А
-
Агент-е лице кое врши работи на маркетинг на пензиски фондови.
-
Агенција - Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (скратено: МАПАС) која го регулира и супервизира задолжителното и доброволното капитално финансирано пензиско осигурување (види МАПАС www.mapas.gov.mk)
-
Актуар-е стручно лице обучено за математика, статистика, веројатност и финансии кое поседува аналитички и деловни вештини и кои ги применува во анализа на финансиска неизвесност и ризици за комплексни финансиски системи.
-
Актуарски проекции-се предвидување на финансиските импликации врз работењето, а врз основа на анализа на минати настани, оценка на тековен ризик и моделирање што може да се случи во иднина.
-
Ануитет-е вид на исплата на пензија или пензиски надоместок кој се исплатува месечно од друштво за осигурување на корисникот на пензија или од него определен корисник. Ануитетот може да биде: доживотен, варијабилен, заеднички, непосреден, одложен, ануитет со гарантиран и без гарантиран период, привремен, поединечен, фискен ануитет.
|
|