(25.10.2021) Европска недела за БЗР (25-29 октомври 2021 година)

Во периодот од 25 до 29 октомври 2021 година се одбележува Европската недела за безбедност и здравје при работа, која е посветена, пред сè на подигнување на свеста кај јавноста и кај сите засегнати чинители за важноста и бенефитите од воспоставувањето и имплементацијата на ефикасни системи, политики и мерки за заштита и зачувување на здравјето и безбедноста на работниците на работните места. Подигнување на свеста за важноста на активното и партиципативно управување со безбедноста и здравјето на работното место.

Во текот на оваа недела, ширум Европа се организираат различни настани, како семинари, прес конференции, презентации, промотивни настани, обуки и сл., кои се посветени на актуелни теми и прашања од областа на БЗР. Поради состојбите поврзани со пандемијата на COVID-19, и оваа година дел од нив се одржуваат on-line и поинаку од вообичаената и востановена пракса.  Во одбележувањето се вклучува и Република Северна Македонија, преку организирање на различни настани од страна на повеќе субјекти во областа на БЗР.

Во фокусот на Европската недела за БЗР се наоѓа тековната Кампања за здрави работни места „Олеснете го товарот“, која се координира и спроведува од страна на Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA) во периодот од 2020 до 2022 година.   

 

Темата на оваа двегодишна Кампања во областа на БЗР која се реализира во сите земји-членки на Европската унија и земјите кандидати за членство, e превенцијата и управувањето со мускулно-скелетните нарушувања (МСН) поврзани со работата, како еден од најзастапените здравствени проблеми кои се јавуваат кај работниците во Европа, а се директно поврзани со работата и работните места.



Повеќе информации:

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }