29.11.2022

МТСП: Во тек е етапната исплата на ноемвриските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 29.11.2022 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец ноември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. 

Повеќе

28.11.2022

Средба Тренчевска-Вал:  Соработката со мисијата на ОБСЕ продолжува и се зајакнува

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со новоименуваниот Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје,  Амбасадорот Килиан Вал и неговиот тим.

Родовата еднаквост, антидискриминацијата, лицата без лични документи, антикризните мерки и мерките за зголемување на вработеноста беа главните теми на кои се разговараше на денешната средба.

Повеќе

28.11.2022

Тренчевска: Им даваме силна поддршка на жените за нивна поголема интеграција на пазарот на трудот 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на тркалезната маса организирана од страна на Управата за јавни приходи, по повод Денот на даночните работници. На тркалезната маса присуствуваа и сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Георгиеска, Амбасадорот на Република Словенија, Милан Предан, директорката на Управа за јавни приходи, Сања Лукаревска, претставници од другите релевантни институции како и претставници од приватниот сектор.

Повеќе

28.12.2022

Средба Тренчевска-Рана: Воспоставувањето на соработка помеѓу Северна Македонија и Индија, ќе донесе придобивки за граѓаните на двете држави

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со Н.Е Амбасадорот на Индија, Санџаи Рана,  со седиште во Република Бугарија.

На средбата се разговараше за областите на соработка кои можат да се воспостават помеѓу двете држави, социјалната и детска заштита, работните односи, невработеноста, пензискиот систем и миграцијата.

Повеќе

25.11.2022

Тренчевска: Секој има активна улога во борбата против насилството, таа не трае само овие 16 денови на активизам, таа трае во текот на целиот живот на секој поединец

По повод одбележување на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и почетокот на меѓународната кампања -16 дена активизам против родово базирано насилство врз жените и девојчињата, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на настан „Препознај, Блокирај и Пријави- дигитално и други видови насилство врз жени и девојчиња", на кој земаа учество агенциите на Организацијата на Обединети нации, Делегацијата на ЕУ и ОБСЕ во земјава, како и претставници на граѓански организации и институции.

Повеќе

25.11.2022

МТСП: ВМРО-ДПМНЕ злоупотребува деца за политички цели-извршен вонреден инспекциски надзор во градинката во Гевгелија

Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека во врска со случајот на „претепано 10 месечно дете во градинка во Гевгелија“ како што тоа беше пренесено од медиумите, а изјавено од член на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во рамките на своите надлежности спроведе вонреден инспекциски надзор.

Повеќе

25.11.2022

Тренчевска: Соработката со УНФПА во подготовката на новата стратегија за демографски политики е од големо значење, креираме политики на национално ниво

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со регионалниот советник за економија и демографија од УНФПА од канцеларија во Истанбул и тимот за население и развој од Њујорк, Мајкл Херман, шефицата на канцеларијата во Скопје, Афродита Шаља и дел од тимот на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во земјава.

Повеќе

24.11.2022

Тренчевска: Ја унапредуваме позицијата на жената на пазарот на трудот, родовата еднаквост во приватниот сектор е шанса за професионален раст и развој на секоја жена

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска присуствуваше на настан насловен „Зајакнување на позицијата на жените во приватниот сектор“, организиран од Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, како членка на Алијансата за родова еднаквост при Асоцијацијата за е-трговија.

Повеќе

23.11.2022

Тренчевска од Истанбул: Зајакнувањето на системот, поддршката на жените на пазарот на труд, борбата со семејното и родово-базираното насилство, се алатки со кои се зајакнува целото општество

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на регионалната конференција насловена: „Трансформативно финансирање како забрзувач за родова еднаквост: црпење на искуства од родово одговорно буџетирање и научени лекции“, организирана од регионалната канцеларија на UN Women, која се одржува денеска и утре во Истанбул, Република Турција.

Повеќе

22.11.2022

Тренчевска: Предизвикот со родово-базираното насилство врз жените не е само личен, тој е длабоко социјален, културолошки и општествен и бара комплексни решенија

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на завршната конференција: „Грижи се машки – Од свесност до вклученост“, во организација на Хера - Aсоцијација за здравствена едукација и истражување, која е долгогодишен партнер на Министерството за труд и социјална политика во воспоставувањето на родовата еднаквост.

Повеќе

21.11.2022

Тренчевска: Вложувањето во нашите најмлади е влог во нашата иднина, отворена првата детска градинка во Чучер Сандево за 110 деца 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно  со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, градоначалникот на Општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ, во присуство на вработени, родители и други гости, официјално ја отворија новата детска градинка „Мило мое“, прва во Општина Чучер Сандево.

Повеќе

20.11.2022

Тренчевска за ТВ Гура: Грижата за ранливите категории граѓани е наш приоритет и обврска

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата Фокус, на Телевизијата Гура од Кичево зборуваше на неколку теми кои се под надлежност на Министерството за труд и социјална политика. 

Министерката Тренчевска зборуваше за згрижувањето и подигање на свеста за значењето на згрижувачките семејства и нивната улога во општеството. За таа цел, во тек е кампања Подај рака - стани згрижувач“, каде министерството, центрите за социјални работи, заедно со СОС Детско село, Заводот за социјални дејности и Општините работат на терен во сите региони во државата.

Повеќе

17.11.2022

Тренчевска: Родовата еднаквост е наша цел, наша обврска, наша мисија

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со Заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џеф Голдштајн присуствуваа на промоцијата на прирачникот за менторство за жени во јавната администрација кој што е резултат на Менторската програма за жените во администрацијата спроведена од страна на Министерството за труд и социјална политика во соработка со Мисијата на ОБСЕ.

Повеќе

17.11.2022

Тренчевска: Детската заштита е во нашиот фокус, функционирање на градинките е од особена важност за квалитетен предучилишен процес

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со регионалната директорка за човечки развој за регионот на Европа и Централна Азија при Светска банка, Фадија Садах направија увид на работата во ЈОУДГ 8ми Март, објект Пеперутка 3, Драчево, Општина Кисела Вода.

Повеќе

17.11.2022

Тренчевска: Новите форми на договори за вработување се неизбежност во сите современи економии, вклучително и кај нас

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска со воведно обраќање ја отвори конференцијата „Нови форми на вработување на променливиот пазар на трудот“, во организација на Меѓународната организација на трудот, Здружението за трудово и социјално право и Фондацијата Импакт.

Повеќе

16.11.2022

Тренчевска: Поддршката и споделувањето на искуствата на полето на миграциите и трговијата со луѓе со Р. Австрија се од големо значење за нас како држава

На маргините на министерската конференција „Одржливо управување со миграцијата во Западен Балкан“, која се оддржува во Скопје, Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со Државниот Секретар на Министерството за внатрешни работи и Национален координатор за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција, Магдалена Несторовска остваривме средба со Амбасадорот на Република Австрија во Република Северна Македонија, Н.Е Георг Вуцас и Амбасадорката Н.Е Петра Шнебауер, од Министерство за надворешни работи на Република Австрија и Национален координатор за борба против трговијата со луѓе.

Повеќе

16.11.2022

Тренчевска: Одговараме брзо и неодложно на потребите на граѓаните, Законот за финансиска поддршка на ранливи категории усвоен од Собранието

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати до сите граѓани во врска со вчерашното усвојување на Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза од страна на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија.

Повеќе

16.11.2022

Тренчевска: Кризата околу 2015 година донесе нови искуства и предизвици, како и неопходност од нови законски и оперативни решенија за заштита на мигрантите како ранливите категории

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска со воведно обраќање го отвори вториот дел од Министерската конференција „Одржливо управување со миграцијата во Западен Балкан“, која втор ден се одржува во Скопје, и на која учествуваат амбасадори, министри, експерти и други гости, од земјите на Западен Балкан, Европа, Азија и САД.

Повеќе

11.11.2022

Тренчевска: Новата современа градинка во селото Јосифово ќе згрижи 57 деца кои добиваат пристап до квалитетна социјална услуга за ран детски развој 

Отворена новата детска  градинка „Детелинка“ во селото Јосифово во општината Валандово, која ќе згрижува околу 57 дечиња од предучилишна возраст. Децата до шест години од ова село и другите населени места од денес добиваат пристап до квалитетна социјална услуга за ран детски развој. Градинката е изградена согласно најсовремените стандарди и овозможува квалитетен престој за децата, но и реализација на концептот – учење преку игра, со што значително се подигнува и квалитетот на воспитно-образованиот процес на децата.

Повеќе

11.11.2022

Хусејин: Бележиме напредок во зајакнувањето на системот за згрижување деца

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин, заедно со министерот за здравство Беким Сали, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и регионалната директорка на Уницеф за Европа и Централна Азија, Афшан Кан учествуваа на тркалезната маса во Центарот за поддршка на згрижувачки семејства во состав на Детскиот Дом - 11 Октомври.

Повеќе

10.11.2022

Хусејин: Инвестираме во раниот детски развој 

“Инвестирањето во раниот детски развој е еден од високите приоритети на Владата на Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика изминатите години интезивно работеше на реформата во делот на заштита на децата,  работиме на секое дете да му обезбедиме услови за подобар раст и развој, а овој темелен процес продолжува и  во наредните години”, рече заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин на состанокот на кој се дискутираше за тоа како да се подобри ефикасноста и ефективноста на основното образование, а истовремено да се обезбеди еднаквост во пристапот до училиштата.

Повеќе

10.11.2022

Тренчевска: Обезбедувањето можности за вработување и создавање перспектива за сите граѓани е обврска на Владата

Министерката за труд и социјална политика денеска заедно со Австрискиот Аташе за Република Северна Македонија, Харалд Фугер и Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Беким Мурати присуствуваа на последната работилница од билатералниот проект за поддршка за сервиси за вработување за младите во Република Северна Македонија.

Повеќе

09.11.2022

Тренчевска: Новата градинка во Струмица ќе згрижи 307 деца, инвестираме во нашата младина

Во Струмица е отворена новоизградената градинка со капацитет од 307 деца од предучилишна возраст. Градинката „Виножито” е најголемата установа за ран детски развој изградена во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги кој го спроведува Министерството за труд и социјални услуги со финансиска поддршка на Светска банка и воедно најголемата во Струмица. Покрај тоа што со градинката се решава долгогодишниот проблем со сместувачки капацитети во предучилишното образование во градот и неговата околина, новиот објект обезбедува современи просторни услови за престој на децата прилагодени на нивната возраст и на образовниот метод за учење преку игра.

Повеќе

08.11.2022

Тренчевска: Остануваме посветени на прашањето за родовата еднаквост

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на првиот ден од дводневната јавна дебата за предлог Законот за родова еднаквост во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање.

На дебатата која што е одржана со цел транспарентно и инклузивно носење на законите присуствуваа претставници од министерствата и сите други релевантни институции како и граѓански организации.

Повеќе

07.11.2022

Хусејин: Како институција ги почитуваме Законските рамки и одговараме согласно на нив

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин денеска се сретна со претставникот на Коалиција „Менуваме“, Суаред Алишан. На средбата разговараа за предлозите од Коалиција „Менуваме“ во однос на покачувањето на додатокот за попреченост и негово врзување со просечната плата.

Повеќе

05.11.2022

Продолжува кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач“

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин присуствуваше на промоција на кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач“ во Радовиш. 

Кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач“ се спроведува во 2022 година од страна на Министерството за труд и социјална политика и СОС Детско Село, Заводот за социјални дејности, Центрите за поддршка на згрижувачките семејства, Центрите за социјална работа и локалната власт.

Повеќе

04.11.2022

Предлог антикризните мерки, Планот за фискална оддржливост и економски раст и новиот ЗРО на седница на Економско социјалниот совет

Економско социјалниот совет денеска ја одржа четвртата седница со која претседаваше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, а беа присутни вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министрите за финансии, информатичко општество и администрација, Фатмир Бесими и Адмирим Алити. На седницата присуствуваа и претставници на работодавачите, репрезентативните и нерепрезентативни претставници на синдикатите.

Повеќе

04.11.2022

Тренчевска: Од секојдневна комуникација со граѓаните до Законски измени кои значат подобар животен стандард

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати до јавноста во врска со Законските измени на Законот за социјална заштита и Законот за детска заштита со кои се предвидува зголемување на  висината на посебниот додаток, намалување на возрасната граница кај правото за траен надоместок, вклучување на лицата со комбинирани пречки во услугата за лична асистенција.

Повеќе

04.11.2022

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец октомври 2022 година.

Повеќе

03.11.2022

Тренчевска – Дајбл: Соработката со УСАИД продолжува и понатаму, во реализирање на заедничката визија за просперитетно, демократско и инклузивно општество  

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со Џери Дајбл, претставничката на Канцеларијата на УСАИД во нашата држава која неодамна стапи на оваа функција и дел од нејзиниот тим.

Повеќе

03.11.2022

Тренчевска: Вашата поддршка како Амбасада на Кралството Шведска е од особена важност за нас како држава

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари протоколарна средба со новата Амбасадорка на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ами Ларсон Јаин. На средбата се разговараше за поддршката на Кралството Шведска и Амбасадата која што ја дава на Република Северна Македонија со акцент на влезот на државата во Европската Унија. Како теми на разговор беа и родовата еднаквост како и зајакнувањето на капацитетите на жените со цел нивно полесно и поголемо вклучување на пазарот на трудот.

Повеќе

03.11.2022

МТСП: Ја зголемивме висината на правото на посебен додаток за 15% за сите подвидови на корисници

Министерството за труд и социјална политика известува дека согласно денешната седница на Собранието на Република Северна Македонија пратениците ги изгласаа измените на Законот за детска заштита и Законот за социјална заштита.

Повеќе

02.11.2022

Тренчевска: Ги документиравме моментите на развивање на најголемата социјална реформа и успеавме да оставиме уметничко наследство

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вечерва заедно со Амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Н.Е Дејвид Гир присуствуваа на премиерата на документарниот филм „Беласица“ којшто се одржа во Кинотека на Република Северна Македонија. Филмот е во режија на Марија Апчевска, а во продукцијата беа вклучени кинематограферите Ѓорѓи Клинчаров и Фејми Даут, монтажерот Горан Вукич и дизајнерот на звук Игор Поповски.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }