела држава-се препорачува ослободување од работа на најранливите категории население

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението.

Повеќе

14.07.2023

Тренчевска: Започнува со работа новиот дневен центар за деца со попреченост во Општина Карпош 

Социјалната реформа продолжува со придобивки за граѓаните. Во Општина Карпош во Скопје денес официјално е отворен новиот дневен центар со индивидуални третмани за деца со попреченост. Во дневниот центар  32 деца на возраст од 2 до 10 години,  ќе добијат индивидуален третман од стручните служби согласно нивната потреба, за што е направена претходна проценка. Услугата ќе ја обезбедат стручни соработници и специјални едукатори, од здружението „Монтесори“, кое е давател на оваа услуга. „Монтесори“ има огромно искуство и знаење во областа, а преку овој центар ќе придонесе за поголема инклузивност на децата во заедницата. 

Повеќе

14.07.2023

Тренчевска – Вуцас: Соработката со амбасадите секогаш вродува со успеси 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари проштална средба со австрискиот амбасадор Н.Е. Георг Вуцас и аташето на Австриското Федерално Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи, Харолд Фугер.

Повеќе

12.07.2023

МТСП: Од утре до недела портокалова фаза во цела држава-се препорачува ослободување од работа на најранливите категории население

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението.

Повеќе

11.07.2023

Министерството за труд и социјална политика со раст за 12.4% активна транспарентност за една година, достигна највисок ранг досега

Министерството за труд и социјална политика согласно Индексот за активна транспарентност 2023 година, бележи искачување за 12.4%, со што ја  потврдува својата транспарентност и отвореност кон граѓаните. 

Повеќе

10.07.2023

Тренчевска: Време е да имаме еднакви можности, еднаков пристап до ресурси и најважно еднакви придобивки од тие ресурси

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во утринската програма на Македонската телевизија зборуваше за родовата еднаквост, стереотипите присутни во општеството, за вистината за Предлог законот за родова еднаквост, за семејните вредности, заштитата на децата и серијата настани под наслов „Остави трага“, каде во фокус се младите лица.

Повеќе

07.07.2023

Тренчевска за ТВ24: Нашата држава беше препознаена како земја - лидер која многу направи за родовата еднаквост

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска  беше гостин  во емисијата „Студио 10“  на Телевизија 24. Во телевизиското интервју стана збор за анти-родовите движења, новиот Предлог закон за родова еднаквост и вистинската суштина на ова законско решение, расчистување на дилемите околу поимите пол, род и родов идентитет, како и новата серија настани насловени „Остави трага“ каде во фокусот се младите, а  во организација на Министерството за труд и социјална политика, Совет на Европа и Институтот за добро владеење и евроатлантски перспективи.

Повеќе

06.07.2023

Мултимедијален настан во знак на отпочнување на серија на настани под името „Остави трага“

Во знак на отпочнување на серија на настани под името „Остави трага“ која се однесува на млади лица, а ќе ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи заедно со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ се одржа мултимедијален настан под името „Дојди раскажи ја својата приказна – Остави трага“.

Повеќе

05.07.2023

Тренчевска: Агенциите на Обединетите Нации верни поддржувачи на МТСП

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Росана Дуџак и претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани. На средбата се разговараше за досегашната соработка на организациите на Обединетите Нации и Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе

05.07.2023

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јуни 2023 година.

Повеќе

04.07.2023

Тренчевска - Пилграм: Меѓународната организација на трудот останува силен подржувач на нашата држава во политиките во областа на трудот

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со директорот на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за Централна и Источна Европа, Маркус Пилграм.

Повеќе

04.07.2023

Северна Македонија и Меѓународната организација на трудот потпишаа нова програма за соработка за достоинствена работа 


Меѓународната организација на трудот (МОТ), Владата, синдикатите и организациите на работодавачите ја усвоија новата Национална програма за достоинствена работа, што ќе се спроведува до крајот на 2025 година. Креирање на повеќе и подобри работни места, подобрени изгледи за вработување на младите жени и мажи, како и инклузивен пазар на труд преку натамошно унапредување на социјалниот дијалог, се клучните приоритети на чие остварување во наредните три години заеднички ќе продолжат да работат партнерите кои го сочинуваат социјалниот дијалог.

Повеќе

03.07.2023

Тренчевска: Законот за родова еднаквост е за подобрување и почитување на семејните вредности, за заштита на децата и унапредување на положбата на жените

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во Дневникот на КТВ Телевизија зборуваше за неколку актуелни теми, пред се за Законот за матична евиденција и Законот за родова еднаквост, за семејните вредности капиталните инвестиции во социјална и детска заштита, како и новата Кампања за млади -Остави трага.

Повеќе

03.07.2023

Тренчевска: Соработката со општините е клучна, инвестираме во проекти од кои директна придобивка имаат нашите граѓани 

Во Министерството за труд и социјална политика, денес се потпишаа договори за соработка и договори за групна набавка со општините Карбинци, Дебар и Македонски Брод од страна на министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и градоначалниците на општините.

Повеќе

03.07.2023

Тренчевска: Активноста на младите води до прогресивни промени

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска оствари средба со Сојузот на извидници. Средбата беше во пресрет на активностите кои министерката во следниот период треба да ги реализира за охрабрување на младите за поголемо учество во општествените процеси како и за вклучување на што поголем број на млади во активности кои се поврзани со спортот, истражувањето и креативноста кои позитивно ќе влијаат на нивното ментално здравје.

Повеќе

03.07.2023

Дијалогот за пораст на платите во јавниот сектор продолжува, целта е јасна - креирање на одржлив и праведен систем за сите

Економско-социјалниот совет (ЕСС) денес продолжи со Eдинаесетата седница со која претседаваше Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Повеќе

03.07.2023

Тренчевска: Предизвиците со кои се соочуваме ги решаваме преку дијалог

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Дејановски како и со дел од вработените во Центрите за социјална работа. Средбата беше одржана во пресрет на утрешниот најавен протест од страна на синдикатот. Фокусот на разговорите на средбата беше во насока на барањата за покачување на платите на вработените, регресот за годишен одмор како и бенефицираниот стаж.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }