31.03.2023
Од Регионалната конференција „Гласно и храбро ги поместуваме границите“: Напредок на полето на родова еднаквост има, борбата продолжува додека секоја жена и девојка не се чувствуваат совршено безбедни и добредојдени во сите сфери на живеењето
На последниот панел „Одлучност, каде бевме-каде сме-каде одиме“ на Регионалната конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ- Гласно и храбро ги поместуваме границите“, се споделија важни пораки за каде треба да се движи општеството, од аспект на родовата еднаквост.
Повеќе
31.03.2023
Со пораки за жените во науката, ИТ секторот, состојба и предизвици се зборуваше на регионалната конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ-Гласно и храбро ги поместуваме границите“
Регионалната конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ-Гласно и храбро ги поместуваме границите“ денеска се одржува втор ден во Скопје. Во организација на Министерството за труд и социјална политика со поддршка на UN WOMEN, и учесници од регионот и пошироко, дадоа осврт на моменталната состојба со родовата еднаквост, и каде треба сите да работиме уште повеќе.
Повеќе
31.03.2023
Втор ден Регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ-Гласно и храбро ги поместуваме границите“
Министерството за труд и социјална политика како дел од кампањата „Гласна и храбра“, посветувајќи го месец март на менталното здравје и благосостојбата на жената како предуслов за родова еднаквост организира дводневна Регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ-Гласно и храбро ги поместуваме границите“.
На вториот ден од конференцијата се обратија околу 20 панелисти, претставници на институции, од земјата и регионот, амбасадори, бизнис секторот, како и претставници на невладини и меѓународни организации, експерти од областа на родовата еднаквост и комуниколози.
Повеќе
30.03.2023
Предизвиците на руралната жена и унапредување на нивната состојба во фокусот на панелот „Жени од руралните средини го движат регионот“, на регионалната конференција на МТСП
Во третиот панел „Жени од руралните средини го движат регионот“, на регионалната конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ-Гласно и храбро ги поместуваме границите“, учесниците зборуваа за предизвиците на руралната жена и механизми кои се во насока на унапредување на нивната состојба.
Повеќе
30.03.2023
Со пораки за осуда и санкционирање на говорот на омраза, зборуваа учесниците на Регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ - Гласно и храбро ги поместуваме границите“
Преку кампањата на Министерството за труд и социјална политика „Гласна и храбра“, а со поддршка на Канцеларијата на UM Women во земјава, цел месец март се реализираа бројни панел дискусии и работилници, денeска и утре во Скопје се оддржува регионална конференција, со присуство и учество на високи претставници на институции, амбасади, собрание, граѓански и меѓународен сектор.
Повеќе
30.03.2023
Силни пораки за жените во униформа беа упатени на конференцијата „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ-Гласно и храбро ги поместуваме границите“
Во рамки на дводневна Регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ- Гласно и храбро ги поместуваме границите", на панел 1 се зборуваше на тема: „Жени во униформа-борба на два фронта“.
Повеќе
30.03.2023
Започна дводневната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ“ на Министерството за труд и социјална политика
Министерството за труд и социјална политика како дел од кампањата „Гласна и храбра“, посветувајќи го месец март на менталното здравје и благосостојбата на жената како предуслов за родова еднаквост организира дводневна Регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ“, - Гласно и храбро ги поместуваме границите.
Повеќе
29.3.2023
Хусејин: Наша обврска е да се обезбедиме еднакви можности за граѓаните
Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин се обрати на настанот на кој се презентираше проектот: „ЕУ за човекови права: Вклучување на концептите за недискриминација во законодавството“.
Повеќе
29.03.2023
Тренчевска: Ги означуваме последните чекори на кампањата „Гласна и храбра“
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска го започна денот со посета на „Преплет“ женско претприемништво, продавница за подароци формирано од успешни жени и функционира веќе 10 години.
Повеќе
28.03.2023
Тренчевска-Селаковиќ: Преку дигитализација до подобри социјални услуги кои ќе одговорат на потребите на граѓаните
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска на билатерална средба се сретна со министерот за труд, вработување, ветерани и социјална политика, Никола Селаковиќ на Република Србија. Главен фокус на средбата беше дигитализацијата на системот за социјална заштита и како тоа функционира во Република Србија.
Повеќе
28.03.2023
Тренчевска: Верувам дека кадрите кои излегуваат од ИБУ се спремни да одговорат успешно на нивните професии
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го посети Меѓународниот Балкански универзитет во Скопје каде беше пречекана од страна на ректорот на факултетот, Мехмет Дурсун Ердем и проректорот Мевлудин Ибеш. Од страна на ректорот беа презентирани просториите на кампусот од универзитетот. Целта на посетата беше работилницата која беше одржана со студентки од универзитетот која беше организирана во рамките на кампањата која ја спроведува Министерството за труд и социјална политика „Гласна и храбра“.
Повеќе
28.03.2023
МТСП: Во тек е етапната исплата на мартовските пензии, повисоки за 8.4%
Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија за раст на пензиите, која следи два индикатори односно 50% од порастот на просечната плата и 50% од порастот на трошоците за живот. Ова усогласување се врши два пати во годината март и септември и претставува постојан раст на пензиите.
Повеќе
27.03.2023
Во рамки на кампањата „Гласна и храбра се одржа панел дискусија насловена „Дискриминација сокриена во екранот- еднаква плата и вознемирување на жени од ИТ сектор“
Во рамки на кампањата „Гласна и храбра “ на Министерството за труд и социјална политика, денеска се одржа панел дискусија насловена „Дискриминација сокриена во екранот- еднаква плата и вознемирување на жени од ИТ сектор“, на која зборуваа министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерскo инженерство, проф. д-р Боро Јакимовски, комуникологот Бојан Кордалов и Деспина Жупан, сопственичка на маркетинг компанија. Младите студенти и вработени во ИТ секторот, имаа можност да ја следат панел дискусијата и онлајн на социјалните мрежи.
Повеќе
24.03.2023
Тренчевска: Старите изнемоштени лица од општина Кисела Вода добиваат нова социјална услуга за помош и нега во домот
Oколу 40 лица над 65 години на кои им е потребна грижа и нега, како и лица со намален функционален капацитет и попреченост кои живеат на територија на општина Кисела Вода, во наредниот период ќе почнат да ја добиваат неопходната помош и нега во рамки на нивните домови. За нив секојдневно ќе се грижат 20 лиценцирани негуватели од Нега центарот Кисела Вода кои ќе им обезбедуваат помош во одржување на личната хигиена, при обезбедување на потребните намирници, лекови и слично, како и во одржување на домот.
Повеќе
23.03.2023
Тренчевска: САСА е пример за современ руднички комплекс кој се грижи за благосостојбата на вработените и родовата еднаквост
Во рамки на активностите посветени на економското зајакнување на жената, кои се спроведуваат во текот на месец март во склоп на кампањата „Гласна и храбра“, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска го посети рудникот САСА. На средбата со раководниот и техничкиот тим на САСА, министерката се запозна со сите позначајни аспекти од работата на САСА, како и со ефектите од континуираните вложувања во модернизација на производството, во безбедноста и условите за работа, во професионалниот развој и благосостојба на вработените, како и во областите на животната средина, одржливиот развој и поддршката на локалната заедница.
Повеќе
22.03.2023
Република Северна Македонија е мозаик од различности, но е едно општество за сите
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна и со жени во Радовиш од различна етничка припадност како и жени кориснички на услуги и права од Центрите за социјална работа. Заедно со директорот на Центарот за социјална работа во Радовиш, Александар Филев и претставниците на Министерството за труд и социјална политика и жените од Радовиш во рамките на кампањата „Гласна и храбра“ се разви дискусија за секојдневните предизвици во општината.
Повеќе
22.03.2023
Младите во Струмица во склоп на кампањата „Гласна и храбра“ зборуваа со министерката Тренчевска за менталното здравје и економското зајакнување
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со младите од Општина Струмица. Во рамки на кампањата „Гласна и храбра“ со цел економско зајакнување и ментално здравје Тренчевска го продолжува караванот на територијата на целата држава и продолжи со средбите со различни целни групи.
Повеќе
22.03.2023
Тренчевска: Заедно институциите, граѓанскиот и меѓународниот сектор можеме да направиме многу повеќе во борбата против насилството
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Метју Лосон, градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, претставничката на УНФПА, Афродита Плавјанска Шалја го посетија здружението на граѓани „Скај плус’’, Струмица, кое покрај засолниште има воспоставено и советувалиште за жени жртви на семејно насилство и нивните деца во Општина Струмица.
Повеќе
21.03.2023
Во рамки на кампањата „Гласна и храбра“ продолжуваме со средби со најмладите и најинспиративните
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање во рамки на кампањата „Гласна и храбра“ денеска се сретна со студенти од семејни студии од Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Повеќе
21.03.2023
Тренчевска: Преку новата веб страна www.zgrizuvanje.gov.mk до многу корисни информации за постојаните и потенцијалните згрижувачки семејства
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ди Џовани, денеска го посетија Центарот за поддршка на згрижувачки семејства при ЈУ Детски дом 11 октомври, во Скопје.
Повеќе
21.03.2023
Предлог законот за родова еднаквост ја унапредува родова еднаквост во општеството, целиме кон општество без стереотипи, враќањето назад е уназадување на општеството
Креирањето на законски решенија кои имаат за цел унапредување на правата на сите граѓани, согласно потребите на едно современо општество е приоритет и сериозна обврска во работењето на Министерството за труд и социјална политика. Во таа насока, на транспарентен начин, со вклученост на сите засегнати релевантни чинители во општеството се креираат сите законски решенија кои се во негова надлежност.
Повеќе
21.03.2023
Тренчевска: Нема закон или стратешки документ кој не го работиме на транспарентен начин
„Дваесет години сум вработена во Министерството за труд и социјална политика, девет години во приватниот сектор и три години во граѓанскиот сектор. Со цело тоа искуство сметам дека можам да одговорам на предизвиците со кои се соочува Министерството за труд и социјална политика“, рече Тренчевска на почетокот од утринското интервју за Слободен печат.
Повеќе
20.03.2023
Тренчевска: Носењето на нов општ колективен договор е неопходно, ќе даде решение за состојбата на вработените во јавниот сектор
Економскиот социјален совет денеска ја оддржа седмата седница, на која се отвори дискусија за неопходноста од склучување на нов Општ колективен договор и за Предлог законот за систем на плати во јавниот сектор, како точки на оваа седница.
Повеќе
20.03.2023
Тренчевска: Иднината на секое општество зависи од неговата способност да го негува здравјето и благосостојбата на следната генерација деца
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, Амбасадорот на Норвешка во Србија, Северна Македонија и Црна Гора, Јорн Јелстад и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан присуствуваа на промоцијата на Протоколот за меѓусекторска соработка за постапување со деца на улица.
Повеќе
20.03.2023
Министерството за труд и социјална политика ги демантира лагите на ВМРО-ДПМНЕ за директорката на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“
Министерството за труд и социјална политика, ги демантира изнесените невистини на прес конференција од страна на членови на ВМРО ДПМНЕ, во врска со директорката на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“, Битола.
Квалитетот на професионалните компетенции, работната етика и почитувањето на законите се условите кои мора да бидат исполнети од страна на раководните лица поставени од Министерството за труд и социјална политика, предводено од министерката Јованка Тренчевска.
Повеќе
17.03.2023
МТСП: Работодавачите се должни утврдениот бруто-износ за 2023 година да го пресметаат и исплатат со платата за месец март
Министерството за труд и социјална политика известува дека во однос на Објавата за висината на минималната плата за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.58/23), која беше објавена на 16.03.2023 година согласно Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, работодавачите се должни утврдениот бруто-износ за 2023 година од 29.739,00 денари, да го пресметаат и исплатат со платата за месец март. Согласно Законот за работните односи платата за месец март треба да се исплати најдоцна до 15 април 2023 година.
Повеќе
17.03.2023
Тренчевска за Телевизија 3: Политиките не се креираат во канцеларија, туку во комуникација со граѓаните
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска за време на нејзината посета во Дебар гостуваше во Телевизија 3. За време на нејзиното интревју беа опфатени темите: покачување на минималната плата и покачувањето на пензиите во државата, капиталните инвестиции на Министерството за труд и социјална политика во делот на детската заштита, услугата помош и нега во домот и кампањата „Гласна и храбра“ која ја спроведува Министерството за труд и социјална политика во текот на месец март.
Повеќе
16.03.2023
МТСП: Организирана обука на тема ,,Родово одговорно буџетирaње и неговата примена во секторските политики и програми''
Министерството за труд и социјална политика продолжува со активностите насочени кон вклучување на родовата перспектива во буџетските политики и процесот на стратешко планирање.
Повеќе
16.03.2023
Министерката Тренчевска во посета на Центарот за дневен претстој за стари лица во Чаир во склоп на кампањата „Гласна и храбра“
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со секретарката на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска го посетија Центарот за дневен престој за стари лица во Чаир. Посетата беше направена во рамки на кампањата „Гласна и храбра“ со цел промоција на економско зајакнување и ментално здравје на различни целни групи.
Повеќе
15.03.2023
Тренчевска: Економско зајакнати млади означуваат млади кои ветуваат сигурна иднина
Министерството за труд и социјална политика во склоп на кампањата „Гласна и храбра“ спроведе уште една работилница со младите од Дебар.
Повеќе
15.03.2023
Тренчевска: Продолжуваме со зголемување на капацитетите на градинките на територијата на целата држава
Mинистерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ја посети градинката „Брешиа“ во Дебар која беше пречекана од страна на директорката, Ајрие Дачи. За време на посетата министерката проследи кратка претстава одиграна од страна на децата во градинката. Градинката моментално вкупно во сите нејзини објекти има вклучено 399 деца во процесот на воспитание и образование.
Повеќе
15.03.2023
Заменик министерот Хусејин учествува на 26-от Евроазиски економски самит
Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин учествува на 26-от Eвроазиски економски самит, организиран од страна на Фондацијата Мармара (Marmara Group Fondation), во Турција.
Повеќе
15.03.2023
Тренчевска: Системските решенија носат резултати на краток, но и на долг рок
„Системските решенија даваат резултати! Она што мене ми е приоритет е носење на системски решенија кои што ќе даваат резултат како на краток, така и на долг рок. Оваа одлука што ја донесовме на Економско социјалниот совет за висината на минималната плата е одлука на едно системско решение кое го донесовме изминатата година со измените на Законот за минимална плата каде што утврдивме нова методологија врз основа на која ќе растат платите во државата“, рече Тренчевска во дебатната емисија на Телевизија 24.
Повеќе
14.03.2023
Тренчевска: Продолжуваме со кампањата за економско зајакнување и ментално здравје
Министерството за труд и социјална политика во континуитет продолжува со организирање на настани во склоп на кампањата „Гласна и храбра“ со цел економско зајакнување и ментално здравје на различни целни групи.
Повеќе
14.03.2023
МТСП: Новото мартовско усогласување на пензиите изнесува 8,4%
Министерството за труд и социјална политика известува дека согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија од март 2022 година за новата методологија за усогласување на пензиите со мартовската исплата пензиите ќе се зголемат за 8,4%.
Повеќе
13.03.2023
МТСП: Започна исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани
Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е исплатата на паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза.
Повеќе
13.03.2023
Организирана дискусија на тема „Жени кои спасуваат животи а немаат лек за дискриминацијата–жени во белиот мантил“
Министерството за труд и социјална политика денеска организираше дискусија насловена „Жени кои спасуваат животи, а немаат лек за дискриминацијата–жени во белиот мантил“ како дел од кампањата „Гласна и храбра“ која се реализира во месец март. Дискусијата има за цел подигнување на свеста за дискриминацијата на жените во белиот мантил како предуслов за родова еднаквост во општеството.
Повеќе
13.03.2023
Социо-емоционалното учење една од главните компоненти во однос на воспитанието за правилен детски развој
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски беа присутни на почетокот на денот кај децата кои се дел од градинката „Кочо Рацин“ во Општина Центар каде ги пречека директорката на градинката, Габриела Алабашовска.
Повеќе
10.03.2023
Промоција на Програмата за поддршка за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска активност
Министерството за труд и социјална политика денеска организираше настан во општина Кривогаштани за промоција на Програмата за поддршка за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност и поддршките наменети за земјоделките преку програмата за финансиска поддршка за рурален развој 2023 година. Настанот беше организиран во склоп на кампањата „Гласна и храбра“ која ја спроведува Министерството за труд и социјална политика посветувајќи го месец март на менталното здравје и благосостојба на жените како предуслов за родовата еднаквост.
Повеќе
08.03.2023
Тренчевска: Вие го поставивте темелот, а ние не застануваме, продолжуваме до целосна родова еднаквост во општеството
Во знакот на 8 март, Министерството за труд и социјална политика организираше дружење со пензионерките во Клубот на пратеници.
По тој повод министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска честитајќи им го празникот на жената се заблагодари на сите заложби кои овие жени – херои на ова време, ги направиле во годините наназад, но и неуморно продолжуваат со своите активности, помагајќи им на другите.
Повеќе
08.03.2023
Свечена седница во Собранието на Република Северна Македонија по повод 8 март
Одржана е свечена седница во Собранието на Република Северна Македонија по повод одбележување 8 март, како и одбележување на 20 години од постоењето на клубот на пратенички. Настанот со воведно обраќање го отвори Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери.
Повеќе
08.03.2023
Тренчевска за ТВ 24: Заеднички да работиме на подобрување на состојбите за поголема родова еднаквост во општеството
„Министерството за труд и социјална политика е транспарентно министерство со вклученост на сите граѓански организации. Немаме закон каде не е вклучен граѓанскиот сектор. 30 години работам на женски права, од кои 21 година во министерството. Не можам да се сложам со повикот на денешниот марш дали жените ќе преживеат. Не смееме да генерализираме. Не сите жени се соочуваат со проблем или со ист проблем. Не станува збор за колективна негрижа кон жените денес и тоа е претежок израз, но не можеме ни да бидеме задоволни, туку можеме да направиме повеќе", посочи министерката Тренчевска во денешното гостување во Студио 10, на ТВ 24.
Повеќе
08.03.2023
Тренчевска за ТВ 24: Креаторите на политиките не треба да седат во канцеларија, туку да бидат на терен и да разговараат со граѓаните
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата Студио 10, на Телевизија 24, зборуваше за говорот на омраза, кон жените кој е многу раширен во државата. Таа посочи дека за тоа придонесуваат социјалните мрежи каде луѓето можат да си кажат се што сакаат.
Повеќе
08.03.2023
Тренчевска за ТВ 24: Родовата еднаквост е борба за сите нас, таа не признава политичка припадност
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска гостуваше во емисијата Студио 10, на Телевизија 24, каде што ги пренесе клучните пораки за родовата еднаквост во општеството, работата на институциите и соработката со граѓанските организации на ова важно прашање.
Повеќе
07.03.2023
Тренчевска: Вклучувањето на родовата димензија во законските решенија е од големо значење за градење на современо општество и економскиот раст на државата
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска учествуваше на панел дискусија насловена: „Родовата еднаквост - клуч за економскиот раст на државата“ во организација на Европската бизнис асоцијација. Заедно со останатите панелистки кои учествуваа во дискусијата зборуваше за родовата еднаквост во нашето општество, на нашите работни места, институции, компании.
Повеќе
06.03.2023
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2023 година.
Повеќе
06.03.2023
Конференција „Униформа, оклоп кој значи ранливост - нашата секојдневна борба на два фронта“: Родовите политики ги носат промените во општеството
На панел три од конференцијата на тема: „Униформа, оклоп кој значи ранливост - нашата секојдневна борба на два фронта“, зборуваа, Томе Пеев, потполковник во Армијата на Република Северна Македонија, потполковник Александра Доневска од Кабинетот на Началникот на Генералштабот на Армијата, Ирена Спирова, самостоен инспектор од Единицата за брзо распоредување и Марјан Кицев, претседател на Македонскиот полицискиот синдикат.
Повеќе
06.03.2023
На конференцијата „Униформа, оклоп кој значи ранливост-нашата секојдневна борба на два фронта“ со пораки за родова перспектива, рамнотежа и родова еднаквост
На панел два од конференцијата на тема: „Униформа, оклоп кој значи ранливост-нашата секојдневна борба на два фронта“, зборуваа, Магдалена Несторовска, државна секретарка во Министерството за внатрешни работи, првата жена Аѓутантка на Претседателот на РСМ, Пендаровски, Билјана Блажевска и професорката на Факултетот за безбедност Стојанка Мирчева.
Повеќе
06.03.2023
Одржана конференција на тема: „Униформа, оклоп кој значи ранливост-нашата секојдневна борба на два фронта“ како дел од кампањата „Гласна и храбра“ на МТСП
Министерството за труд и социјална политика во рамките на кампањата „Гласни и храбри“ за родова еднаквост посветувајќи го месец март на менталното здравје и благосостојбата на жените како предуслов за родова еднаквост денеска организираше конференција на тема: „Униформа, оклоп кој значи ранливост - нашата секојдневна борба на два фронта“ во Факултетот за безбедност – Скопје.
Повеќе
06.03.2023
Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика
Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните, дека согласно Законот за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на веб страната на Министерството.
Паричните средства за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 13.03.2023 година.
Повеќе
03.03.2023
Спроведена работилница во Битола како дел од кампањата на Министерството за труд и социјална политика „Гласна и храбра“
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Битола оствари работилница со поддршката на Професорката Софија Арнаудова со цел ментално и економско зајакнување на жените. Во работилницата беа вклучени околу 40 жени од ранливи категории на граѓани.
Повеќе
03.03.2023
Хусејин: Безбедноста и здравјето при работа е еден од суштинските елементи за создавањето на она што го нарекуваме „пристојна работа“ и „пристојни работни услови”
Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин присуствуваше на настан со кој свечено се одбележа отпочнувањето со работа на компанијата „Премиум Сејфти Солушн” од Скопје која ќе испорачува услуги од областа на безбедноста и здравјето при работа.
Повеќе
02.03.2023
Тренчевска: „Во мојот свет“ секогаш ме изненадува со современа опрема и со приказни за успешно променета состојба на децата со попреченост
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Охрид го посети Центарот за рана интервенција и третман на деца со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“ во рамките на Општата болница во Охрид. Овој центар спроведува мултисензорна терапија и претставува прв ваков во регионот. Во центарот има вработено како стручен тим: логопеди и дефектолози кои спроведуваат дефектолошки и логопедски третмани за деца како и сензорна терапија.
Повеќе
02.3.2023
Оддржана десеттата јавна расправа за Предлог законот за работни односи во Охрид
Во Охрид денеска се оддржа десеттата јавна расправа за новиот предлог закон за работни односи на која претставниците на министерството за труд и социјална политика, ги презентираа новитетите на новото предлог законско решение за работни односи. На јавната расправа беа поканети и присуствуваа претставници од бизнис секторот и претставници од општината.
Повеќе
01.03.2023
Жените во политиката порачаа: Јавно говорење, осуда и пријава на вербалното насилството е клуч за да почнат проблемите да се решаваат
На конференцијата „Жени во политика-Говор на омраза, сенка која обесхрабрува“, во организација на Министерството за труд и социјална политика, а со поддршка на УН Вомен, на панелот три за искуствата со говорот на омраза зборуваа пратеничките во Собранието на Република Северна Македонија, Санела Шкриељ, Моника Зајкова, Арбана Пашоли и координаторката на советничката група во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.
Повеќе
01.03.2023
Лични искуства и силни пораки од Конференцијата „Жени во политика-Говор на омраза, сенка која обесхрабрува“
На конференцијата „Жени во политика-Говор на омраза, сенка која обесхрабрува“, во организација на Министерството за труд и социјална политика, а со поддршка на УН Вомен, на панелот два за искуствата со говорот на омраза зборуваа министерките за одбрана и култура, Славјанка Петровска и Бисера Костадиновска Стојчевска, генералната секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, Цветанка Иванова и Уранија Пировска извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Повеќе
01.03.2023
На конференцијата „Жени во политика-Говор на омраза, сенка која обесхрабрува“, со пораки и апел против говорот на омраза
Во организација на Министерството за труд и социјална политика, а со поддршка на УН Вомен, денеска се одржа конференцијата „Жени во политика-Говор на омраза, сенка која обесхрабрува“, која воедно е и најава за караванот „Гласна и Храбра“ кој од денеска започнува и има за цел зајакнување на жените.
Повеќе