15 133
Целта на телефонската информативна линија за потенцијални згрижувачи е да биде сервис на потенцијалните згрижувачи во однос на нивно информирање за постапката за станување згрижувачко семејство, потребната документација, улогата на згрижувачите и обврските кон децата, но и многу други прашања кои се однесуваат на згрижувачкото семејство, во однос на заштита на децата, правата и одговорностите.
Телефонската информативна линија за потенцијални згрижувачи е сигурно место кое на потенцијалните згрижувачи им овозможува да комуницираат со стручни лица и да разјаснат дилемите во врска со функциите на згрижувачките семејства.