31.10.2022

Тренчевска: Министерството за труд и социјална политика, директно учествува во обезбедување на услуги за рана интервенција кај децата

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на настанот по повод презентација на наодите од „Анализата на состојбата со раната интервенција кај децата во Северна Македонија“, изготвена во соработка со канцеларијата на УНИЦЕФ во партнерство со Филозофскиот Факултет во Скопје и “RISE Institute” Washington D.C.

Повеќе

31.10.2022

МТСП: Во тек е етапната исплата на октомвриските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 31.10.2022 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец октомври, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.



Повеќе

28.10.2022

Тренчевска – Јовановиќ : Соработката меѓу нашите држави продолжува во иста насока

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на Република Србија во Република Северна Македонија, Невена Јовановиќ. На средбата разговараа за блиските билатерални односи помеѓу државите, можностите кои ги нуди Отворен Балкан како и предизвиците со кои се соочуваат државите во регионот во однос на младите и иселувањето.

Повеќе

28.10.2022

Тренчевска: Заедно да ја подигнеме свеста на граѓаните и компаниите за важноста на Безбедноста и здравјето при работа

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на настанот за подигање на свеста за улогата и значењето на заштитата на здравјето и безбедноста на работните места реализиран по повод Европската недела на безбедност и здравје при работа во организација на Министерството за труд и социјална политика заедно со Советот за безбедност и здравје при работа поддржан од Фондацијата „Фридтих Еберт“.

Повеќе

27.10.2022

Хусеин: Кога сакаме да зборуваме за напредок на една држава треба секогаш да зборуваме за влогот во младите

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусеин учествуваше во панел дискусијата „Стратешко партнерство за младите претприемачи во регионот“ во рамки на „Регионалниот форум за градење партнерство за претприемничко учење“ во организација на Националниот младински совет на Република Северна Македонија.

Повеќе

26.10.2022

Тренчевска: Само преку заеднички преговори можеме да одговориме на потребите на сите граѓани

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ги прими на средба претставниците на Здруженијата на лица со оштетен вид кој беа дел од протестот пред Владата на Република Северна Македонија. Претставниците беа со барања до министерката за повеќе средства за помагала како и накачување на висината на додатокот за слепило кој го добиваат.

Повеќе

26.10.2022

Тренчевска: На креативен начин, децата низ своите творби учат и ги пренесуваат пораките за важноста на креирањето на безбедни места за работа 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на промоцијата на четвртата збирка песни и раскази „БЗР од мали нозе 2022“ која се одржа во знак на Европската недела за безбедност и здравје при работа. Промоцијата беше организирана од страна на Здружението за заштита при работа на Општина Битола, Здружението за безбедност при работа „28-ми април“,  Скопје, Здружение на инженери за заштита „Тутела“, Скопје.

Повеќе

26.10.2022

Тренчевска: Преку поддршката на приватниот сектор и граѓаните поединечно, влијаеме на целокупниот економски раст и развој

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со заменик постојната претставничка на УНДП, Сања Бојаниќ и директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Беким Мурати присуствуваа на промоцијата на новата мерка од Оперативниот план за активни мерки и програми „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“.

Повеќе

25.10.2022

Тренчевска: Соработката со Обединетите нации придонесува за градење на општество на слободни и рамноправни граѓани

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на покана на постојаната координаторка на Обединетите Нации, Росана Дуџијак, присуствуваше на одбележувањето на денот на Обединетите Нации.

Повеќе

20.10.2022

Тренчевска: „Јас сум повеќе од она што се случи, јас сум само дете“ да биде водилка во обезбедувањето на правда за секое дете

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска учествуваше на настан во организација на УНИЦЕФ, насловен „Преглед на реформите поврзани со правдата за децата“, на кој зборуваше за тоа како системот за социјална заштита може да допре до најранливите деца, обезбеди превенција и да ги заштити децата кои веќе се во контакт со правосудниот систем.

Повеќе

19.10.2022

Тренчевска: Родовата еднаквост е еден од клучните аспекти за просперитет на целото општество

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставнички на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Билјана Радончич-Кер-Линдзи, помошник директор во секторот родова и економска инклузија, ЕБРД и Есмералда Шехаљ од ЕБРД -Тирана и Марија Ристевска од Центарот за истражување и креирање на политики(ЦРПМ).

Повеќе

19.10.2022

Хусејин: Вложуваме во интеграцијата на Ромите во сите општествени текови, градиме општество кое вклучува, а не исклучува

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин, учествуваше на Министерски состанок за интеграција на Ромите во Подгорица, во организација на Владата на Црна Гора.

Повеќе

19.10.2022

Тренчевска: Како државни институции заедно со граѓанскиот сектор имаме слух за потребите на граѓаните во државата

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска заедно со сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска и Министерот за здравство, Беким Сали, присуствуваа на отворањето на Центарот за ментално здравје и психо - социјална поддршка од страна на Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Повеќе

18.10.2022

Тренчевска за ТВ 24: Со новиот пакет антикризни мерки ги опфативме најранливите категории граѓани, обезбедивме и 15% повисоки плати за восптувачките и негувателките

„Сите се погодени од кризата. Но нашиот фокус беше на најранливите. Во комуникација со граѓанските организации кои работат во областа на социјалната заштита, останатите министерства, центрите за социјална работа, ги одредивме целните групи зошто во моментот се најранливи,“ истакна министерката Тренчевска во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ 24.

Повеќе

18.10.2022

Тренчевска за ТВ 24: Нема отпуштања, туку преку мобилност и преземања вработените ќе одат во институции каде што недостасува таков кадар

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24 зборуваше за препораките од Планот за фискална оддржливост кои се однесуваат на вработените во јавниот сектор.

Повеќе

18.10.2022

Тренчевска: Во соработка со општините излегуваме во пресрет на граѓаните

„Низ еден повеќемесечен дијалог и преговори со претставниците на СОНК го финализиравме колективниот договор. Го потпишавме и објавивме во службен весник и е веќе во сила. Колективниот договор содржи многу поволности и дополнителни права како и обврски за вработените во градинките. 15% поголема плата како што ветивме е дел од овој колективен договор, што значи дека со исплатата на септемвриската плата воспитачите, негувателите  и стручните тимови во градинките ќе добијат повисока плата“ изјави Тренчевска во утринската емисија на Македонската радио телевизија.

Повеќе

18.10.2022

Тренчевска за МРТ: Предлог Законот за финансиска поддршка влезе во собраниска процедура, верувам дека пратениците ќе го подржат

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во утринската емисија на Македонската Телевизија, зборуваше за новиот пакет антикризни мерки креирани од Владата на Република Северна Македонија, кои имаат за цел поддршка на компаниите и ранливите категории на граѓани во пресрет на зимата.

Повеќе

16.10.2022

Тренчевска: Заедно да го направиме видлив трудот на руралната жена

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со Амбасадорката на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ами Ларсон Јаим, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, сопругата на Претседателот на РСМ, Елизабета Ѓоргиевска, Претседателот на Мрежата за рурален развој, Петар Ѓоргиевски и Регионалната директорка на Шведската организација за развој We Effect, Анели Леина присуствуваа на одбележувањето на Меѓународниот ден на Руралната жена во Демир Капија.

Повеќе

15.10.2022

Тренчевска за ТВ Сител: Отпуштање и намалување на платите во администрацијата нема да има, ќе има нова методологија за платите во јавниот сектор

Во врска со наводите на синдикатите за отпуштање на работници или намалување на платите во јавниот сектор, министерката Тренчевска во Дневникот на Сител изрази уверување дека се работи за шпекулации и обиди за создавање на паника кај граѓаните.

Повеќе

15.10.2022

Тренчевска на ТВ Сител: Новиот пакет мерки ги опфаќа најранливите категории граѓани, целните групи беа креирани низ широк процес на консултации

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во Дневникот на Сител Телевизија зборуваше за новиот пакет антикризни мерки за социјално ранливите категории, социјалниот дијалог со синдикатите и платите во јавниот сектор. 

Повеќе

14.10.2022

Тренчевска: Вложувањето во родовата еднаквост и женско лидерство ќе придонесе кон инклузивни и одговорни политики кои ќе ги адресираат и решаваат предизвиците на ранливите категории 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествуваше на конференцијата „Жените во надворешната политика“, во организација на Министерството за надворешни работи.

Во своето воведно обраќање на панел дискусијата „Жените во мултилатералната дипломатија“, министерката Тренчевска се осврна на глобалните предизвици кои од нас бараат да изнајдеме начини за продлабочување на соработката, а со тоа ќе се придонесе кон надминување на истите, со една единствена цел подигнување на квалитетот на живот на граѓаните.

Повеќе

13.10.2022

Тренчевска за Клан ТВ: Системот на социјална заштита ги апсорбира ранливите категории граѓани, но целта е нивна активација на пазарот на труд

„Како што успешно се справивме со кризата предизвикана од пандемијата верувам дека успешно ќе се справиме и со економско-енергетската криза. Социјалниот систем и реформите покажаа дека во време на криза системот е отворен и стабилен и може да ги апсорбира сите граѓани на кои им е потребна поддршка се до нивно активирање на пазарот на трудот“, посочи министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во телевизиската дебата на Клан ТВ.

Повеќе

13.10.2022

Тренчевска: Работиме на тоа сите граѓани во нашата држава да имаат еднаков пристап до социјалните услуги

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во текот на денешната посета на Македонски Брод заедно со директорот на Центарот за социјална работа, Синиша Радески направија увид на работата на Дневен центар за лица со пречки во телесниот и менталниот  развој во с. Долни Манастирец, остварија средба со корисничка на услугата помош и нега во домот, како и средба со згрижувачко семејство.

Повеќе

13.10.2022

Тренчевска: Ги доделивме грантовите за самовработување во Кичево 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Беким Мурати, денеска ги доделија грантовите за самовработување во Кичево. 

Повеќе

13.10.2022

МТСП: Во тек е исплатата на еднократна помош за примателите на Гарантирана Минимална Помош

Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека согласно направените измени на Законот за социјална заштита, во тек е исплатата на еднократна помош од денеска (13.10.2022 година). Помош ќе биде исплатена на околу 36.000 домаќинства во државата кои се приматели на Гарантирана минимална помош со цел полесно справување со кризата.

Повеќе

13.10.2022

Потпишан Колективниот договор помеѓу Министерството за труд и социјална политика и СОНК

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, го потпишаа новиот Колeктивен договор.

Зголемување на платите на давателите на услуги во јавните установи за деца за 15% и нивен континуиран раст со секое зголемување на минималната плата е една од најактуелните новитети во новиот колективен договор.

Повеќе

12.10.2022

Во фокусот на Економско социјалниот совет антикризните мерки на Владата

Економско-социјалниот совет денеска одржа седница со која претседаваше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, како претседателка на ова тело.

Повеќе

12.10.2022

Преку заеднички заложби на сите релевантни фактори до подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост

Во Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Чаир, Скопје кој што е под надлежност на Министерството за труд и социјална политика денеска доби донација од прехранбени продукти од страна на Баталјонот на Воена Полиција. Донацијата е направена во рамките на одбележувањето на "17-ти Октомври, Денот на Командата за операции (КО)" и "29-ти Октомври, Денот на Баталјонот на Воена полиција (бВП)". На активноста присуствуваа Командантот на КО, бригаден генерал Бесник Емини и Командантот на бВП, потполковник Кире Николовски.

Повеќе

12.10.2022

Тренчевска: МЕЛКО алатката значајно ќе придонесе за поквалитетен воспитно-образовен процес во градинките

Унапредување на воспитно образовниот процес и создавање на услови за квалитетен ран детски развој во градинките е една од целите на социјалната реформа што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика. Во насока на подигнување на квалитетот на услугите во градинките, денес се одржа работна средба на која пред директорите на преку 70 градинки од земјава беше презентирана МЕЛКО(MELQO) алатката за следење и подигнување на квалитетот на воспитно образовниот процес во предучилишните установи. 

Повеќе

07.10.2022

Тренчевска: Мерката за самовработување е една од најуспешните мерки на Оперативниот план

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Беким Мурати во подрачната канцеларија на АВРСМ во Штип ги доделија грантовите за самовработување на корисниците на мерката од Оперативниот план на активните мерки и програми за 2022 година.

Повеќе

07.10.2022

Тренчевска од Текстилијадата во Штип: Креираме политики и мерки низ транспарентен и инклузивен процес, продолжуваме со поддршката на најранливите категории граѓани 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше дел од панел дискусијата на 6та по ред Текстилијада со наслов „Плата за живот – СЕГА И ВЕДНАШ“ која што се одржа во Штип. Целта на манифестацијата е да се отвори темата на локално ниво преку култура, уметност и дебати, да се склучат партнерства за започнување социјален дијалог за актуелните прашања кои ги засегаат сите особено работниците и младите лица во државата.

Повеќе

07.10.2022

Тренчевска по повод Светската недела на детето: За нас секое дете е важно, заштитата на правата на децата се наш приоритет во работата

Министерката за труд и социјална политика денеска по повод Светската недела на детето го посети дневниот центар за аутизам во Штип и еден мал групен дом. Како што и самата тврди поминатото време со децата е квалитетно поминато време од кое има само убави спомени.

Повеќе

06.10.2022

Тренчевска: Само преку информирање на граѓаните можеме да ја вратиме довербата во системот

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска претседаваше со Советот за следење на состојбите во пензискиот систем на кој беа присутни претставници од Министерството за финансии, МАПАС и Здруженијата на пензионери. На седницата на советот се разговараше за даночните реформи и придобивките од вториот и третиот пензиски столб. Исто така беше презентирана и Анализата на тековните состојби во капитално финансиското пензиско осигурување изработено и презентирано од страна на МАПАС.

Повеќе

06.10.2022

Тренчевска: Преку размена на искуства и пракса со Австрија, го унапредуваме згрижувањето како форма на заштита на децата без родители и родителска грижа

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, Харалд Фугер, аташе при Амбасадата на Република Австрија во Република Северна Македонија и Јулијана Накова Гапо,  извршен директор на СОС Детско село Северна Македонија, со воведни обраќања ја отворија дводневната „Конференција за размена на знаења и практики помеѓу стручни лица од Австрија и Северна Македонија на тема: „Згрижување и згрижувачки семејства“, во Клубот на пратеници.

Повеќе

05.10.2022

Тренчевска за ТВ 24: Новиот Закон за работни односи ќе содржи и нови форми на договори за вработување и поголема заштита од злоупотреба

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во гостувањето на ТВ 24 зборуваше и за новиот Закон за работни односи, за тоа кои ќе бидат новитетите, правата и обврските на работниците и работодавачите. Притоа, таа посочи дека, со оглед на тоа дека станува збор за системски закон кој бара вклучување на сите релевантни актери, социјалните партнери, претставници на стопанска комора, Организација на работодавачи, синдикатите, како и нерепрезентативните синдикати, законот се подготвува подолг период.

Повеќе

05.10.2022

Тренчевска за ТВ 24: Повисоки плати за 15% за носителите на дејноста во градинките, продолжуваме со инвестирање во детската заштита  

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешното гостување во утринската програма на Телевизија 24, зборуваше и за состојбите во градинките кои се поврзани со енергетската криза како и платите во градинките.

Повеќе

05.10.2022

Тренчевска за ТВ 24: Граѓаните да бидат спокојни пари ќе има и за исплата на пензии и за плати

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска гостуваше во Телевизија 24, каде зборуваше на неколку теми кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе

05.10.2022

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2022 година.

Повеќе

04.10.2022

Тренчевска: Преку дијалог можеме да најдеме флексибилни решенија кои секогаш се во корист на работниците

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со Амбасадорот на Австрија, Д-р Георг Вуцас и претставници на текстилната компанија „Текспорт“.

На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочува текстилната индустрија во насока на исполнување на предвидениот план за работа, потребата од прекувремена работа поради недостатокот на работници кои се квалификувани и заинтересирани да се вклучат во производствена дејност.

Повеќе

03.10.2022

Тренчевска: Дневниот центар за деца со попреченост во Липково ја потврдува успешноста на социјалната реформа 

Министерката  за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи, го посети специјализираниот центар за дневен престој на деца со попреченост, лоциран во населеното место Оризаре.

По приближно една година од добивањето на дозволата за вршење дејност од областа на социјалната заштита, во овој современ специјализиран Дневен центар на дневно ниво престојуваат 14 деца, а истиот има капацитет од 38 деца со попреченост од повеќе населени места во општината Липково. Воспоставувањето на оваа социјална услуга и работата на овој Дневен центар се дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги што го имплементира Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска банка.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }