Додаток за домување 

Правото на додаток за домување се обезбедува на материјално и станбено необезбедени лица. Материјално необезбедено лице e:

- корисник на гарантирана минимална помош и 

- лице кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и без родителска грижа, односно и по престанување на старателството, а најмногу до 26 годишна возраст. 

Начинот на остварување на правото на додаток за домување за корисници на гарантирана минимална помош ги определува советот на општината, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, а за лице кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и без родителска грижа, образецот на барањето, потребната документација и начинот на остварување на правото на додаток за домување ги пропишува министерот. Средствата за остварување на правото на додаток за домување се обезбедуваат од буџетот на општината, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, односно од Буџетот на Република Северна Македонија. Средствата за остварување на правото на додаток за домување може да се обезбедат и преку донации, кредити и слично.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }