30.11.2023

Тренчевска: Во нашата држава сите граѓани се еднакви, независно од нивната етничка, верска, полова или каква било друга припадност

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се обрати на деветтата Меѓународна Конференција посветена на жената Ромка и Жените патувачи во организација на Советот на Европа и Владата на Република  Македонија. Тренчевска на настанот зборуваше за заложбите на Владата за почитување на правата на сите граѓани во државата без разлика на нивната етничка, верска, полова или било каква друга припадност.

Повеќе

29.11.2023

Тренчевска: Системските решенија продолжуваат да го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните покрај донесените антикризни мерки

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во дневникот на Сител зборуваше за деветтиот пакет антикризни мерки кои ги донесе Владата на изминатата владина седница. 

„Имавме покачување од 26%, имавме пакет на антикризни мерки. Имаме постојан раст на пензијата. Она што е наша обврска како одговорна Влада е ваквите мерки да бидат од Буџетот на Министерството за труд и социјална политика“ рече Тренчевска.

Повеќе

29.11.2023

Тренчевска: Работиме на менталното здравје со младите за младите

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчавска денеска се сретна со Претседателот на младински совет на Македонија, Филип Ивковски и програмската менаџерка, Александра Филипова . На средбата беше претставена Стратегија за ментално здравје кај млади изработена од страна на НМСМ. 

Повеќе

29.11.2023

Тренчевска: 662 милиони евра за пакет антикризни мерки, граѓаните остануваат во фокус

На вчерашната седница на Влада донесени антикризните мерки со кои ги таргетиравме: социјално ранливите категории на граѓани, ученици и студенти од семејства со ниски приходи, приватниот сектор. Дел од мерките ќе траат 5, 6 и 7 месеци. И овој пакет не е направен за изборите, туку за граѓаните! За да може да ги поминеме месеците кои следат. Дел од мерките почнуваат од 1ви декември, додека на мерките за кои ќе биде потребна апликација ќе бидат исплатени во втората половина од декември“ рече Тренчевска.

Повеќе

28.11.2023

Тренчевска: Темата за сајбер насилството меѓу најмладата популација мора да биде актуелна

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со младите на настан под името „Младите против сајбер насилството“ организиран во рамки на кампањата „Сложувалка“ во организација на Министерството за труд и социјална политика во соработка со канцелариите на УНФПА и Активноста на USAID North Macedonia.

Повеќе

28.11.2023

Тренчевска: Преку програмите за воспитание и образование влијаеме на подобра социјална интеграција и личен развој на децата

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се обрати на вториот состанок на советодавната група на РОМАКТЕД програмата. На отворањето на настанот покрај министерката Тренчевска се обратија и претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција ДиЏовани и Марина Васиќ, Програмската менаџерка на Совет на Европа. На состанокот се потпиша меморандум за соработка за вклучување на децата Роми во предучилишното образование. Оваа година поддршка на Министерството за труд и социјална политика во инклузијата на деца Роми во предучилишното образование и воспитание е УНИЦЕФ. Настанот е во организација на РОМАКЕД и Институтот за истражување и анализа на политики.

Повеќе

27.11.2023

МТСП: Лицата со попреченост заслужуваат подеднакво можности за развој како сите граѓани во државата, затоа оваа Влада континуирано вложува во социјалната заштита

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ го посетија Дневниот центар „ЕДУ Практика“ во Општина Струмица.

Повеќе

27.11.2023

МТСП: Инвестициите во детската заштита се доказ дека Владата има приоритет за влог во иднината на државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ денес беа во посета на поголемите инвестиции на Владата на РСМ во Струмица. Ковачевски, Тренчевска и Мадиќ ги посетија градинката „Виножито“.

Повеќе

27.11.2023

МТСП: Известување за неработни денови

Врз основа на заклучоците донесени на 199 седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 14.11.2023 година, Министерството за труд и социјална политика известува дека :

сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29-ти ноември 2023 година (среда) ќе работат со скратено работно време до 12:00 часот, а 30-ти ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје. Истиот нема да се одработува. 

Повеќе

25.11.2023

МТСП: Кампањата „Сложувалка“ има за цел да охрабрува, поддржува и поттикнува

Министерството за труд и социјална политика заедно со канцелариите на УНФПА во Република Северна Македонија со поддршката на Британската Амбасада ја започнаа кампањата „Сложувалка“ во пресрет на 16 денови активизам за борба против насилството врз жените. На официјалниот настан кој се одржа во Македонска Опера и Балет се обратија Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и шефицата на канцеларијата на УНФПА во Република Северна Македонија, Афродита Шаља.

Повеќе

24.11.2023

Тренчевска-Јанчев: Општина Кавадарци останува да биде проактивна, преку соработка со централната власт до унапредување на социјалната заштита

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев денес потпишаа договор за соработка меѓу Министерството за труд и социјална политика и Општина Кавадарци со цел заедничко учество во проект кој се однесува на изградба на Дневен центар за лица со телесна и ментална попреченост во Општина Кавадарци.

Повеќе

23.11.2023

„Има помош за живот без насилство“

Во пресрет на 16 дена активизам против насилство врз жените и девојчињата, на ден 23.11.2023 се одржа церемонијален настан „Има помош за живот без насилство“ за доделување сертификати на обучувачите за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство во организација на Министерството за труд и социјална политика и УНФПА со поддршка на  Британската амбасада во Скопје.

Повеќе

23.11.2023

Тренчевска: Наш приоритет е социјално ранливите категории на граѓани што повеќе да се вклучуваат на пазарот на трудот

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претседателот на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, Менди Ќура и претставници од комората. На средбата се разговараше за недостатокот на работна сила во земјата.

Повеќе

23.11.2023

Тренчевска: Верувам во сите жени, нивните способности и нивните можности за успех

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше дел од панел дискусијата „Улогата на националните, регионалните и локалните институции во јакнењето на женското претприемништво“ заедно со Извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, Раководителката на програмската канцеларија на UN Women во Република Северна Македонија, Весна Ивановиќ – Кастаред и Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов. Панелот беше организиран во рамки на третиот годишен самит на Националната платформа за женско претприемништво – Жени во претприемништвото – Клуч за зајакнување на економијата.

Повеќе

23.11.2023

Тренчевска: Најранливата категорија на пензионери остануваат во нашиот фокус на работа

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на утринската програма на Слободен Печат зборуваше за капацитетите на старечките домови во државата и за услугите кои ги спроведува Министерството за труд и социјална политика со цел олеснување на животот на највозрасната категорија на граѓани.

Повеќе

22.11.2023

МТСП: Одбележана една година успешно функционирање на градинката „Мило мое“ во Чучер Сандево

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со градоначалникот на Општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ ја одбележаа годишнината од постоењето на градинката „Мило мое“ во Чучер Сандево.

Повеќе

21.11.2023

МТСП: Инвестираме во секое дете

Градиме едно општество за сите!

„Преку Проектот за подобрување на социјалните услуги кој го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршката на Светска Банка издвоивме значителни 85.928.460 денари за изградба и дополнителни 6.292.161 денари за опремување на објектот „Сонце“ во градинката „Росица“ во Волково. Оваа инвестиција е потврдување на посветеноста на Владата за обезбедување на најдобри капацитети за нашите деца“ рече Тренчевска во посетата на објектот „Сонце“ во Волково.

Повеќе

20.11.2023

Светскиот ден на детето одбележан со зголемување на капацитетите во градинките

По повод Светскиот ден на детето кој се одржува секоја година на 20 ноември на годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето Министерството за труд и социјална политика заедно со Општина Кисела Вода го одбележаа отпочнувањето на работата на доградбата на објектот „Кокиче“ во состав на ЈОУДГ „Весели цветови “.

Повеќе

17.11.2023

Тренчевска: Верувам во способностите на младите, архитектите на нашата иднина

„Зајакнувањето, во својата вистинска смисла, е препознавање на сопствените способности и нивно користење за да се даде позитивно влијание, не само на вашите сопствени животи, туку и на светот околу вас. Станува збор за разбирање дека вашиот глас е важен, вашите идеи се вредни и вашите постапки имаат потенцијал да го обликуваат текот на историјата“ ова го порача Тренчевска на трибината на тема „Студентите и студентскиот стандард“ по повод одбележување на 17ти ноември – Меѓународниот ден на студентите.

Повеќе

17.11.2023

Тренчевска: Економското зајакнување е клучен аспект за справување со социјалниот ризик

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со Јулијана Накова Гапо националната директорка на СОС Детско Село, Флориан Трагер Стаинтјес, Прв Политички Секретар и Раковидител за прес на Амбасадата на Сојузна Република Германија ја отворија конференцијата во рамките рамките на проектот „Зајакнување на младите преку нови можности 2“. Конференцијата е организирана од страна на СОС Детско Село а е финансирана финансиран од Германското Министерство за Соработка и Економски развој.

Повеќе

16.11.2023

Тренчевска: Преку уметност до споделување на силни пораки, од млади за млади

Младите од Детско драмско студио за деца во социјален ризик „Неверленд“ од Здружението „Проект Среќа“ се сретнаа со Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во просториите на Министерството за труд и социјална политика. 

Повеќе

16.11.2023

МТСП: Известување за неработни денови

Врз основа на заклучоците донесени  на 199 седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 14.11.2023 година, Министерството за труд и социјална политика известува дека:

Сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29-ти ноември 2023 година (среда) ќе работат со скратено работно време до 12:00 часот, а 30-ти ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје. Истиот нема да се одработува. 

Повеќе

15.11.2023

Тренчевска: Секоја иницијатива која го подобрува квалитетот на живот на ранливите категории на граѓани е добредојдена

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со Александар Марјановиќ, извршниот директор на фондацијата „Ѓорги Марјановиќ“ на која беше разговарано за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и фондацијата и спроведување на активности за поддршка на децата без родители и децата во згрижувачки  семејства.

Повеќе

14.11.2023

Тренчевска: Иднината да ја градиме од младите, за младите

На одбележувањето на почетокот на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска имаше воведно обраќање и потоа активно се вклучи во дискусија со младите.

Повеќе

14.11.2023

Тренчевска: Развојот на човечкиот капитал може да се постигне преку кредибилни секторски политики

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска со своето воведно обраќање го отвори тринаесеттиот пленарен состанок на Секторската работна група во областите образование, вработување и социјална политика.

Повеќе

13.11.2023

Тренчевска: Продолжуваме со позитивни искуства со UNHCR исто како досега

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставничката на УНХЦР, Моника Сандри на која и завршува пет годишниот мандат во Република Северна Македонија.

Повеќе

13.11.2023

МТСП: Тренчевска го одбележа 13ти ноември со најмладите во градинки во Скопје

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес беше во посета на две градинки во Скопје.


Повеќе

10.11.2023

МТСП: Младите под водство на извидниците и друштво на Тренчевска продолжуваат по патеките до подобро ментално здравје

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска продолжува со спроведување на иницијативата Walk and Talk и денес беше присутна во Тетово на пешачката патека заедно со младите под водство на извидниците.

На патеките на „Walk and Talk“ како поддршка беше и државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика, Фљакрон Беџети.

Повеќе

10.11.2023

Хусејин: Успешна реализација на „Гаранција за млади”

„Посебно сме горди што Република Северна Македонија е првата земја која не е членка на Европската Унија, и од 2018 година и во континуитет успешно го спроведува проектот Гаранција за млади. Гаранција за млади има за цел да им обезбеди на младите лица (15-29 години) во период од четири месеци од денот на евиденција во Агенција за вработување на Република Македонија, квалитетна понуда за вработување, континуирано образование и обука или практиканство”, потенцираше заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин во своето обраќање на Младинскиот форум посветен на зајакнување на младинскиот потенцијал на пазарот на трудот. 

Повеќе

08.11.2023

Тренчевска: Со младински додаток ги поттикнуваме младите да се вклучуваат во производствена дејност

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше во посета на компанијата „Раде Кончар - ТЕП“ која беше добитник Националната Награда за компанија со најдобро имплементиран систем за Безбедност и здравје при работа за 2023 година.

Повеќе

06.11.2023

МТСП: Валандово добива нова градинка, во Пирава решаваме долгогодишен предизвик

На денот на ослободувањето на Валандово, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов најавија нова градинка во Пирaва, Валандово која ќе го реши долгогодишниот предизвик на Пирaва за сместување на децата во предучилишни установи. 

Повеќе

03.11.2023

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец октомври

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец октомври 2023 година.

Повеќе

02.11.2023

Тренчевска: Детската заштита останува приоритет во нашата работа, секое дете заслужува да биде дел од воспитно-образовниот процес

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со Биљал Касами, градоначалникот на Тетово.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }