Повик за учество во изборот за доделување на Национална награда на компанија со најдобра пракса за БЗР - 2021
Почитувани,
Националниот совет за безбедност и здравје при работа на Република Северна Македонија, со поддршка од Министерството за труд и социјална политика, и оваа година организира Избор за доделување на Национална награда на компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа.
Во прилог се и:
• Барањето за аплицирање
• формат/template на powerpoint презентација која треба да се достави заедно со апликацијата,
• Процедурата за избор и доделување на Националната награда, подготвена и усвоена од страна на Советот за БЗР.
Крајниот рок за пријавување на компаниите е 20 март 2021 година
Наградата и оваа година ќе се додели во три категории:
- мали компании (до 50 вработени)
- средни компании (до 250 вработени) и
- големи компании (над 250 вработени)
Согласно утврдената процедура, изборот ќе биде направен од страна на независна комисија составена од експерти во областа (стручни лица за безбедност при работа и лекари-специјалисти по медицина на трудот).
Пополнетите апликации, заедно со кратка powerpoint презентација (максимум 8-10 слајдови) која ќе даде генерален приказ (л. карта) на компанијата и имплементираните системи/мерки/политики за БЗР, треба да се достават до определениот рок на следните e-mail адреси:
jasmina.chaloska@mf.edu.mk и
ddocinski@mtsp.gov.mk
Доколку дозволуваат условите, свеченото доделување на годишните награди ќе се одржи во рамки на одбележувањето на „Светскиот ден за безбедност и здравје при работа 28 април“.
Со почит,
Национален совет за БЗР