27.02.2024

Повик за учество во изборот за доделување на Национална награда на компанија со најдобро имплементиран систем за БЗР - 2024

Почитувани,

Националниот совет за безбедност и здравје при работа на Република Северна Македонија, со поддршка од Министерството за труд и социјална политика и оваа година организира Избор за доделување на Национална награда на компанија со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа.

Во прилог се:  

***Крајниот рок за пријавување на компаниите е 10 април 2024 година.

Наградата и оваа година ќе се додели во три категории:

  • мали компании      (до 50 вработени)
  • средни компании   (до 250 вработени)  и
  • големи компании   (над 250 вработени)

Согласно утврдената процедура, изборот ќе биде направен од страна на независна комисија составена од експерти во областа (стручни лица за безбедност при работа и лекари-специјалисти по медицина на трудот).

Пополнетите апликации, треба да се достават до определениот рок на следните e-mail адреси:

jasmina.chaloska@mf.edu.mk       и

ddocinski@mtsp.gov.mk

Компаниите се охрабруваат да достават и конкретен пример на добра пракса во областа на БЗР имплементиран во рамки на компанијата во текот на оваа или на изминатите 2 години (2022-2023) – согласно точката 21 од Барањето за аплицирање. Ве информираме дека позитивните примери на добра пракса ќе бидат дополнително разгледувани и бодувани при евалуацијата, т.е. оценувањето на пријавените компании.

Планирано е свеченото доделување на годишните награди да се одржи во рамки на одбележувањето на „Европската недела за безбедност и здравје при работа“, во октомври оваа година.

Со почит,

Национален совет за БЗР,

МТСП

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }