Центар за ран детски развој 
 
Дејноста која се врши во рамки на згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст може да се остварува и во центар за ран детски развој. Јавен центар за ран детски развој на општината и општината во градот Скопје се основа од страна на советот на општината и советот на општината во градот Скопје, односно од Владата, по претходно прибавено мислење од Министерството односно на предлог на Министерството.  Центар за ран детски развој во приватна сопственост може да се основа од домашно правно или физичко лице  или  од странско правно или физичко лица со седиште односно место на живеење во земјите-членки на Европската Унија и ОЕЦД .

Одобрение за основање на приватен центар за ран детски развој го дава Владата по претходно мислење на министерството, доколку се исполнети условите предвидени со Законот за заштита на децата.

  • Кон барањето за добивање одобрение за основање на приватна установа за деца  (центар за ран детски развој)  се поднесува елаборат за потребите од ваков вид на установа и документација за потребните услови  (обезбедени соодветни просторни услови, опрема и дидактички средства, согласно со пропишаните стандарди и нормативи за вршење на дејноста; донесени програми за вршење на дејноста;обезбедени соодветни и стручни и други работници, согласно со пропишаните стандарди и нормативи за вршење на дејноста и дали се обезбедени потребни финансиски средства). 

    (Основачот со елаборатот за основање на установата го определува видот и обемот на дејноста, просторните услови, опремата, потребниот број стручни кадри, програмата за вршење на дејноста и јазикот на кој се изведуваат активностите од програмата, начин на обезбедување на средства за вршење на дејноста, заштита при работа на вработените и заштитата на корисниците на јавната услуга).
  • По добивање на Барањето министерот формира комисија која врши  непосреден увид во исполнетоста на условите за давање одобрение за основање и изготвува  записник од истиот.
  • Одобрението за основање на приватна установа за деца го дава Владата по претходно мислење на Министерството за труд и социјална политика, доколку се исполнети условите предвидени во Законот за заштита на децата (обезбедени соодветни просторни услови, опрема и дидактички средства, согласно со пропишаните стандарди и нормативи за вршење на дејноста; донесени програми за вршење на дејноста;обезбедени соодветни и стручни и други работници, согласно со пропишаните стандарди и нормативи за вршење на дејноста и дали се обезбедени потребни финансиски средства) и доколку програмите ги исполнуваат стандардите и нормативите  за вршење на дејноста.
    (Со одлуката на Владата за давање одобрение за основање на приватна установа се утврдува:  видот на дејноста за која се основа установата; потребниот кадар, опрема, простор, според стандарди и нормативи за вршење на дејноста;   планиран број на опфат на деца; програма за вршење на дејноста;  јазикот на кој се изведуваат активностите содржани во програмата и почеток со работа на приватната установа)
  • По добивањето на Одлуката за давање одобрение за основање на приватна установа за деца –детска градинка, Министерството за труд и социјална политика ја доставува истата до основачот со известување за начинот (постапката) на добивање решение за вршење на дејноста.
  • Основачот до Министерството  за труд и социјална политика доставува барање за добивање на решение за вршење на дејноста , за отпочнување со работа на установата.

 Центарот за ран детски развој има статут со кој се пропишуваат неговата организација, начин на работа, управување и раководење .

Со барањето за добивање на решение за вршење на дејноста основачот на центарот за ран детски  развој донесува акт за основање.

Со актот за основање особено се утврдува:

1) назив, односно име на основачот;

2) назив, односно име на фирмата на установата и седиште на установата за деца;

3) видот на дејноста на установата за деца;

4) средства за основање и почеток со работа на установата за деца и начин на обезбедување на средства;

5) време за кое установата се основа ;

6) права и обврски на основачот во поглед на вршењето на дејноста и меѓусебни права и обврски на установата за деца и основачот;

7) управување со установата за деца;

8) права и обврски на установата за деца во правниот промет;

9) вршител на должноста директор и

10) рок за донесување на статутот.  

 Средствата за основање и работа на центарот за ран детски развој ги обезбедува основачот.

Центар за ран детски развој спроведува Програма за ранo учење и развој на деца од предучилишна возраст од три до шест години, односно до поаѓање во основно училиште.

Центарот за ран детски развој според времетраењето остварува скратени програми во траење до три часа дневно со флексибилно работно време според потребите на родителите и заедницата.

Кога во местото на живеење нема јавен центар за ран детски развој, а родителите имаат интерес за вклучување во центар за ран детски развој на одреден број деца, според кои во согласност со нормативите и стандардите за вршење на дејноста може да се формира една група, јавниот центар за ран детски развој од најблиската општина одделни услуги од својата дејност по претходно добиена согласност од Министерството може да ги организира во други просторни услови. Постапката за отварање на група во други просторни услови јавниот центар за ран детски развој ја поведува по барање на  основачот и општината во која нема центар за ран детски развој.

Кога во јавен центар за ран детски развој нема слободни места, а родителите имаат интерес за вклучување во центар за ран детски развој на одреден број деца, според кои во согласност со нормативите и стандардите за вршење на дејноста може да се формира една група, јавниот центар за ран детски развој одделни услуги од својата дејност може да организира во други просторни услови по претходно добиена согласност од Министерството.

Работата во центарот за ран детски развој се организира  во  хетерогени групи со број на деца во група од 10 до 20 деца.

Доколку во групата се опфатени деца на возраст од 3 до 4 години максималниот број на деца е 15 деца во група, а доколку  во групата има деца со посебни потреби, но не повеќе од две деца во група,  максималниот број на деца е 12 деца во група.

По исклучок, во зависност од условите за работа, потребата на децата и родителите или програмите за остварување на дејноста, приватнниот центар за ран детски развој  може да има помал број на деца од бројот на деца погоре утврден, за што согласност дава основачот на установата. 

Во центар за ран детски развој активностите се изведуваат на македонски јазик и кирилско писмо.

За децата на припадниците на другите заедници воспитните-образовните активности во центрите за ран детски развој се изведуваат на јазикот на соодветната  заедница, за група деца, согласно со одредбите од овој закон. 

Доколку постои интерес за изведување на активности и на други јазици, воспитните образовните активности во центрите за ран детски развој може да се изведуваат за група деца согласно со одредбите од овој закон.

Основачот на центарот за ран детски развој не може да ја прошири или промени дејноста за која е основана, без претходно одобрение од Владата.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }